Ништо нема да ти се случи од еднаш, но консултирај го лекарот за да каже што смееш во оваа ситуација. Мене ми кажаа само пастили Pantenol за грло.
Nekoja mamicka so e vo 33+ nedela, dali e normalno bebeto kako porano da ne se osekja vo dvizenjata tuku samo nekoj ostri dvizenja i potoa da e mirno? Dali e toa deka sega pokje rasti i nema mesto za mn mn dvizenje kako porano?
Тоа е повеќе од јасно. Кај нас од недоверба во здравството секој сам свој доктор стана. А за одредени специфични проблематики и навистина не се доволно стручни докторите па сами профилакса препишуваат терапија. Само што сето тоа е на штета на сите кои имаат реален проблем. Пак се враќаме како и секогаш дека проблемот е многу поголем од препишани клексани или направено испитување што може и не е неопходно.
@Lavender13 а што ептен да е зорт? Па и еден спонтан е зорт. Да не можеш да останеш трудна е зорт. Итн… Сите испитуваат од мака, не од што им текнало ајде , па ќе се боцкам после. Благодарение на нив, имам две дечиња.
Пумпата ми беше најискористен предмет во првата недела. Ми надојде млеко и градите ми беа камен. Бебе немаше сила да цица, значи нема празнење. 24 часа на пумпа бев. Благодарение на неа и жешка вода, едвај и грутките ги средив. Сега ја немам допрено. Сакам да кажам, ќе ти се најде.
Секако дека има пацинети кои мораат да примат, тука нема дилема. Работата е што кај нас секоја втора трудница е на клексан. Повеќето како профилакса. А бременоста сама по себе е тромбофилична состојба.
Колку пати сум прочитала ми даде клексани за да сум покриена. Или прогестерон за да сум покриена. И антибиотик даваат за да си покриен. И царски си бираш ако сакаш. Се има, ама доктор кој ке каже така и така под камен да го бараш.
Јас кога испитував со првото поради калцификати и лакуни на постелката ми беа некаде 1700 (не памтам точно ама тука некаде беа) и од трансфузиологија доктор ми рече дека не треба да примам, дека дури и до 3000 се толерирале во таа недела, па ако отидат натака тогаш се дава терапија. Може дури и да го чувам тој резултат, баш ќе видам дома. И тој период кога бев бремена пред 8г, поретко имаше трудници кои примаат клексани, а сега се повеќе..
Како се справувате со мигрена во бременост? Јас си имам од многу одамна мигрени ама си пиев лекарства ко ке ме фатеше,сега несмеам ништо. Од синоќа ме фати и еве уште ме држи незнам што да правам веќе,многу боли и лошо ми е
И јас ја минам веќе 33 недела.Движењата ми се поразлични од претходно понамалени кога ги имам како да ми го поместуваат цел стомак.
Девојки , знаете планирав да се породам во Ремедика. Меѓутоа нешто плановите ни се расипуваат . Кажете ми искуства со Клиника и со Чаир. Дали се плака нешто. Дали треба на тој доктор што ке го најдам да му платам ,и ако да ,колку? Дали се добри итн....плис зашто стварно ова не го планирав и незнам кај да терам...
На Клиника и во Чаир не се плаќа ништо,од 36та недела прегледите ти се таму и кај докторот кај што ќе се пораѓаш.
Не се плаќа ништо конкретно во болниците, е сега за да ти дојде доктор не знам, негде читав дека бараат 200-300 евра ама не знам дали важи за сите доктори истото. Јас имам досега преубаво искуство за прегледи и скрининзи со Ана Данева од ГАК и од сите слушнав само позитивни искуства за неа за пораѓај. Познаничка пред месец денес се породи на ГАК, кај друга докторка, си се имаше договорено со докторката ама ништо не плати, на крај нормално ја почасти докторката по своја волја.
Како што знам одиш на преглед кај еден доктор а се пораѓа кај тој што ќе ти се падне на смена. Секако ако не е договорен царски. Ова за гак и чаир. Јас така знам или грешам?
Аха. А Санте? Или дефинитивно не.? Мене реално не ми е страв и Клиника да е, ама сепак би сакала да имам барем доктор што би бил до мене
Девојки ми треба искуство со природен пораѓај кога бебето е свртено со лице према стомак или стручно окципитално постериорна позиција ( нормално е со лице према грб) ? Дали некоја била во ваква ситуација, вежби нешто да помогнало во вртење, каков пораѓај имала...? Секој совет ми е добредојден. Пс: еве и слика за положбата