Јас прашував тука на форум,ама контрадикторни мислења па си го прашав матичниот гинеколог. Ми кажа дека може 45дена пред термин да ми го отвори. Законски мора 45 дена на тие што се веќе на боледување/патолошка... Инаку законски за нормална бременост е 28 дена пред термин,ама генерално сите одат колку што можат до крај. @Misskirova те советувам да земеш две недели од гинеколог, па направи некој ден пауза со одмор, па од општ матичен (сега даваат максимум 7 дена без специјалистички извештај) па ако имаш уште некој ден одмор и тогаш отвори си породилно. Боледување од мат.гинеколог не може да го споиш со породилно.
Ти благодарам. Влегов во 8ми и мислев ке можам до 9ти да одам на работа ама се потешко ми е ...нема да можам цел 8ми да го одам дефинитивно
Од општ матичен може. Од матичен гинеколог не. Мене не ми дава боледување ради тоа правило 45 дена пред термин. Иначе не сум на патолошка
Така истото го кажуваме. Законски 45 со 28дена. Ама обично се манипулира според потребите и разбирањето со матичен, работодавач....
Денес термин, цтг со 3 контракции, грло скроз затворено. Малку намалена плодова вода, ама сепак доволно уште. Утре ќе правам клизма поради опсипација. Премногу се плашам, боли ли, грозно ли е?
Е вака, бремена сум 35+ неколку дена, во понеделник имам полно 36 недели. На ултразвукот од пред некој ден, докторката ми рече дека плацентата почнала да старее, а после видов во извештајот напишала Плацента левел 1. Јас ја прашав дали ќе издржи плацентата уште 5 недели барем, рече ќе видиме. Сега ве прашувам вас, прерано ли е во оваа недела да старее плацентата? Дали од стара плацента бебето може да дише и да се храни нормално или ќе забавува во развојот? Многу сум загрижена ве молам за помош.
Мојот план е да земам некаде од крај на ноември 2 недели одмор останат стар, уствари 13 дена се, ако не искористам некој ден до тогаш. После 2 недели боледување од матичен, или колку год ми следуваат де, за од кај 20 декември некаде ако можам и подоцна супер би било ама тешко. Секако ме фаќа септември да се вратам и ќе земам уште некој ден одмор пред да се вратам од породилно. Тој е планот, па ќе видиме здравје како ќе биде. Јас Ангела, ветувам дека нема никогаш повеќе да се пофалам дека сум имала лесна бременост! 2 недели се што можеше да ме фати ме фати, од Бракстон, од киселини, од преполнет желудник со 2 залака, до на крај еве фатен нерв во колк, едвај се движам, едвај! Утрово едвај отидов на работа, струја ме мава на секое мрднување после подолго седење. Едвај се движам. Со што си помагате во вакви ситуации? Буквално едвај се движам, кривам, за никаде сум.
Јас сум од 22 недела со плацента 2 степен на зрелост се е океј еве сме тераме 33+ превентивно докторот што ме води на гак ми запиша Фраксипарин да примам поради постелката ама и пред да почнам со Фраксипаринот фала му на Господ се било океј не ми заостанувало ни во мерки ниту па имало некој друг проблем,плус сме си понапредни за 1 недела со мерките
Колку ке ти се фати пред термин се на се? Мене ко што планирам ке ме фати од средина на 8ми да напуштам од работа...имам грижа на совест што ке напуштам работа толку рано ама не можам. Се осекам ко труп...едвај одам,ми се спие паѓам,желудник лом,нит можам да седам нит да стојам... Едит- од 33та недела ко што планирам....
Ок, мислам ако почне премногу да старее сигурно гинекологот ќе реагира нема така да ме остави. Јас жива се изедов зошто во првите месеци кога пробував да ги оставам цигарите пушев по неколку на ден, па да не е од тоа. А уште повеќе ми е криво што бев изложена на пасивно пушење цела бременост, не многу ама сепак бев, иако се трудев што помалку да бидам во зачадени простории. Вчера партал ги напраив сите што ми пушеја дома, ама не се тие криви јас бев неодговрна. И сега најмногу ми е криво, цела бременост ја поминав ПРЕКРАСНО, без стрес, без нервози, полна со енергија од утро до мрак на нозе, ни гадење ни лошење, а сега последниот месец вака да се нервирам и да се самообвинувам ми иде да полудам. Сакам и последниот месец да го поминам без нервоза.
Девојко не се стресирај непотребно. И јас пушев првите месеци, т.е намалено ама сепак палев до крај на 4ти месец. Другарка моја ни цигара ни бутур цел живот па постелата и беше катастрофа. Не се обвинувај не е од тоа...се ке биде во ред. Веке си во безбедна зона и да се породиш
Не боли и не е грозно. Барем мене не ми беше. Одма се оди во вц и ќе ти олесни. Многу подобра работа од чепче или сирупи, според мене.
Пијам по 2 на ден, еден од 375 и еден од 400. Ме поминува. Планирам здравје средина на 9ти, рано ми е средина на 8ми. Не можам толку рано, да оставам после бебе 7ипол месеци ми е ептен мало.
Се надевам дека и кај мене ќе е така. Не знам зошто толку се плашам од клизма, денес само на тоа мислам
Е значи многу се нервирам со скринингот. Пишав и пред некој ден, го правев кај Владко во Плодност. Извештајот ништо, една реченица и тоа ништо за органи за бебе пишано. Денес кај матичниот бев и тој истото го вика, јас ова не го признавам за скрининг вика, ништо немаш опишано, ниеден орган. И сеа јас што да правам, пак да одам да се малтретирам не доаѓа во обзир. Битно дека многу се нервирам.