Ете како што кажаа други членки, многу трудници кај нас примаат клексани за секој случај. Најверојатно да бев МК и јас веќе ќе бев почната на таа терапија, тука ем имам предиспозиции, ем нема никаква терапија. Поинаков пристап.
Не знам кој праша пред неколку страници, за да го тагнам, за Медела од тие силиконските за гради за цицање има 3 величини S,M,L Величината не се однесува за големината на градата. Јас имам мнооогу големи гради и користев М.
Како некој што поминал царски државно, можам да кажам дека приватно вреди секој денар. Многу комплексна работа е, опоравањето иде поспоро во болница и е потребен похуман третман
Кој ти рече дека не смее ништо? Консултирај се со невролог. Јас патам од мигрена долги години во прво тромесечие мигрената ми беше многу поболна од претходно. Не се трпеше завршував на дежурен. Мене ми дозволија да пијам апчиња. Нормално доктор треба да ти одобри.
Бев и ја денес ми дозволи да си пијам аналгин или беналгин ко ке неможам да издржам. Среќа па не ме фаќа често еве последен пат на 28август имав и тек денес. Се надевам ке си остане поретко да имам.
Не би рекла дека ќе беше задолжително на терапија, како ќе ти се погоди Кај нас зависи од докторот, не баш од системот. Претходните пати кога се обидувавме да забременам, докторите ми даваа клексани "да бидам покриена". Си ги плаќав приватно, па муабетот беше штом добиеш позитивен тест трансфузиолог ќе ти ги дава и ќе рефундираш. Дотаму не стигнав, завршував со биохемиски. Сега оваа бременост ми е со ивф, никој не ми спомнал ништо. Правев кариотип претходно, беше ок, а сега кога правев испитувања на трансфузиологија, ддимерите ми беа покачени, времињата скратени ама пак ништо не ми дадоа, дури тој др таму не ме ни погледна, според него "се тоа било нормално". Истото го забележав и со тироидна, имав покачено тсх, никој не ми даде терапија, а гледам примаат трудници и со многу подобри резултати од мене. И сега си викам добро е, верувај на доктори, не кревај паника од тоа што ќе прочиташ на нет, ама пак копка, а веќе смачено ми е од "оди на петнаесто мислење". Зависиме од докторите и за жал не секогаш ни ја погодуваат дијагнозата и терапијата, само да се надеваме на добар крај. Се извинувам за ова надолго нашироко, само сакав да доловам различни искуства.
Opv bo - околу плодова вода, без особености. SA+ - сакус + Postelka b.o - постелка без особености Cervikometrija - должината на цервикс.
Ако сакате приватно може и Плодност Битола. Цените мислам дека се многу пониски, да се јавите да прашате.
Царски љубави. На колега жена му беше така за 15 минути ја спремија салата. 10 прсти беше отворена. За вежби не знам.
Да Јас два пати имам лежено на гак, еднаш за операција втор пат царски. Моето искуство е позитивно. Имав доктор за операцијата договорено и истиот и ме породи, но ниту една сестра не познавав а стварно поминав супер . Сега секакви искуства има не знам ете моето е позитивно. Јас не се мислев искрено да идам на приватно затоа што од операцијата имав супер искуство ама ете и за породување поминав како што треба.
На горна граница си. Консултирај ендокринолог, за почеток мислам дека ќе ти дадат диета, па ќе го следите пак.
Јас се породив така. Кај мене се сврте во таа положба во 36-37недела, пробував со вежби да го свртам назад како што си беше правилно но не ми успеа.
Мене цело прво тромесечие ми се активираше мигрената. Околу 15та недела ми исчезна мигрената. Ти посакувам и ти да си ја истераш бременоста раат без мигренозни болки.