јас да си прашам, од кога се оди на цтг? јас ја терам 33 недела, 32 + 3 со близнаци, инвитро, и не сум била на цтг досега, ми рекоа да дочекам барем 35-36недела, па после може да размислуваме за царски, најдобро било околу 37-38 . Е сега затоа што не сум од Скопје изгледа царскиот ќе биде со општа анестезија, незнам дали ставаат спинална тука... инаку денес си купив и влошки само со газа, 2 пакуванја, мислам ке ми стигнат, и освен што почесто ми се оди во вц, на 2-3 часа, и што буквлно ми скока стомахот кога се преместуваат бебинјата, немам никакви ни симптоми, ни болки, а никогаш не сум имала ниту менструални болки, па страв ме фака... последнава недела кога ке ги претиснам градите имам како капка прозирна течност, тоа најверојатно е колострум уште еднаш честитки на новите мајки, и со лесно на оние кои брзо ке се породат
Подобро и да немаш болки ни симптоми. Рано ти е уште мила, без оглед што носиш близначиња... Вообичаено од 36та недела, од влегувањето во 9тиот месец да бидеш следена на цтг. Немаш простор за страв мила. Само ужувај додека немаш болки никакви... Колострумот кај некого побрзо, кај некого подоцна изледува... Ми се чини кај тебе на време е...
Да, пијам мг, наутро и навечер по 250 мг. Тоа се 500 мг, кога бев многу зафатена и во движење пиев и три на ден, отприлика на 8 саати. Ама што е најтрагично, кога повеќе одмарам тогаш се повеќе укочувам, седнам па едвај станам од болки во грбот. Плус матична ми кажа дека го носам прениско ова бебе, и ми кажа дека нема шанси да се качи, ама јас точно знам кога ми е ниско долу и тоа кога подолго сум на нозе, ама тоа е. Перница под газот, одмарам, па малку се качи, еве како сега, папокот ќе ми го растргне Дури мислам дека и појасот за трудници ми помага многу. Дефинитивно се од движење такви ко менструални болки, ама дека не траат долго, ги толерирам се уште. Во секој случај, здравје, во понеделник сум на контрола па ќе видам до кај сме. Се надевам се е во ред. Во оваа бременост воопшто не пиев мултивитамини за трудници, се уште земам само магнезиум и фолна, ама секој месец пред контрола проверувам крвна слика и урина. Досега ми била супер, денес сум нешто посебно изморена и поспана, ќе треба утре, задутре пак крвна слика, можеби ми е железото намалено од што се овака осеќам. Ќе видиме. А да, последни неколку дена и гадењата ми се вратија. Не се неиздржливи, туку само тоа чувство на мачнина и гадење.
Колешката моја со иста состојба како ти (ивф и близнаци) на цтг од 8ми ја ставија во ремедика. Она баш ги прашала дека е рано, ама за близнаци и рекле не е бидејки секигаш има индикација за порано.
Џабе е желбата кога немам услови ај само нека биде се како што треба се надевам догодина ова време ќе сум со стомаче.
Ништо чудно не ти се случува! Се е нормално... а за гадењето... ти препорачувам да јадиш банана наутро и да пиеш бедоксин. И ќе биде се во ред на прегледот!
Девојки, на работа имав контакт со гинеколог акушер од Филип Втори, Др. Илиев. Има некој искуство кај него и воопшто на Филип Втори. Неможам да најдам породување колку чини таму. Знаете отприлика?
Прв пат слушам дека во Фили Втори има за породување, не сум знаела, а Д-р.Илиев беше најпрво во ГАК, и јас искрено немам баш убаво мислење за него, бидејќи имав една неубава соработка со него, но тој тогаш во ГАК беше оперативец, т.е на операции и требаше мајка ми да се оперира и тој требаше да ја оперира но првиот пат нешто се искомплицира и едвај жената спаси глава и кога требаше да биде втората операција тој два дена пред операција се откажа и ја остави докторката друга сама да оперира, па фала му на Бога се се заврши во најдобар ред. Тоа е чисто мое искуство со него, а за неговата стручност па и немам нешто посебно слушнато, доколку зборуваме за истиот доктор Илиев од Гак, а не сум знаела дека сега е во Филип Втори и дека и таму има одделение за пораѓај
Незнам дали има одделение за пораѓај, јас си претпоставив дека има. Ама бидејќи на интернет страната не најдов податок, изгледа си во право, нема.
