Јас појма немам каква ми е ситуацијата со контракции и грлото. Минатата недела бев на преглед немаше ништо. Во петок сум и се надевам ќе ме задржат веќе. Денес сум на депилација да се средам, петок одам спремна. Сакам да раѓам веќе!
Хахахаха, јас во рок од две недели бев два пати на депилација, па ти види дали ми се раѓа . И мене прв пат вчера ме прегледаа вагинално. Се чудеа за контракциите ама си викам сигурно нема неотворена дома да се породам, поарно да си одам, не сум спремна и сестрата се смее. Вика не ги осеќаш контракцииве, викам не , онака само, не јаки . Тебе плус термин ти е сега нели, 7ми ако не се лажам? Ајде само се да биде како што треба
Хахаха ти ептен спремно, а бебе си ужива во мешко Мене ме гледаа вагинално минатата недела, не бев воопшто отворена. Исплашена со контракциите уште од 7ми месец дека ќе се породам порано, сега абер нема ни контракции на цтг ни омекнато грло Да во петок ми е термин, а толку бев сигурна дека нема да го дочекам
Ако најдеш врски ке ти е топ секаде. Јас со јаки врски бев третирана перфектно. Ке најдеш мислења и на државно дека ги искасапиле, ги третирале нечовечки итн, ке најдеш и дека во Систина Ремедика доживеале хорор (на форум сите се задоволни од таму и има расправии дека таму работат богови а не луѓе). Јас лично во Санте никогаш не би. А по тоа што слушнав од блиски жени ни во Ремедика/ Систина. Се мислев за приватно ама матични плус приватно многу ми излегуваше.
Од труднички лудила, дадов 50ден за 3 смокви на пазар, ич не беа вкусни ама ми беа ептен по ќеиф. И од сите јабуки купив по 1. А во здрава храна ананас и дињи суви. А тргнав по варен геврек. Синоќа многу се изнервирав, ама многу, викав дома, урлав, лупав и бебе се вознемири ептен во стомак, дека вообичаено е мирен божем ама ајде, синко беше заспан за да го смири па си легнав до него и го прибрав до мене и ова будалово се смири бе. Боже која е таа врска помеѓу братчињава, уште од сега еј. Мачорчиња. Инаку приметив зголемен исцедок, нешто што со синко го немав, нема мирис, нема боја, односно ако не сменам веш од сабајле до вечер бар еднаш, навечер веќе ко да осеќам некој мирис ама тоа во оваа бременост ми е ептен изразено, осеќам мириси и кај што нема. Знам дека е вообичаено да има секрет втората половина на бременоста, ама пак да се консултирам со вас. Чешање, печење, нелагодност никаква.
Мамички бев на преглед. ЦТГ мирно, исцедокот ми кажа докторот дека е најверојатно од вагиналниот преглед, не ми даде прогестерон инекција, рече ако почне процесот тоа е. Има ли некоја мамичка искуство со ваков кафен исцедок, треба ли да мирувам да не направам плус проблем дека и грлото е омекнато ама затворено. А нема слуз само како трага од постара крв, сега кога дојдов дома пак имав малце
Девојки бев на преглед си прашав за висок пулс во бременост над 100 ми е деновиве ми рече нормално било се толерирало дури и повеќе од 120 исто така прашав за лажните контракции и тие биле нормални освен ако не се почести на пола сат на еден сат ако убаво разбрав ако се ретки нормални биле, прашав и за испитување на д-димери и хемостаза кај мене немало индикации за да го правам тоа испитување плодова вода и протоци во ред, бебе одговара на мерки само два дена е поназад и незнам дали да испитувам самоиницијативно што мислите вие дали да испитувам д-димери, скриен шеќер сама решив тоа ќе го испитам уплав имам од шеќер мојот сопруг само се лути се на своја рака што испитувам и бебе е карлично свртено рано е можи ќе се сврти 26+5 сум денес, но некое претчуство имам дека нема да се сврти убаво му е со глава на горе, плацентата ми е на заден ѕид ама многу не го осеќам не ми е многу активно тоа ме плаши или па мирно си е бебето.
Здраво девојки.. кажете нешто што да се напијам многу се растревожив од еден другар почина татко му.. Матичната не ми крева нешто.. иначе сум 29 недела..
Па јас мислам штом ти се сите мерки точни штом си одговара бебето со неделите дека нема потреба да испитуваш уште сега ддимери и хемостаза а скриен шекер испитај си барем јас така мислам сепак нека кажат и другите мислење
Мене матичната ми имаше кажано дијазепам дека е дозволен кај трудници. Јас еднаш во многу стресна ситуација се напив.
Што значат намалени лимфоцити? 15.9 се со реф. вредности од 25 до 40. Ако нешто значи, хемоглобинот 12.5 со реф. вредности од 12 до 15. Другото се е во нормала.
Една од труднициве рече имала термини и во Промедика, прашај, исконсултирај се со неа и отворено кажи и дека си спремна да платиш да те породи. Оти да не.