Зошто првото скратено долна граница е 9.8 а кај неа е 10.5 сите времиња и се добри јас испитуван декој месец и секогаш ми се биле вака докторот вика супер се сите времиња
Блиска даде 300 евра на др. од ГАК за стрикно она да ја пораѓа, и болки почнуваат на полноќ, иде накај ГАК и врти и она и кажува неможе кога тебе ќе ти текне, ќе си чекаш до утре. ( предходно биле договорени за било кое време дека ќе дојде)
Не само за Чаир и за клиника е исто. Ако некој доаѓа од дома го плаќаш, цената е таа од 200-300 евра и секако има разлика до 2500 евра. За жал ама така е.
Не е работата само докторот да биде во ред. Кај е после грижата од сестри, болничарки? Или треба на секоја од нив по 200-300 евра да им се даде за да те погледнат. Реално после пораѓај доктор освен на визита што доаѓа немаш никаков контакт со него. Многу е важна и грижата после пораѓај, а со чест на исклучоци сите знаеме каква е во државните болници.
Ова би било скроз ок и фер, ако не веруваш на било кој имаш опција плати и ти доаѓа докторот, нешто слично како приправност, само вака легално и со многу попристапна цена од приватно. Во некои понормални држави ова е веројатно секојдневие.
Да, така и мислев и веројатно ако го воведат тоа ќе се фаворизираат само одредени доктори и може тоа ќе е мотив и другите да се надоградуваат да се што подобри за да бидат барани. Тарифата верувам дека е таа за цела Македонија. И не важи ова само за гинеколозите.
Точно дека е важна грижата после пораѓај и на државно е како ќе ти се погоди ама од друга страна ова што се случува со приватните е апсолутен грабеж. Ете на пример сите се крстеа во Жан Митрев ама на крај излезе на виделина што се случувало зад затворени врати така што жално е што во нашата држава не можеш да имаш доверба ни во државно ни во приватно.
Денес бев на цтг и ехо докторот ми кажа дека бебето тежи околу 2300г(37+4),се загрижив не е некако мало?Јас сум се родила 2800,маж ми 2900 и двајцата сме по ситни
Потполно се согласувам. Ама мислам дека кафе и бонбоњера ке завршат работа. И баба ми знаеше дека кај доктор не се оди со празни раце, уште во тоа време, за сега ич да не збориме. Да не бидам погрешно сфатена, не го оправдувам ова ама за жал е така. Пре би издвоила 300 евра за 2-3 дена отколку 2300 за да добијам третман на кралица, мада и во приватните не е хотел. Како и да е здравството ни е до толку катастрофално што не би оставила на случајност, доколку можам да одвојам средства за малку од малку почовечки однос и третман.
Малку ли плаќаме цел живот придонеси за здравствено осигурување па да ги частиме 200-300 евра, бонбоњери и кафиња. Ама не се криви они, од народот се така научени, гледаш уште од кое време.. Од нас зимаат плата и ненаситни се, ја злоупотребуваат маката на човекот. Еден пример ќе кажам. Татко ми требаше во државна да го оперира окото, го примија и наводно спремаа за утредента да го оперираат, за да на крај носејќи го накај сала му кажат дека "ласерот се расипал". На крај од човекот што му беше цимер во соба разбра дека тоа им било начин да бараат мито. Нели е срамота, операцијата беше итна, постоеше ризик да го изгуби видот целосно. Среќа што татко ми имаше можност да се оперира во Систина, човекот што беше со него немал ни за мито и после месец дена се слушнаа и уште не беше опериран. Каде е тука хуманоста, нели заклетва полагаат. Долга е темава, камо среќа здравството да ни беше нормално и никој да не требаше да дава такви сум на приватно.
Девојки бев кај Данева. Како докторка е вака океј на прв поглед ,ми делува смирена. За пораѓај ништо конкретно не ми кажа , освен тоа матичниот да ми закаже кај неа во 36та недела и после да продолжиме. Рече кога ке се пораѓаш и да не сум јас таму ке те предадам на некој кој би те породил исто како да сум јас. Додека бев кај неа и се јавија од клиника за итен случај трудница со висок притисок за хоспитализација. Изреагира веднаш ,им кажа што да направат па малку се потресов Не се спомна за пари ништо. Мене ми беше многу незгодно....и така...тоа. Збунета сум сега...незнам што очекував реално...
Аа да ,битен момент...ми рече реално од нас на клиника можеш да очекуваш голема професионалност како доктори и стручност..едино може да се потфрли во делот после пораѓај со нега од сестрите и ние на тоа не можеме да влијаеме многу ама ценам што беше искрена како и да е.
Апсолутно си во право Бела и баш заради државното здравство приватното користи и искористува. Ние имавме во семејството многу непријатна случка со приватна клиника пред нецела година каде на член на фамилијата му беше соопштено дека има канцер и дека е за итна операција. Го оперираа, он беше многу задоволен и парите воопшто не му беа проблем па продолжи таму со контроли. По кратко време му рекоа дека пак треба да се оперира и дека работава не е добра. Иако он беше супер здравствено, освен што психички беше паднат заради дијагнозата нели, се согласи за втора операција. После втората операција, продолжи со уште една две контроли каде му кажаа дека нема потреба ни од зрачење ни од хемотерапија, а хистопатолошкиот наод никогаш не го добивме. Човекот фала богу и ден денес е здрав и жив ама сите сфативме дека се работеше за огромна манипулација. Затоа сакав да кажам, тешко нас во оваа држава.
Па да, не очекувај кој знае што таму од ко ќе се породиш. Инаку јас бев без врски и не дадов ниту денар и до пораѓај бев гледана професионално, цело време имаше некој со мене. Докторката што мене требаше да ме пораѓа си замина, и заврши смената и како што ти кажала Данева, ме предаде на докторите на другата смена со детални извештаи - толку сум отворена, таа недела сум и слично. Одма после пораѓај се качи во соба докторката што ме породи, а болничарката ме истушира, ми подаде торбата за да јадам, вода и слично. Сестрите се зависно на која нога се станати, ама гледај да не им обрнуваш многу внимание и да се притресуваш. Јас две работи ги прашав, никаков конкретен совет не добив и ги баталив. Два дена како и да е, се издржуваат
Па се случувало често на ГАК наутро докторките да дојдат и да почнат со прегледи, а сестра да нема, па се нервираат докторите бидејќи цела работа се кочи. Свесни се и тие самите ама ете никој не бара решение.
И ти си во право, за жал приватните ги злоупотребуваат недостатоците на државните болници. Сите имаат пропусти тоа е факт. Општо земено најдобро е да не дојде ред да тргнеш по било кои болнички ходници. А во случај на породување, особено јас лично за мене зборам, после сета траума, избирам да одам таму каде што знам дека третманот е далеку по хуман. Свесна сум дека ќе преплатиме, ама сум заслужила и не ги жалам парите.
Подобро да си избереш на ГАК или Чаир него да се стресуваш како ќе стигнеш до таму, барем јас така мислам. А иначе за Плодност имам слушнато многу позитивни искуства