Поради намалени протоци мораше царски бидејќи е ризик за бебето природно. Мене не ме чекаше многу, не му се ризикуваше на докторот па се породив 36+5. Се помина одлично бебче се роди со највисоки оцени. Не му се секирај, ќе си процени докторот кога треба и кога е најбезбедно за пораѓај, ти сега терај си прегледи и уживај си
Денес нешто осеќам некои благи болки во вагината и околу анусот, како скокоткање се повеќе или како кога имам притисок од хемороидите, 12+2 сум, немам некои други болки и овие не се страшни ама прв пат ги осеќам. Знам дека можат да се јават во втор семестар ама се замислив дека е уште рано, нормално е?
Дали, може да ми кажеш што треба да пишува на потврдата од матичен, треба да се јавам за да ми ја издадат ама не знам што треба да пишува. Фала.
Потврда за апликација на клексан. Матичниот гинеколог ќе ти го побара извештајот и фискалните да види дали се софпаѓаат и на кој временски период се однесуваат. Од ивештајот си прави копија и ти издава потврда дека клексанот е аплициран во неговата ординација од тој до тој датум...
На вчерашниот резултат имав иста вредност на леукоцити како и бактерии. Д-р не ми спомна да направам уринокултура, само ми препорача да ги пијам UROLYT, капсули на природна база.
Матичниов мој кога ќе добие резултати ми се јавува само ако има потреба за терапија или дополнителни иследувања, испитувања. Штом не ми се јави изглеа смета дека е во ред. Ама јас од понеделник сепак планирам да си направам и уринокултура.
Ако си се миела претходно и чашката била стерилна, според резултатот треба уринокултура. Ако не, измиј се, измочај се во тегла, ако е бистра мокрачата во ред е, ако не, треба уринокултура.
@mace89 И мене ми е ексик веќе ама, скоро сум 39 недела за некој ден, 3 дена ги прекинав клексаните и се качија димерите на 7300, така да и кога ке престанете да примате, проверете за 3-4 дена, мене ми беа цело време околу 3000 максимум 4000, бев настината може и ковид да беше иако бев негативна на тест. Да не ве плашам ама проверете. И мене ме води Јани и плус двајца гинеколози, а у меѓувреме со уште 10 се консултирам и џабе. Ме интересираа само ваши искуства а еве го моево како пример да бидете претпазливи. Инаку од завчера пак почнав да примам по консултација со докториве и ке примам до крај, со оглед на тоа што сакам природно и сум прворотка сметаат дека ке има време да се прекинат пред пораѓај, у секој случај подобро да се примаат и да сме заштитени отколку да се прекинат.
И да направиш ке ти биде негативна. Овие авицена забегаа и они. Последни 4 пати правам и уринокултури и се негативни а стои +/ ++ во бактерии. Може и помал внес на течности да даде ваков резултат. Ама направи за секој случај.
Задолжително е миење/туширање пред давање примерок за урина/уринокултура. Потоа се испушта првиот млаз, па се зема примерок од средниот млаз.
И како мислиш дека ќе издржиш на работа со толку неспиење,знам како е и во првата бременост и сега си патам од несоници и навистина тешко се функционира така... За на работа- никому не му е гајле за твоето здравје и твоето семејство толку како на тебе самата, ќе увидиш со тек на време... И тоа е променлива категорија, децата се засекогаш и најбитни!
Знам, ама толку ми се мокреше сабајлето, цела ноќ не бев станата. Само се избришав, првиот млаз го испуштив па потоа оставив урина.
Јас работев од дома, но поради истата причина морав да земам боледување и да прекинам со работа. Си мислев до пред некое време дека ќе почнам пак со работа, почетокот многу тешко го поднесов дека треба да лежам по цел ден дома и ништо да не правам, но како поминува времето се нешто се случува и нема опција да се вратам, зошто како што рече и ти цело време нешто е итно, состаноци, седење пред лаптоп и нема да можам да го издржам темпото. Остани си на боледување и гледај да си најдеш нешто, да се занимаваш, ма да тешко е, ништо не држи внимание и само глупости се вртат низ глава. Јас до пред една недела не ни осеќав бремена дека сум, ништо не ме болеше, но сега ми натежнаа бебињата и сум со болки, од пусти страв пак трчкање по доктори и како и да вртиш враќање на работа и нормала нема да биде во скоро време. Не останува ништо друго освен да се помириме и навикнеме.
Е па затоа покажува бактерии, леукоцити. Постапи како што опишала @Iris-1234, во проѕирен сад, тегла на пример. Ќе видиш и сама дали е бистра или матна, па ќе постапиш соодветно.
Здраво феминки, дали можеби имате инфо или некоја од вас има серклаж...дали после зафатот, задолжително треба лежење? Се работи за превентивен. Фала Ви однапред
И јас имав високи ддимери(6500 беа) поради прекин на терапија од 2-3 дена кога имав крварење, терапијата ми беше сменета и сеуште ја примам од сабајле клексан 0,6 и навечер 0,4. Дури за 2 недели се спуштија на 5500 и сега после месец дена се 3500. Искрено страв ме фаќа за прекинување, постои голем ризик по нас.Јас исто ќе се консултирам за оваа работа.
И кај мене исто, на сите последни анализи имам ++ бактерии во урина, направив уринокултура, се беше чисто, а докториве викаат дека е од недоволен внес на вода. И тоа е точно, не пијам ни литро на ден, и тоа со сила сега.
Крварењето беше поради промена на терапија или случајно? 10 доктори да прашаш сите ќе имаат различно мислење, на крај ми викаат како мислиш така. Да бев јас стручна во таа област ке одлучев ама вака сите си избегнуваат одговорност. Како и да е, да се надеваме на најдоброто ни останува