Јас се мачкав сега во втората бременост, немам стрии. Не знам дали е од него ама еден период ко имав чешање на стомакот само маслото ми помогна. И многу бавно се троши, повеќе од пола имам и сега се мачкам на цело тело.
Да и мене ми се појави чешање и затоа го зедов ,со првото дете се мачкав исто и некоја недела пред да се породам испукав со стрии...
Јас уште малку ке сум 35 и не сум го наместила купено е се исперено само треба да пеглам и да местам ама викам имам уште време па се оставам за некоја наредна недела
Мила која положба на лежење најчесто ја користиш, дали на страна, полулегната?Во која недела прими прва доза за зреење? Јас сум 28 недела и си лежам од 16, има уште за лежење, само нека си раснат во меше,ќе се издржи некако.
Мешиња два три пати како на секунда како да имам сечење со нож накај препонот, можно е да се отварам или од што можи да е?
Дечки , тие што пиеле Фамосан , колку време ги пиевте? Недела ,две, или нонстоп? Во ремедика ми ги дадоа како замена за Нолпаза пошто се послаби, 2×1 ама не спомнаа колку времее
Неодамна тука се збореше за безбедна/небезбедна козметика, па наидов на едно линкче и ќе го споделам, може на некого ќе му биде од корист. Има излистано доста брендови и со клик на секој од нив ги има производите кои се безбедни во бременост и доење и кои кога не се. Јас така си направив чистка на шкафчето, си ги проверив тие што ги имам дома кај спаѓаат, тоа што не се препорачува ќе оди на подарување. Знам дека некој ќе рече дека нашите мајки многу знаеле со што се шлапале, и можеби е во право, ама од друга страна тогаш немало толку избор, хемии и проблематични бремености, па доза на претпазливост не е на одмет. https://www.15minutebeauty.com/pregnancy-friendly-skincare-products.html
Јас мислам дека митот Во наше време завршува со моментот дека они немале интернет па да читаат за искуства и затоа сметаат дека во нивно време немало такви работи. На пример во нивно време децата кои им умирале од менингитис кој го лечеле со облоги ладни на чело најчесто мислеле дека умираат од уроци. Децата исипани ко со сипаници по тело од храна, сметале дека се исипани од некоја нечиста што ги видела... не прочитале никогаш за алергии и за нив не постоеле. На колешка детето и јавило алергија на банана, ама на кој да му текне дека е од бананата. Скоро 3г се правело бумбар кога и да јаде банана, ама среќа у несреќа тогаш немало толку многу банани и ретко јадело, па кога потпораснало доволно само да каже, сфатиле бидејќи им кажало дека кога јаде банана го чеша се па дури и устата внатре, ама пак они со алергија не поврзале, туку од хемикалиите што ги прскаат. Исто и со козметиката, ај што немало толку многу, па и не користеле нешто посебно, ретко која со павловичева со капки ад се мачкала и тоа било врвот. Не знам, некако се идеализира тоа време а уствари многу малку знаеме бидејќи сите го величаат а никој не ги кажува реалните ситуации. Најпрост пример, баба ми и дедо ми им умреле 5 машки деца, баба ми имала ретка крвна група и некоја генетска болест која создава антитела некои кои ги напаѓаат машките плодови само, од 9 деца 5 машки сите умреле, ама за нив тоа било клетва од бившата вереница на дедо ми. Може па и поубав е таков животот, од кај да знам.
Bremena sum 11nedela so ivf. Imam patoloska bremenost ovoj mesec bev pod firmata od koi gazdata mi prefrli plata koja morav da mu ja vratam,isto sega mi bara da si gi platam pridonesite sama . Mi se zakanuva deka mozel da me odjavi ? Ova nedela sum veke pod fondot dali toj seuste ke treba da mi plajka pridonesi?
Мислам дека нема врска килажата, побитни се неделите. Битно е да се развиени бели дробови, ако е порано од 35, 36та се прима инекции да созреат убаво белите дробови. Имам пријателка 2600 некаде се роди малото, 9ти месец и не беше во инкубатор ич. Мислам на @Bebulleee првото е помало родено во 9ти и тоа не беше во инкубатор.
Дали си на определено или на неопределено работно време како прво боледување до 30 дена исплаќа фирмата и немаат право да ти ја бараат платата, и јас сум на патолошка со инв сум и имам ризична бременост сега незнам кој ги плаќа придонесите за тие месеци стварно не сум запознаена но кај нас во фирмата скоро секоја трудница е на боледување можам да кажам и без причина но никогаш не се изреагирале на никој, ама сега по закон ако си на неопределено работно време неможе да те одјави.. како бе можат да постојат такви "газди" без чуства
А нема кога ми е подобро Него да ви се пофалам,денес бев на Бит пазар на една продавница за бебиња внатре кај женскиот пазар. За 4500 купивме свашта. -Оградици со постелнина и јорганче за 1300 ни ја даде преубава -Кебе дебело зимско за 600 -Плико -секакво бодиња и шпихозни и тоа дебели по 300 денари -чорапи и хулахопки -тетра пелени по 50 денари -бањарче И така малце по малце се спремаме
Човек мене често ми е веќе оваа болка, дури кога ке ме фати си тера не ме пушта, предходно како тебе беше нормално, а за сега баш неделава ќе одам на преглед да видам шо ке кажат, инаку 9ти влагам