Не, не сме размазени нит нежни Немаме доверба и затоа има страв, избегаа се доктори сестри во странство и по приватни болници, здравството ни е политика, работаат со партиски книшки голем број а немаат два дена школо завршено, со платени дипломи И затоа се нема доверба, има искличоци секаде, и секоја им чест, само да останат подолго кај што се, ништо др не треба И да, приватните се прескапи за жа, тоа е... Он топик, вчера имав некоја сокрвица, завршив на преглед кај Кипроска во One hospital кај нас, немав каде Ама пријатно се изненадив од неа фина, пријатна, смирена жена, секоја чест, како ме смири а јас заминав пребледена, со тресење со се, па и ме изгишка на испраќање од вчера вечер дефинитивно завршив и со чистење и со кревање и со се после влезена во петти месец и сокрвицата Др раб, имам киселини од сега, што ќе биде ова до крај не знам Бебе претка, посебно на кафе и благо лдило го фаќа Едвај чекам скринингот сега, да си го видам пак Одмарајте се мешиња, кај сите со лесно се да е
Ова е типична корупција и заради вакви работи после идат по затвори докторите па крив им е некој. Имаат огромни плати плус се и професори примања од сите страни. Баш ради овие глупости одлучив да одам во приватна болница поскапо е, ќе си платам поштено ако можам да си дозволам ама не им давам мито под рака Така се заучуваат и после ги дерат пациентите, каква држава сме плаќаме за здравство секој месец и еден нормален третман за пораѓај неможеме да си оствариме …
Мене ми е интересно што тука јавно се зборува и се сугерира на подмитување... Се посочува име и презиме на доктор па дури и цена и шема како се зимаат? Дајте избришете ги мислењата или редактирајте, ова како клевета личи.... А инаку јавна тајна е за жал,во мојот град и помала тарифа е...
Мислам дека не функционира така. Ако те примат а ти си договорена со конкретен доктор, ќе те остават да си го чекаш докторот. Освен ако си отворена ептен и мора одма да те породат или итно мора царски. Другарка ја одбра Гордана во Систина, во сред ноќ ја фатија болки, отиде и си ја чекаше до сабајлето за да и стави провокација и породи. Во принцип те следат и кога ќе си при крај, ќе те примат на патолошка и ќе чекаат да почнат болки. Е тогаш, додека ти е на смена докторот ќе ти стави провокација за да те породи дур му заврши смената
со спекулум (металното некогаш и пластично ) потребни се добри примероци за правилна детекција бар така беше со првата бременост
Има на еуро линк здравје јас ќе правам такво има повеќе пакети и добри поволности и е за цело семејство исто има и на кроација мислам ама на еуро линк се подобри
Здраво девојки, бремена сум 8 месец со моето прво дете и имам страв за пораѓајот и после пораѓај. Живеам во странство со мојот сопруг сами и би сакала да споделите дали сами сте постигнале се. Мојот сопруг ќе ми помага се низ дома и на почетокот ќе доаѓа бабица дома. Се договоривме да немаме гости првиот месец дена поради корона, настинки и моето и на бебето закрепнување, јас имам прележано 2 пати па затоа се плашам доста. Мајка ми има 2 недели одмор ама неможе да ги земе она кога сака, мене терминот ми е на 30.11 на неа и е одморот од 28.11 и сакала да биде дома за нивната слава во декември. Јас пошто незнам кога ќе се породам и реков да не брза со резервирање карти затоа што не сакам никој околу мене пред да породам и мислев кога ќе се породам да дојде после неколку дена, кога би излегла од болница. Јас можам да се породам и она кога ќе си отиде. Се чувствувам малку себично, не знам дали е од хормоните. Најубаво се осеќам сама моментално со сопругот. Незнам дали правам грешка сите од околу ми зборат како е добро да имаш некој постар кога ќе се породиш, ама мене ми е џабе ако она неможе да дојде кога мене ми треба.
Не, мене Елма Абдула ме пораѓаше и дојде во 5 сабајле. Ако плаќам и се договорам, затоа плаќам нели, треба да дојде, иначе нема да и дадам пари ако не дојде. Тоа е.
Поентата на цел муабет не беше да се заучат докторите и да се плати. Ако одиш било каде ќе те породат докторите што се на смена. Е сега тука зборуваме за доаѓање конкретно на докторот што ти го сакаш и кога сакаш, па ако треба и на сред ноќ. Е сега, секако не треба да е тоа на црно туку државата треба да го регулира и да можеш да си платиш и на државно ако имаш одреден доктор за истиот да ти дојде во било кое време. Реално и на приватно кај што ќе платиш куп пари нема да ти дојде доктор кога ќе посакаш. На другарка ми, Гордана во Систина не и дојде во викенд, и кажа да издржи до понеделник а оваа со болки и веќе отворена, а претходно и кажуваше бајки дека ќе дојде во било кое време да не се грижи и да си е скроз опуштена.
И јас бев договорена со Елма, некаде накај 3 ме примија, ама ја чекаа до 8 да си дојде на работа. Од 3 до сабајлето до 6 додека да дојде сестрата (откако и се јавив дека имам болки, патем ја разбудив од спиење) никој не дојде ниту еднаш.
Одговорот мој исто така беше насочен повеќе за државниве доктори. Пријателка 2 дена си лежеше и со го чекаше докторот од чаир да дојде од пат да ја породи. Никој не и ни сугерирал да и стаи провокација, да не ја мачи дополнително, пошо нели, договорена со доктор, па као чекај си го, ќе те среди он. Малце се и суетни докторите, ако им кажеш дека си договорена со некого конкретно. Не знам што е подобро за во државните, дали да се договара доктор или не.
Зависи од докторот. Во Ремедика на пример, Симонида лани мене ми дојде за киретажа од дома. Знам дека доаѓаше и на други за пораѓај иако не беше на смена, и тука пишуваа за тоа.