Мислам дека непотребно си правиш стресови. Секоја бременост е различна, мислам пишав првото од 14 недела го осеќав и секој божји ден имав некој симптом. Сега 17+ јас не ни осекам дека сум бремена, немам никаков симптом. Понатака може дупло ќе имам многу мака но за сега е вака и ниту еднаш не помислив дека нешто не е во ред. Како е пишано така. Втора бременост ептен сум смирена, молам бога и со второ дете да сум ваква да не паничам и се потресувам за се Па живци не останаа можда од првово од што се потресував за се. Ај опушти се малку, со стрес не можеш ништо да промениш само можеш да си наштетиш. @Anturium јас се породив со провокација, боли да но поминав многу подобро од некои без провокации што завршија на царски после часови мачење. Моја теорија е дека психата игра голема улога, сите што ги знам што паничеа поминаа потешко за разлика од тие(вклучително и мене) што воопшто не се потресуваа. Со среќа
Денес правев анализа на крв и урина, и кај урината во бактерии имам ++ Одма паника ме фаќа, сешто прочитав на нет. А мислам дека утре не ми е тука гинекологот. Дали да одам на приватно да си направам уринокултура? 28+ недела сум.
Јас сум си по природа паничарка и тоа е особина што најмногу си ја мразам кај мене ама ај да се надеваме дека се е добро ❤
Не се паничи непотребно. Мене на две испитувања ми се појави па на уринокулкута беше чисто. Многу е специфично и сензитивно давање примерок за урина, исто така и времето од земање до испитување на примерокот игра голема улога, како и соодветна хидратација нанорганизмот. Ако немаш некаков симптом нема потреба од паника. Направи уринокултура, ама не е така ургентно.
Дечки ,ке осетам ли кога ке се сврти со главче надолу? 32+ сум сеуште е карлично..ме Фака страв дека нема да се сврти...што да направам?
Јас сум 33+ го осеќам дека е уште карлично, му ги осеќам ноџињата каде му се, ако се сврти сигурна сум дека ќе знам. Правев некои вежби од Youtube ама досега нема резултат, почнувам да де помирувам со фактот дека ќе завршам царски и премногу ми е страв
Не се секирајте рано е , ќе се сврти. Кај мене 35 недела се сврти, а цело време мисли ме тепаа дека нема да се сврти.
Женичкии мои ми падна чепот Имам некои болки во грбот, не се на исти интервал, но сепак надежно ми е дека нема да чекам уште многу
Пробај Гастрогард, мене во моментот ми помага, максимум еден саат има ефект и после пак по старо... Ужас