500 за прогрстерон депо? Мене во Ремедика за прогестерон депо 80 денари ми наплаќаа. Ако си купам ампула од аптека сама (иста е цената околу 80денари) и одам у поликлиника локална да ме боцнат, не ми зимаат ништо. А за ехо кај матичен ми наплатија, еднаш бев само, и се помислив да спомнам ама секако не планирам таму прегледи да правам решив приватно да терам, па си преќутев. А колку што знам јас не треба да се наплаќаат. Мене на Гак не ми земаа пари кога одев за извештаи, на трансфузиологија за димери и хемостаза исто и за крвни слики не сум плаќала до сега.
Не треба да наплаќаат ама наплаќаат повеќето. Мојава матична 300 наплаќа ехо. А инекцијата си ја купувам нели јас ама не ми наплаќаат за боцкање.
Девојки здраво. И вечерва тешко да се спие иако се осеќам веќе многу уморно. Денес цел ден некако имам болки, секој ден се поинтензивни. Се обидувам да останам активна, пешачам секој ден, ама веќе е тешко ептен, скали едвај качувам,а сакам до последно да сум активна и ради д димериве да не се улежувам и онака. На цтг бев вчера, бебе си спие стандард насабајле, сестрата демек го буди , ми го ремети стомаков, и викам џабе сестро не го будиш, ноќна птица е ова, како мене . Два пати правев и пред ехо и после ехо. Второто подобро од првово. Вагинално никој уште не ме прегледал,не дека сакам ама си викам замисли 5 прста отворена . Стартувам 39 недела, термин ми се ближи, чувства измешани. Болкиве не знам како да ги рачунам, некогаш се баш јаки, нит магнезиум веќе не помага. Иначе на регулар цтг насабајле кога прават у Чаир не регистрира контракции, само пулс а навечер некогаш кога одам на тоа и контракции покажува. Пред околу недела имав и ми вика докторот болки имаш, јас ништо, а контракции до 90/100. И така си терам еве ама сега осеќам и се болни. Ехо беше уредно, протоци исто, бебе големко 3800, се зачудив, фраксипарин примам по два пати и му викам седи бебе да паднат малку димерите . Искрено веќе сакам да се породам, како ке терам уште и сама не знам, ама ајде, се да биде добро само, ме маваат некои црни мисли. Верувам сите сме исти. Кажете некој лек за спиење, ако постои . Поправена сум иначе 15-16 кила, а вака не изгледам за толку или ме лажат ама само стомак мислам дека сум. Денес ме маваше бебе у ребра ке умрев. Едвај поспав саат време у дневна. Вечер у детска си легнувам, таму е потврд душекот па може ке поспијам. Следна контрола понеделник димери, вторник цтг и ехо ако дочекам. Одам да легнам, кома сум иако знам ке буљам пак у телефон сма ајде. Добра ноќ.
9 месеци ништо не ми наплатиле а ги замарам некогаш максимално у смисла почести прегледи, ехо, упати за ваму-таму и слично. Повеќето наплаќаат и да спомнеш не верувам дека ке има фајде ама јас не би оставила така.
Здраво девојки. 34та недела сум, осеќам нешто налик менструални болки. Бебето е веќе во положба, спремно да чека термин. Се уредно на преглед, дури уште е стомакот многу високо поставен, па ме чудат болките дали се нормални? Ме фаќа дури некој страв од предвремено породување. Имала ли некоја слично искуство?
Јас нон стоп имам болки... Не сум репер, инаку најголеми болки имав кога ми открија бактерија во урина, примив доза антибиотик и се смири,а никако не можев да разграничам дали ме боли матката... Бев 4 пати на цтг,уште од 7ми, се беше мирно... (Инаку цело време уринарен статус беше ок, немаше индикации за бактерија,самоиницијативно направив уринокултура) Ако ти е мисла отиди на едно цтг, ама генерално за пораѓај треба да се ритмички,во интервали... Константна болка која трае не мора да значи дека е заради породување, може да е од положбата на бебето, од бешиката како кај мене, па и од опстипација...
Кажете кои се тие ? Јас се убив од пари давање, за кај матичната,за на приватно плус, нели толку се способни па мора второ мислење. За витамини клексани, инекции да не збориме..
Добар ден мамички Јас од денес полна 37 недела, и за добредојде не спиев цела вечер, кај и да се свртам после некое време ми се укочува местото Све е испрано, испеглано, болничката торбичка спремна Се чека само докторот да ми закаже термин пошто секако ќе мора царски кај мене Психички се припремам за самиот чин, болките после царски, неспиење со бебко, но најмногу ми е мака како ќе се раздвојам од син ми на неколку денаОн уште цица има 16 месеци но ќе видиме како ќе биде се, Господ ќе ни помогме Друго што се нервирам е што мојот доктор што ќе ме пораѓа не прави ехо прегледи само ЦТГ така да ме фаќа нервоза неколку недели не сум го видела бебче а на ЦТГ идам два пати неделно. Се мислам да појдам кај матичната да ми направи она едно ехо чисто да знам колку пораснало бебче ама незнам дали ќе сака да ме прими зашто ми кажа после 36 да си одам таму кај што ќе ме пораѓаат. Вас ви прават ли ехо во 9 месец? Имајте убав ден мамички, галете ги мешковците
Да. Јас одам во Чаир и тоа им е стандардна постапка, прво одиш на Цтг па после си чекаш ред за преглед и Ехо.
Добро утро у 12 ипол Конечно се наспав, до 10 ипол сум спиела, станав само еднаш и тоа у некој полусон за до тоалет и пак кома. До душекот ќе да е а божем за спална кога биравме ваков да биде, со вакви влакна, со ваква мемори пена, со нокти од фламинга и пак џабе. Пуштив машина јер денес ефтина струја (една штедаџика што сум, маж ме убива од зезање). У сити мол има попусти на се, роденден, испоштував и тоа, а демек отидов по козметика бебешка, у Зегин се е на попуст, мене конкретно Веледа ми требаше да докупам млеко за тело, уште тоа ми фалеше, 25% има попуст, и на се друго и бебешки колекции и се. И муабетот ми беше демек да заштедам отидов и изнакупив и триста други ствари, ама што, денес недела ке си штедам на ефтина струја, ручек, машини и тоа се рачуна. Смути испиено, сега на ред кафенце, си запалив и свеќа, медитирам Убав ден да имате
Ау одлично што пиша за Зегин. Мене ме интересира на Виолета дали ја има некој пробано козметиката, ми личи ко за бебе идеална. М? Морам и за големото бебе да купам некој крем, му се суши кожата. Никад не е мачкан, сега на 6ипол години му смени кожата.