Да ти кажам искрено, во 20та не го осеќав ни приближно колку што го осеќам сега во 28ма. Некаде 24та се размрда асално, ама она баш да мрда ко неарен и еве го не е застанат. Сега икаше, цел стомак ми го поместува. Ќе нарасне па ќе можеш повеќе да го осетиш, сега е мало и не го осеќаш. Јас кога ќе го осетам дека е попреченост наместен и цел ден се тегне знам дека се превртува. Вчера или завчера се му се познаваше на стомак, грпче, главче, газе, па се сврте некако и колена имаше, и на крај вечерта се повлече и се сврте ваљда оти од денес некако поинаку го осеќам да мрдка. Мислам дека сега главата му е доле, ама не сум сигурна. Што убаво ми имаше поминато колкот, пак ме стегна денес, ама крива сум, се преморив поштено. Се надевам до утре ќе се смири пошто треба да се иде на работа. Леле колку сум се смеела со раководителот, неформално бевме на една дешавка, колега ми е по струка, и праиме муабет и ми вика А сега едно 2г ќе те нема кога ќе отидеш на породилно. Како бе да ме нема 2г, му викам, кај ти издржувам јас 2г да не знам што се дешава на работа, да пропуштам важни дешавки. Се изнасмеаа поштено сите. Озбилно, јас на еден одмор идам па се нервирам ако пропуштам нешто, кај трпам да седам дома 2г. Реално имав колешки кои и 3г седеа дома, па он мисли и јас така. Уште не им е јасно зошто не зимам патолошка, кога сум трудна нели. Недајбоже да треба, ќе земам и оро ќе играм, ама нема потреба засега. Добра ноќ мешиња, време е да се спие. Утре за мене е понеделник
Добро утро. Мене ми почнаа кошмарите. Ама буквално секоја вечер. Такви страшни,најстрашни...и неспиење по пола ноќ па после дремам денски. 32+ ,нека помине веке ајде .... Неделиве нишо не праам дури чудно ми е, нема прегледи нема ништо ..само брисеви ке праам во 34та и тоа е тоа...желудникот стандард ми е партали ама си пијам Фамосан и некако издржувам....сеуште се мислам Чаир или Клиника и мислам дека ради тоа лошо спијам...
Јас би ти рекла Чаир. Многу подобар избор од ГАК мислам. Особено за нормална регулар бременост. Во нормална состојба не би имало никаква штета, едноставно нема да делува, ама во оваа друга состојба не би. За секој случај де. Добро утро! Понеделник оваа недела се падна во среда. Лепота! Се пие чајче на ова врнежливо утро и се размислува за кревет систем. Многу убаво ми беше дур си лешкав утрово во кревет. Си праите ли вие аларм пола саат порано за да си полежите? Жими се, нема послатко од лежење во кревет одсабајле. Кажете ми ако имате искуство со влошки за кондури ама да не се сто илјади денари, некои буџет френдли, за постари кондури кои сега ми се ептен погодени за носење ама внатре газиштето е износено и разгазено и малку да ги приспособам колку да не купувам нови одма сега, башка лесни се за облакање.
Тенкс. Оо верувај јас веке со последни сили одам на работа. После ке одам да се договорам со матичната за боледување. Нема шанси да издржам уште две три недели овде. Сакам домааааааааа
Мене ми е убаво на работа, искрено, досадно би ми било дома. Ама па забавно ми е искрено и со колегите. Башка на оваа мизерна плата уште да ми кратат боледување, не фала.
На снаа ми кога и се сврти видовме сите што бевме со неа. Дури се навали целата нанапред, буквално вртење се виде. Цел стомак и се измести додека се вртеше. Потврдено и од гинеколог.
Во аптека има влошки за чевли за видиш имам гледано. Или на пазарче кај нас ( дека и јас од Ѓорче , па така си викам). Во аптека мислам дека и оние како силиконски има.
Во ДМ има на Балеа по достапни цени, баш се супер. Исто и во Рамстор маркетите имам начекувано тенки по 80ден отприлика, тие ми служат за пополнување на десна балетанка затоа што левото стапало ми е малку поголемо
Не верувам дека е штетно само не знам колку ќе ти делува и евентуално може да ти направи некоја иритација.
Значи има надеж и моето да се сврти, 33+ сум. И верувам дека ќе се види, вака секое движење се гледа на стомак Во кој период се спушта стомакот? 9 месец? Затоа што моето е ептен горе, в ребра ми е