Стопанска банка АД Битола имаа опција кредит за породување во Систина. Не знам кои се условите и дали уште функционира, распрашај се.
Има да, во еуролинк јави се имаа понуди, јас прашував во Во Еуролинк имаа таква понуда јави си се за сигурно, јас во јули прашував.
Само да ви го пренесам моето искуство може на некоја од вас ќе помогне. Пишував за болките во желудник. Веќе 2 дена не пијам магнезиум, читав нешто на нет дека може да се од него и викам ај да пробам. Вчера и денес никакви болки во желудник. Може да е случајност или тоа што немам запек 2 дена или што повеќе пазам на храна. Ама ете да пробате ако ја имате и вие истата мака
Мајка ми исто имаше многу проблем со желудникот и со повраќање кога интензивно пиеше магнезиум, може вистина да предизивка иритација не само кај бремени.
И мене не ми се веруваше кога прочитав, ама ете можно е. Веројатно секој организам не го прифаќа исто
Ана. За Зоран немам убав збор да кажам. Тука и во групи на фб го изнафалија, ама треба јаки врски и паричка. Дури и сестра што работи таму пред 3-4 дена ми кажа дека му паѓа рејтингот. После мене, другарка со врски дојде до него, исто беше шокирана од тоа колку не се замара, лабав онака.
Не ми се верува колку навлагаме во детали. Како раѓале порано се прашувам? И пак ништо не им фалело. Си викам ние сме размазени или времињата дојдоа страшни па немаме доверба во никого...незнам ама пред многу тешка одлука сум...8 месеци планирав едно сега излезе друго. Некам да искача дека сум скржава ама стварно луѓе прескапо е по приватниве...и на 100 ума сум..нека не чува господ тоа е
И јас се распрашувам. И би сакала кај неа. Само не знам како оди. Ако некој има искуство за неа за пораѓај нека пише.
Распрашај се убаво, дали цела сума ја покриваат. Со еуролинк можеш да направиш полиса и 2 недели пред пораѓај, со тоа што-зависно кој пакет ќе го одбереш од тоа ќе ти зависи колку години ќе плаќаш. Малце доаѓа исто како кредит, само што тука си покриена 2-3 години со осигурување.
Од муабети што сум слушала, се договараш со неа за цена и плаќаш кога си на прегледи во промедика. Пораѓајот ќе си е на ГАК. Цена околу 300€
Јас лично Ана сакам да ја договорам, ќе видам дали ќе успеам. @Misskirova ако дознаеш утре нешто за цена, пиши ни.
What? Па ако треба кај неа да платам 300/400 евра , онда ке зеам кредит и ке платам у Ремедика мислам аман више...
Од 300 до 2000 има разлика Мислам дека сегде е така ако сакаш докторот да ти дојде од дома на сред ноќ на пример. Е сега дали се точни муабетиве, не знам... Инаку, за Чаир негде низ темава имав читано дека тарифата е таа ако сакаш докторот да ти дојде во било кое време.