Има некоја будна мама? Со сецкање спиењево ексик веќе. Едвај се вртам од вчера шо се внесов во чистење, сега мускул ме затега над препонот, па ме разбуди некоја потреба, дали за вода, како потреба за воздух, па перница ставив уште една на повисоко, па нервоза ме пука шо спијам вака измешано. Носов ко затнат, низ уста дишам - ми пресуши грло, лапнав фишерман. Сега прам задреми, спушти моб, сети се дека сум задремала и ококори се. А шо убаво ќе беше да сврзев бар 6 сати. Сега сме сменети со син ми: тој спие ко голем цела ноќ, јас ко бебе на секој час се будам. Ај некоја друга нек се јави во бирово за поплаки.
Еве дежурам до вц на секој саат и пол,после трето станување нема шанси да презаспијам, ем имам болки во грлото и се чудам што смее да се користи... Красно ангал ме решаваше за два дена порано,сега ќе се мачам.... Давајте совет за дозволени пастили и спрејови за болка во грло,освен исла мус тие ги знам...
Ајдее се збираме полека Шо ќе прајме утре цел ден се чудам Гранџи, за грлото јас ги знам Пантенол, сигурно ги знајш, ама можда не се многу ефикасни. Или пак една крпа мека со ракија натопена да си ставиш околу врат и да се седиш. И топли чајчиња со мед. Јас некогаш и жив лук гризам ако осетам некои симптоми на настинка или гребење во грло. Сега и милина, уште да си
Мекици ми се јадат, и така кога станав у 5 барем да направам, маж да се израдува. Отидов да месам, ако некоја се породи у меѓувреме (сега ми текна одамна никој не се породил, немаме ново бебе) кај мене на мекици, јас частам
И мене ме води Јани, ми кажа до крај на бременоста да примам клексани. Но доколку сакам да се породам со епидурал на или спинална анестезија треба да ги прекинам 36 часа пред анестезијата. Доколку нема поминато 36 часа да не користам таков вид на анестезија.
Здраво, правев тест во средата а и бета и покажа дека сум бремена матичниот ми кажа да пијам фолна и да ставам утрогестан... др ништо не ми кажа. Дали смеам на своја рака да земам Фемибион 1 или да почекам до 10.10 сум на преглед?
Утро! Јас си легнав во 2 и во 7 нормално ме разбуди бешиката. Ќути и порано што не ме разбуди на таа вода што ја испив на свадба. Леле од кај ми беше енергијата на свадбата човече, скокање ко никад, играње... Па почнаа Бракстончиња на среде играње, па седни, па пак стани, и така едно 4-5 пати. Интересно. Како се понашате на свадби, играте или си седите цело време? Јас многу убаво се чувствував и си играв цело време, баш ми беше забавно. Си викам сине седи мирен, немој да ти текнало некои егзибиции да правиш, ваљда се ќе биде добро. До 19 имам да веслам уште 2 недели и кусур до преглед. Убав ден мешиња, јас денес би требало да завршам со мајстори и да почнеме со чистење, бришење, па да се сместиме во новите сопчиња, ама спиење таму тек утре, пошто кречење денес и уште ќе испарува тоа, мокро ќе биде. Синко превозбуден за новата соба, а тато уште повеќе, ќе му била таа канцеларија уствари на него, нек си мисли. Ако сака канцеларија ќе ја дели со моите цвеќиња и со мене за моите хобија, па деци да одат во иста соба. Ама засега ќе си седи синко тука, бар дур порасне, другата соба далеку ми е.
Па да ама муабетот е од кај знаеме кога ке се породиме. Инаку во одредени случаи даваат и епидурална и спинална иако нема толку време поминато. Мене ми кажа 24часа, а на извештај 36 пишува. И тука читав искуства давале анестезија и со 7-8 часа поминати само. Не знам веќе, исчитав стручна литература еден куп, искуства, случаи... И на крај се е индивидуално, кај нас протокол нема. И така не можам да мислам веќе, освен да се надевам дека се ке биде во ред.
