Здраво ако прашањево не е за тука слободно нека ме упати за во која тема да го поставам Конкретно ме интресира дали некој има искуство со гестациската кеса да е помала за неделата што одговара во рана бременост во 8 недела Патем, добив бледо розево крварење денес бев кај матичната и не ми кажа ништо по конктретно бебето е во ред има уредна срцева но гестациската кеса е помала што може да прави проблем ми даде утрогестан на 12ч сабалје орално навечер вагинално прегледот траеше 3мин. Се осеќам како да не ми даде доволно инфо. Што ,како, зашто ризик, не ризик не знам.. било што Не знам што да мислам, секаков совет/искуство би ми било ок... <3
Ок пишан збор не може да се долови вистинската поента на миабетот. Сепак се дообјасни дека не мислеше ништо лошо. А за Јани не го фаворизираме, бар не јас, само едноставно нема друг доктор што воопшто се замара со трудници. Дури и Елена што на фалеа за проблематика со трудници се повлече, а другите не сакаат ни да те погледнат, а камо ли мислење да ти дадат. Тоа е тоа наше жално здравство, а богами не секој може да си дозволи да купува клексани 9 месеци, а без извештај од државен трансфузиолог се е џабе.
Јас реков, не сум упатена во процедурата, знам дека во Струмица се стручни и тука мојата упатеност завршува. А дали има еден или повеќе не знам, јас добив рефундирање и со извештај од 8ми септември пред 6ипол години, ставав клексани 1м и ми рефундираа пари. Ми ги препиша исто трансфузиолог од 8ми. Имав тромбофлибит од многу стручни сестри во Санте и огромна хигиена. Јас одам на прегледи само кај матичниот, немам потреба од второ мислење, едино за скринингот за срцето ама и тоа од што вие ме ставивте во мисла овде со муабетите иначе и на тоа немаше да одам. И се е фала богу досега во ред. Али дефинитивно, мојата бременост и вашите со триста маки не се исти, нажалост. Јас некогаш си мислам како би издржала и финансиски и емотивно да морам на 2-3 места да одам на прегледи секој месец, еве искрено кажувам. Тоа Систина ги обогативме со скрининзи само, јас еве не сум била досега и не би можела да си приуштам.
За ова ми е многу мака, што јас сум во ситуација кај што на ГАК ми оспоруваат мислење од Јани за клексани. Јани дополнително мислење одбива да ми даде зошто им забранија на трансфузиологија да се бават со трудници. И единствено решение ми е со резултати од димери и хемостаза да се консултирам со трансфузиолог на приватно, и да се надевам дека ќе ми прифатат негово мислење на ГАК ако ми ги продолжи клексаните. Колку и да си ситуиран со сите трошоци на приватно за прегледи, пораѓај, скрининзи, работи што треба за бебе да се купат и згора на се и 7500 за клексани месечно е стварно претеризам. Во Европски приватни болници поефтино поминуваат
Затоа цело време се обидуваме да се објасниме дека мора да сме умерени во мислењата. Прво сите имаме различни искуства, а второ не сите можат да си дозволат приватно здравство. И не не е дека нема квалитетни на ГАК, само што таму нема ред и на кого како ќе му се погоди. Јас лани ова време кога спремав документи за ваучер имав закажано за 2д/4д на ГАК и се супер поминав, арно ама не можеа да ми дадат извештај, зошто заборавив дека за во фонд ги интересира состојба на матка после овулација, а јас бев после циклус. И докторката ми рече дојди со истиот упат за 2 недели за са ме видат пак. Ама јас поштена викам ај да не правам проблем, си земав навремњно нов упат за истата работа. Е арно ама вториот пат наидов на за жал неписмена сестра која ме убедуваше дека не може да ми дадат извештај зошто ми требало да повторам хсг, нешто што е апсурдно и никаде не го пишува во правилник. И на крај после пола саат карање, излегов без документи(упатот не сакаше да ми го даде) и се обратив дирекно со стариот упат каде што бев првиот пат. И нормално завршив работа. Во европа без пари им ги даваат. Ама ние многу богати па ќе се молиме за рефундација и на тоа нешто што ни го даваат.
Mene mi dade ginekologot pred 2-3 nedeli charcoal no plus simethicone zaradi gasovi i poduvanost a znam samo jaglen e za diarea; sepak prasaj si doktorot
Незнам дали ти текнува пред извесно време дебатиравме за цената на клексанот? Овој месец многу помалку ми ги процениле и бев да прашам зошто. Објаснување: цената на клексанот ја одредувале регистер на лекови и таа варирала на месечно ниво за инфо и цена имале на веб страната. Мислиш ова берза е па цената ја менуваат на месечно ниво за рефундирање, а во аптека ја купуваме за истата цена. И ја прашав таа:што треба да следам кога да ги поднесам документите? Ми вика немораш, цената не расте само паѓа....
Може да е и некоја примарна инфекција. Направи си уринокултура обавезно. За брисеви не знам, мислам дека е убаво да си направиш. Ако не и веруваш на докторката оди на второ мислење. И јас сум 32ра и уште е карлично свртено. Мислам дека би требало да ги почувствуваме кога ке се свртат со глава, ако се свртат. Ако не тоа е, што е. Само живи и здрави да се родат.
Ај уште еднаш да пробам, матичен лекар во околина Лисиче, Аеродром од кој сте задоволни? Или насочете ме во соодветна тема, јас не најдов.
Помалку ќе ти исплатат. И мене претходниот месец помалку ми стасаа, а во фондот истото објаснување ми го дадоа. 500-600ден помалку рефундираат, а си дал исто пари во аптека и носиме сметкопотврди и фискални, а зошто не ми е јасно, кога они рефундираат по нивни цени, а не по тоа колку имаш дадено за 30 клексани.