Некои матични даваат упат за проверка, некои не. Можеш и да си прашаш и сама да побараш упат ако сакаш и ако ти е на мисла.
Ги имав зачувано од некоја членка затоа што и јас се интересирав ама се откажав затоа што некако не знам дали сум доволно храбра да возам новороденче 180км. Јави се провери си дали уште важат овие цени, доста е поевтино отколку во Ск.
Тоа зависи од докторот. Обично не доаѓаат, кој се падне на смена тој те пораѓа. Другарка кога се пораѓала во Чаир, докторката била на поаѓање и завршувала смената и не сакала да ја породи, а она и ја водела бременоста. Не сум проверила, не ни знам какво испитување е тоа. Сигурно по индиција само се прави.
Да ,вака се океј цените. Ама како коа ке ме фатат болки од Скопје до Битола ке се вози...не ми е баш тој цел процес јасен
Е не знам тоа... Освен да изнајмиш стан и таму да си некое време унапред, секако и на цтг треба да одиш да те следат.
Јас правев и сега и во првата бременост. Мојот матичен го дава обавезно со првите брисеви и ова да се испита иако според мене ова би требало пред бременост, зошто тие вируси за кои е ова испитување се потенцијално лоши за плодот. Торч не е само за токсоплазма и токсоплазма не се фаќа само од измет на мачки туку и од не добро измиено овошје/зеленчук. Инаку испитува и рубеола, херпес симплекс, цитомегаловирус - моментална инфекција и игг (антитела) Јас со вакви симптоми како што кажуваш корона прележав. Како и да е тоа е нема бегањр од вируси особено есенва. Се додека нема превисока температура мислам бебе е заштитено. Лошо е што сме ограничени со терапии, па јас тие ужасни болки само со магнезиум и парацетамол можев да ги ублажувам. За среќа кај мене само 2 дена траеа симптомите.
Оф леле знам како е потполно. Нека ти дојде што покасно да одмориш малку од нејзе. Конечно после три дена ми пројде сама од себе. Се надевам нема да ме фаќа веќе..
Даа во Германија сме, он и одмор има еден месец и јас баш сакав сами да сме, вака ако дојде мајка ми дали ќе се породам тогаш па она ако е после и свекрва ми ќе сака... а немам нерви да ми се мешаат. Се надевам нема да ми се лути никој
Димери се океј, времиња не знам. Првото е скратено. Може ке ти кажат само да следиш, кај мене беше така, секој месец ги проверував.
Примам веќе клексан еден на ден од 0.4. Котларова само ми кажа продолжуваме со терапијата со клексани, а за кај Јани за ноември чекам термини да пуштат па да си ја пробам среќата. Се надевам доволна е терапијата што ја примам.
Мене кога ми беа малце скратени Јани ми рече дека доволна е терапијата и дека наодот е сосема нормален така да мислам немаш простор за грижа.
И јас сум со терапија клексан+аспирин и времињата цело време ми се под долна граница и таа е терапијата. Ако се скратуваат дополнително може ќе појачаат.