Јас имав крварење во 16 недела ама не можеа да ми кажат точно, дали некој хематом или од постелка нешто, од страв да не дојде до поголемо крварење јас ја прекинав терапијата на 2-3 дена и погрешив, но не бев тогаш во можност да се консултирам со трансфузиолог. Како и да е ддимерите рипнаа многу а времињата среќа беа добри. Моментално сум кај Герасимова во Ремедика, она ме води, бев претходно кај Јани, на следна контрола ќе ја прашам кога и дали треба да прекинам. Докторката е доста комуникативна па очекувам да ми даде правилна терапија и да стои позади тоа, јас на своја рака не би сакала ништо да правам. Како што кажа за тоа и се консултираме со нив, но кога видов колку беа покачени повеќе страв ме фати. Само да е се’ добро, мора да се најде решение за нас, консултација гинеколог- трансфузиолог.
Јас сум со мутации и клексани, ми рекоа и трансфузиолог и гениколог да се боцкам до ден пред пораѓај. Е сега тоа што сум со голем ризик за предвремено породување е друга работа. Како да знам јас кога ќе се пораѓам?
И јас идам кај Герасимова ок ми се виде жената. Инаку гениколозите кога се однесува не терапијата со клексани се оградуваат од далеку. Ми викаат слушај си трансфузиолог. И за Аспирин исто ми кажаа.Герсимова ме советуваше да прекинам Аспирин во 28ма недела. Гледам некои до 30та го пиеле. На мисла ми е.Ке правам контрола наредна недела. Се надевам све е ок.
Јас и аспиринот го прекинав во 16 недела од крварењето, после тоа ниту гинеколозите ниту Герасимова не ми го продолжија иако и она ми кажа дека не ми е од терапијата, наместо аспирин ми вклучи клексан два пати и сега за сега погодена е терапијата. Гинеколозите се оградуваат ептен за терапијата со клексани, но јас мислам и да ти го прекине аспиринот пак треба контрола да се направи. Бидејќи сум во Ремедика на прегледи мене ми се поврзани докторките Петрова и Герасимова, за породување уште не сум на мисла каде ќе одам, но секако пак треба иста релација да се воспостави.
Дали некој знае што значат плусевите во мокрачата и овие другиве параметри што се намалени? Дур да добијам одговор од докторката..
Кетоните се материи во распаѓање и може да се показател дека си била дехидрирана. Другото не знам што е.
Ми објасни сега докторката. Кетоните се дека сум била или ослабена или не сум внесувала доволно калорична храна периодов. А тоа ВТЦ дека имам голема количина на витамин ц во организмот и дека вишокот се исфрла преку мокрачата. Другиве деградациони биле добри, вика очекувано е они да се намалени во бременост. Супер си е крвната слика рече, да не се секирам.
Нај прво извини, не те читам/ пратам! Дали гинеколог што ќе те пораѓа ти кажа да ги прекинеш клексаните или матичен гинеколог? Има разлика! Мене матичен и трансфузиолог ми кажаа исто ко на тебе, исто со сите можни мутации сум. НО, докторот што ме породи ми кажа од 33+ недела да ги прекинам, така и направив (башка близначка бременост) а матичен гинеколог дека нема но до 31 да издржам така да не се води по се што ќе ти кажат ако нешто плус те интересира слободно пиши ми
Мое мислење е да си седиш дома и да си најдеш некоја занимација, никој нема да те награди и да ти каже браво посветен работник си. Како што ќе растеш ќе ти биде се потешко и да се движииш и да седиш. Одмарај дома , спремај се за бебињата има време кога ќе работиш.
Еве мене тој што ке ме пораѓа ми рече до ден пред пораѓај, исто и трансфузиолог. Матичниот беше на став до 38 недела. И се тоа разбирам, од една страна ако не се примаат ризикот од создавање на тромбови е поголем а од друга страна ако се примаат ризикот од крварење е поголем. Така да ова е меч со две острици.
Изгледа само ми требаше поддршка и да престанам да се чувствувам бескорисно. Си останувам дома. Фала ви.
36та ми е одлично. Со ќерка ми така се породив и супер пројдовме. Се плашам за многу порано да не е, тек сум 30та. Фала ти најнајмногу на искуството и на поддршката! Секое добро
Со син ми и мене на кај 30 недела почнаа да ми се намалуваат па ете истерав до 9 месец. Ќе биде се добро, не се грижи