Фала ти на објаснувањето, јас бев со запек, но откако почнав со магнезиум ми почна мека столица па дури и дијареа. Ти посакувам со лесно да помине.
Да и мене ми помагаше магнезиумот или компот од сливи. Откако не пијам магнезиум со ништо не можам да си помогнам, ниту сирупи ни прашоци не помагаат. Фала ти, се надевам кај тебе ќе остане редовната столица до крај
Која недела си? Кај мене исто на ехо се во ред, денес ми стасаа резултати од приска и покачен ризик за Даун синдром. Валда деновиве ќе правам нифти. Јас имам 35 год. и сум инвитро.
Дали тоа значи дека при крај се прекинува магнезиумот? Јас сум 28 недела и пијам по 700 мг, но кога имам дијареа ја намалувам дозата. Во спротивно и јас имам тврда столица во бременост.
И јас пиев до пред 3-4 дена, го прекинав самоволно поради болки во желудникот. И денес прв пат ми кажаа да не го пијам повеќе дека може да го пролонгира порагајот. Пиј си докај 38-39та, а после пиј ептен по потреба или консултирај матичен дали скроз да прекинеш
Извинете пак јас, досадна станав. Пред два дена бев во болница зошто имав болки и ми најдоа уринарна инфекција. Ми дадоа антибиотик и рекоа за два дена на контрола. Меѓутоа пред тој ден бев на нормална кинтрола кај мојот гинеколог и тој не ја виде таа инфекција. За потоа следниот ден докторката во болницата да ја виде. Јас денес бев кај мојот матичен лекар, не кај гинекологот и покажа дека немам инфекција. Јас му реков ако може да прати во лабораторија да испитаат, (пошто докторката завчера прати во лабораторија и така ја видоа инфекцијата), докторот ми рече може, ама резултатите тек во вторник. Не сакав да ми се случи истото како со гинекологот и затоа сакав подобро испитување. Сега вторник е ептен далеку, сакав да прашам опасна ли е таа инфекција ако уште е присутна а не можеме да ја лечиме до вторник? Да не се направат некои компликации кај бебето. Пошто докторот рече да не земам веќе антибиотик, после вторник ќе видиме што ќе правиме. Јас само на тоа мислам.
А како виде уринарна инфекција? Тоа на ехо не се гледа, треба да ти направи уринокултура/урина да испита, не може да види од ехото. Јас си имам дома лентички за проверка на урина и проверувам 1 неделно дали сум ок, лесни се за употреба, може така проверила другата докторка. Инаку јас би ти препорачала да си земеш капсули брусница, витЦ од 1000ка и да пиеш повеќе вода, за да мокриш повеќе и да почекаш вторник. Ко што сфатив 35та недела си, што не е нешто страшно, се ближиш до сигурна зона. Јас се породив во 35та иначе, се претпоставува поради уринарна инфекција, ешерихија во мокрача, ама кај мене беше хронична и многу беше кај мене раширена, имам на бешиката леукоплакија и тоа е најголем проблем, ама ти не се потресувај и не си стварај толку нервози за шта би било кад би било. Гледај само да внесуваш течности и немаш гајле, витЦ и брусница, не се стискај за мокрење и тоа е тоа. Не мора за се антибиотик да се пие, а дур не излезе антибиограм не може да добиеш антибиотик.
Муабетот ми беше дека 45 дена порано да се отвори породилно може и кај регуларна бременост,така ми кажа матичната...