Нема потреба од страв оди со мислата толку жени успеале ќе успеам и јас, не сум првата жена што ќе се пораѓа. Јаки се породилните болки не викам не али се издржуваат, кога ќе си го видиш бебето се ќе заборавиш.
А има ли жена што не се плаши? Со првото немав време да се исплашам, ми пукна водењак само што влегов во 35та и не бев ни размислувала, немаше време едноставно, за пола ден бев веќе со бебе во раце. Ќе видам со ова како ќе биде, ме фаќа некој страв, ама па си мислам мора да излезе некако, затоа нема да раѓам дома, ќе одам во болница да раѓам, ќе знаат да ми помогнат.
Не дека не ми е страв од самиот пораѓај, прво бебе ќе ни е, не знам ни како е, ни што е. Не се паничам засега ни во смисла дали ќе испадни природен пораѓај или царски, ни дали во 36та или 40та недела или некаде измеѓу. Повеќе ми е страв од периодот после, кога здравје ќе сме дома. Со еден куп луѓе наоколу, мешање од сите страни, кој од кој знае повеќе, а јас веќе сега со хормони до плафон, тогаш веројатно уште повеќе.
Ништо нема да смените ако не спиете... Не верувам дека на некој му е сеедно што го чека на бокс,ама пробајте со позитивна мисла
Љубави ако беше толку страшно како што навистина изгледа како стигна планетава до 7.5 милијарди луѓе?
Барем ова се решава, ќе си поставите граница со сопругот и дома ќе ти доаѓа тој шо сакаш да ти доаѓа и кога сакаш ти, нема лутење тука, а и да се лути некој не се замарај, твоето ментално здравје е поважно од се останато.
Неее, уопште не мисли на црни сценарија. Пораѓајот си тече. Си лежиш, чат-пат доаѓаат сестрите да те видат, те маваат грчеви, се раѓа. Доаѓа доктор - шие Туку после тоа, цицање, мисли "гладно ли е, го држам ли убаво, спиеше ли доволно...""треба да лежи на меше, а тоа плаче,не сака". Будење на секои 2-3 саати. Да давам ли модификувано, да не давам ли...охоооо Тоа е многу потешко.
Тие што пијат еуторикс терапија и имаат испитано скриен шеќер кога ја пијате терапијата пред да испитате скриен шеќер и навечер најкасно до кога може да се јаде.
Јас ја испив терапијата со мала голтка вода. Гладна треба да си 12 саати пред испитување па според тоа ќе си темпираш кога да јадеш претходниот ден.
Мешенца јас доаѓам од преглед. Денес 37+6. ЦТГ мирно, незнам од кај испаднаа тие болки пред неколку дена Кафениот исцедок траеше два дена и се смири, сигурна сум дека бил од вагиналниот преглед. Ме виде докторот на ехо, се е ок, под контрола, вика ќе чекаме после 39+ за пораѓај. Мене ме фаќа страв до тогаш поради претходниот царски дека блиску ми се но ваљда знае докторот што прави Веќе се е спремно за бебче, ќе удриме деновиве малце на шетање
Страв нестрав, породувањето ќе бидне. Јас за првата бременост си велев дека природно сум створена да родам, си го сфаќав како тотално природен дел процес што ќе помине. И за контракциите, дека тие постојат за да го поттикнат процесот. А сега со оваа бременост, здравје, нека врват неделиве, ќе видам како ќе бидам. За другото, ќе си кажеш кој кога колку. Немој да се устручаваш, да прибираш во тебе, а тебе да ти е тешко, а другите да мислат дека треба да се околу тебе, да ти ја прават главата тапан. Не. Маж ти да ти е тука и плус еден човек, мајка/свекрва, за јадење да направат да донесат. А да те пулат во цицка дали пие бебето, немој да дозволиш. Ти си родила, не тие. Ако имаш потреба за мислење, совет, ќе пишиш овде или на стручни лица. Бабите се за јадење правење и пуштање машина. За совети си постојат други стручни лица.
Се слушнав со Владко, ми рече ќе ми направел извештај. Ќе видиме од понеделник дали ќе го добијам. А каде можам да го најдам Михајло, за да му пишам? .. ако случајно не успеам ваму. Тој е во градска, Битола?
Дали се нормални повремени "бодежи " во вагината , и болки кај срамната коска ? 31 недела сум со скратен цервикс на строго мирување, дали да се паничам, прв пат ми се дешава ова ? И уште едно прашање тие што се на строго мирување од кога ви дозволија да се движите, мене ми спомна Петровска од Ремедика ако издржам до 34та ќе можам даде придвижувам, да напоменам цервикс ми е 1.5цм... Од која недела бебињата можат да дишат сами без инкубатор ? Знам дека е индивидуално ама од прилика...
Да во државната во Битола. Инаку докторот е достапен на сите социјални мрежи, Михајло Вангелов, пиши му ако сакаш и ќе се договорите ќе те прегледа. Многу е профи
Од 34та ме пушти Петрова да шетам. За инкубатор стварно нема правила. Ако имаш примено инекции за зреење голема е веројатноста да немаат потреба од инкубатор. Лежи таму и одмори уште некоја недела. После ќе плачеш да те породат побрзо зашто ќе ти биде мачно
Више ми е мачноо, од 21ва сум у кревет. Ама ајде уште 3,4 недели да одморам сега од лежањето Инаку примив зреење само една доза,рече за втора доза нема потреба. Ти за колку време се породи од кога почна да се движиш? Си викам барем да почека бебче до 36та јас да идам да си одберам и да си пазарам нешто што си сакам јас..
Добар ви ден милички денес го зедов оваа масло на Еуцерин за мачкање против стрии на природна база ,искуства??