Да не си грешка? Филип втори е кардиохирургија, немаат оддел гинекологија. Да не си смешала можеби со св. Лазар?
Имам визитка од човекот, пишува Гинекологија и акушерство, Урогинекологија, Филип Втори. Може имаат по некој доктор и од таа област
Ме фаќаат грчеви во нозете и мали болки во стомакот. Гинекологот ми рече пров да прилегнам 5 мин и ако не ми поминуваат, ќе ми даде да пијам магнезиум. Завчера бев на преглед, а грчевиве ми се засилија отпосле. Прашањето ми е, магнезиум мора таа да ми препише или бидејќи се витамини нема штета да ги земам на своја рака?? Кога почнавте вие да пиете магнезиум и од кој производител би ми ги препорачале?
Zdravo trudnici. Sakam da ve prasam za farbanje sto pravite, se farbate li? Jas sum 12 nedela i ne mozam vekje da se gledam so crn koren, denes kupiv edba farba vez amonijak i obicno ja preporacuvat za trudnici ama ne znam sto da pravam da se farbam ili? Daj kazete iskustva, ste se farbale li vie vo bremenOst? So kakva farba?
Јас се фарбав сите три бремености, со Гарниер Олио без амонијак што е, ете здрави прави на толкави деца родив. Порано поради киселините не се препорачуваше да се фарба, тие беа и сеуште се штетни да се вдишуваат, избегавај одење на фризер некои сеуште користат такви киселини инаку во домашни услови со фарби без амонијак слободно фарбај се воопшто не се штетни за бебушот. Патем честитки за бременоста со лесно и со убаво да ти помине.
Јас сакав да се шатирам, ама чекав да поминат првите 3 месеци, сега сум 14 недела, па ќе си појдам на фризер и ќе се улепшам. Го прашував матичниот гинеколог дали е толку штетно, ми се изнасмеа. Значи слободно прај си што сакаш. Повеќе мислам ќе ти биде проблем мирисот ако ти се лоши.
Јас се фарбав со истите фарби со кои се фарбав пред да останам бремена-со амонијак. Ја прашував матичната за ова, кога дознав дека сум бремена, рече дека е безбедно, се додека не ми пречи мирисот. И сестра ми се фарбаше кога беше бремена со двете деца. Сите деца се живи здрави прави, ништо не им е Ако ептен ти е шубе, исфарбај се еднаш со некоја приближно на твојата нијанса да не одиш со подникнат корен. Сепак си е твоја лична одлука, како ти ќе се чувствуваш Честито и со лесно нека ти е
затоа и прашувам, и јас сум правена ивф во Ремедика, последен пат бев на детален скрининг во 28 недела кај др Петрова, и ми рече да одам повторно во 33 нед на последен преглед, ама таа од денес до 1 мај е на одмор... а за цтг ништо не ми спомна, сега планирам да си закажам породувањје со царски на државна, не во Ремедика, не и во Скопје, во мојот град околу 36 -7 недела, се надевам дотогаш ке издржат внатре А за фарбанјето јас дека сум плава си се фарбам нормално, со фарба со амонјак и на фризер, не ептен често, ама еднаш на 40 дена, и ништо не ми е, мислам дека не дозволуваат поради јакиот мирис на фарбата, не поради друго... Сега пред породуванје планирам и некој прамен да извадам, за 2 месеци да сум мирна.. и да сакам ке немам време за фризер
Честитки за сите мамички, да ви се здрави, живи бебенцата, а на сите останати со лесно! Сакав да ве прашам за витамини, дали се добри пре мама дуо? Од шеста недела до сега- скоро 10, земав само фолна и магнезиум. Сега не знам кои да ги почнам, матичниот ми ги препорача тие, а нема многу информации на нет само дека се на алкалоид.