Честитки кила да ти е жива и здрава кукличката а ти поскоро опорави се. Уживајте сега во заедничките прегратки.
Мешиња сега се враќам од преглед. Постелката презреана и намалена плодова вода. Се договоривме да одам вечер спремна за останување и ќе пробаме да индуцираме прво со вагиналета. Преплашена сум не знам што ме чека. Некој искуство? Стварно толку боли? Среќна сум шѕо конечно ќе заврши се и ќе си го видам бебче, ама ме плаши патот кој морам да го минам до тогаш
Gazirana voda dozvoleno li e ? Cela nok i cel den samo so nejze limon i gumbir mi pominuvaa macninite
Немој да се плашиш, сите ќе го минеме тој пат за нашето злато да го земеме во раце. Уште малку ќе гушкаш бебе, блазесити! Со лесно душо!
Боли, ама се издржува. Верувам дека помислата што те чека после болките ќе те води напред. Со лесно и чекаме убави вести наскоро.
Дозволено е. Јас немам искуство да ти кажам дали боли или не ама сигурна сум дека и тоа како вреди да го поминеш тој пат Ти пуштам многу среќа, те гушкам и те чекаме наскоро со најубави вести
Добар ви ден на сите ,еве јас еднаш пишав и сега пак сум испаничена малку бидејки не го чувствувам бебето ,понекогаш да ама само еднаш и толку инаку утре веќе 20 та недела и втора бременост ми е ,а не сакам да одам стално на ехо да ме гледат,а не знам како да не паничам ,и пишав на др сеуште ми нема одговорено ,инаку до сега се е уредно со бременоста и на 21 Октомври имам закажано за втор скрининг.Ајде утешете ме малку оти ми идат секакви мисли во глава....
Штом толку жени издржале ке издржиш и ти мила,сигурна сум дека си многу возбудена,во исто време и среќна и уплашена ама сето тоа е нормално,СРЕЌНО! ❤
Јас мислам дека е нормално некогаш повеќе некогаш помалку да се чуствува мене ми беше така 23 24 недела многу помалку го осеќав од претходно потоа пак си почна со старо темпо
Јас некогаш не можам точно да проценам дали е бебето бидејќи ептен малце нешто осеќам ,ми се плаче колку сум во мисла дали е се во ред....
Сигурно е се во ред пробај нешто благо кока кола ке видеш како ке почне да мрда и јас бев паничарка ама веќе не сум некогаш го чуствувам повеќе некогаш помалку ама знам дека се е во ред, мисли позитивно ако ти е толку на мисла иди нека те видат на ехо ке бидеш барем помирна
Ете пак јас, извинете што сум досадна. Има два дека како чувствувам чудна многу болка, на влезот на вагината и во долниот дел на грбот и предниот долен дел на стомакот. Ама не се менструални болки, туку онаа блага болка што ја чувствуваме откако ќе добиеме, а не онаа пред тоа. Се надевам ме разбирате. Што подолго пешачам, после тоа ме боли и не можам да одам нормално. Денес пешачев два часа, да ама вчера не пешачев, сосем малку, само што си чистев по дома како и секогаш. Не знам што се случува, како ќе издржам до утре да одам кај гинекологот од страв. Бебенцето си е активно, ама еве сега осеќам пак ко да ми се врти во главата. Сабајле видов дека гаќите ми беа мокри и тоа баш, ама цел ден нема ништо друго. Иначе цела бременост имам бел исцедок, ама денес ова беше чиста вода. 36 недела сум
Јас исто почнав, со вагиналета.Причина за индукција намалена плодова вода, два дена пред термин. За 2 часа почнаа болки, потоа со инфузија ми појачаа... Се отворив 2 прста, имав мн болки и ми дадоа епидурал... 12 часа не мрднав од 2 прста и мораше царски. Од денешен аспект, мислам дека докторот ме избрза со епидуралот, може требаше да почекаат,да ме пуштат да шетам, а не прикована за кревет со цтг и инфузии итн... Ама не знаев ништо тогаш,бев уплашена итн итн... Јаки се болките да.. и после царски се јаки,ама се поминува, а највредното кога е до нас и се забораваш со лесно!
Поради намалена плодова вода морав и јас да се породам и тоа во 37 недела. Ми ставија провокација и бев три прста отворена. За само два часа почнав да раѓам и пораѓајот ми траеше 10 мин. Ти посакувам да родиш брзо како мене. За болка, боли, но се е индивидуално. Јас бев без епидурална зошто никој не веруваше дека толку брзо ќе почнам да раѓам, па немаше време.
Значи да пробам да го одолговлечам епидуралот колку што можам повеќе а? Фала вии од срцее, ме охрабривте многу
Кога ќе се изнервирам ништо не ме релаксира повеќе од чистење. Е ама коа не ти е кадарен газот а многу си нервозна што да се прави. Мајка божем чистењето ќе го завршеше ама да е жива и здрава, не е веќе способна како на времето, едноставно бавна е, нема сила, нема енергија, работата и е таква ко без ред, губи концентрација и мака ми беше да ја враќам по 2 пати па си фатив сама на крај и нервоза истерав и плус завршив конечно со чистење. 120кв се 120кв, многу се, ама тоа е, мора. Исчистив дури и тераси, али бајче сум сега. Тешките работи мајка ги дигаше, кај што требаше да се виткам исто, она фаќаше, ама здравје кога ќе дојде ред за раѓање ќе викам жена за чистење, не можам јас а не може ни мајка очигледно така да ќе си викнам жена, ќе си платам и ајт на здравје. Бебе денес мирно, дали дека нервозна, па си вика дај да не ја нервирам и јас, мирен да седам. Прочитав едно од оние сликчиња со пораки, Никогаш не вели никогаш! Се зареков дека ниеден маж нема да ме изнервира и тогаш родив син. Љуби га мајка! Наскоро ќе биде дупла нервоза, ама и дупла среќа. @Anturium мечка страв, тебе не страв, мора излезе, кај ќе оди. Држ се и со лесно!
За сестрите и докторите донесе маж ми торта и крофни, за докторката што ме пораѓаше и за анестезиологот пијалок и мерси. Не е морално да се носи нешто, како сакаш ти. Алиштата обично ги носев, не ги виткав никако. @Doktor F честитки, да сте здрави и живи @Anturium со лесно