Добро утро. Два дена ненаспана. Вчера киселини ме уништија, дремев во полулежечка положба. Згора на се некоја машина се вклучуваше исклучуваше сред ноќ некаде во комшии, и во тишината звучеше како да ќе полета авион. Да не кажам хрчењето на маж. Згора на се на работа хаос - крај на месец. Ама ај си реков ќе се отспијам ноќеска. Ама нормално планот ретко се остварува, па јас имав работа до касно. Таман легнав дете побара да дојде во спална. И се ќе беше супер ако си спиеше мирно. За жал он нешто вознемитен клоцаше цело време со нозете. Мислев готово се разболе. Мерам тт нема, го прашувам да не го боли нешто, ама не. На крај после 4 саати мачење, му текна дека ми се кака. Се искака и нормално се му помина, ама реши и дека е време за станување . За среќа мм го превзема, па јас дремнав уште саат/два. Сега он на час јас да шмркнам кафе на раат и да присоберам сила за гости. Инаку киселини си почнаа на најјако, бебе преактивно клоца на сите страни. Незнам по колку пати во тек на ден менува позиција, само се надевам на крај ќе се намести како што треба @Doktor F лако би каснала и јас топла мекица, ама кој не се снаоѓа во кујна ќе си чека друг да направи. За сега ќе се задоволам со топла тарана. Имајте убав викенд и гушкајте се по дома на дождливово време.
Да ве прашам, имате чувство на сувост во уста наутро? Дали од непиење вода цела вечер, од шо да е мисла ми е... Не дека ми е секој ден така, ама онакво чувство откако ќе јадеш слива и ко собрана устата. Ај плиз хелп
Дигам два прста за неспијачите. Исклучив нет синоќа демек да не се расонувам. Будење на секој саат ипол за во вц, врти се лево десно де кук боли де кичма боли. Па уште комарец фалеше, во 3 сабајле се трчкав со него. Ама се навикнав веќе, луксуз се вечерите кога сврзувам 5-6 саати сон. Ќе издржиме
Па мислам дека е нормално. Мене ми се дешава и да станам среде ноќ да пијам вода, уствари скоро на секое мочање пијам и вода зошто ем ми е сува, ем осеќам некоја жештина и се освежувам. А за неспиење, пих, у 2 легнав, пред 7 кукурек бев. Оваа бременост пијам многу чаеви, знам дека со чаевите имаше некои нејаснотии, има ли нешто да избегнувам? Сег пијам камилица, а омилен ми е слива, цимет на работа, ѓумбир, брусница и такви слични, секој ден си пијам. А дома најчесто пијам планински и мајчина, еве сега не знам што ми текна камилица.
Јас многу сакам чаеви посебно периодов и баш ја прашував докторката, ми рече "нормални" чаеви, нане, камилица, планински, овошни, слободно. Да не пијам руски, зелен, црн, хибискус, такви чаеви.
Ти ми си најрелевантна за овие симптоми, дека сега скоро праеше испитување за скриен шеќер Значи и ти имаш така? Дури имам чувство ко јазиков отрнат. А бе вчера јадев луук, затоа можда ми е така. Е убо ми текна. Со неспиењево сите сме крш, ќе бидне подобро, надежно Од тие шо ги наброја, можиш сите, умерено, да не претеруваш и со нив.
Да си се пожалам и јас, така полесно ми е .Мене ми се враќаат симптомите од прво тромесечие, гадење од сабајле и повраќање. Ништо неможам во уста да ставам + киселини + ненаспаност и хроничен умор + денеска и главоболка цело сабајле.Кажете чаре за главоболка?Се напив в 6, магнезиум и вит ц и повратив све. На кафе не помислувам ми се гади. Еве се обидувам чај од нане и двопек да не ме пече желудник празен. Одвај чекам значи да поминат уште месец и пол два , да се породам и да почнам да функционирам нормално,ми се смачи више