Гледам дека во составот на кремата за лице што цело време ја користам содржи салицилат што е забранет во бременоста. Знам дека dr. Hauschka e природна козметика и не ми ни падна на памет порано да проверам.
Мали количини се тоа, ама за мирна да си најди некоја друга што ќе ти одговара и ќе биде погодна за во бременост.
Не ,ја стварно не знам кај терам Значи се раѓа во декември, му облакам боди, шпикозни и врз шпикозни алишта? Или е ту мач? Само боди и шпикозни? Пошто и хулахопчиња земав @H.VAGA јас цела бременост користев серум од салицилна киселина за лице . Никој не ми кажа дека не смеам а и јас не видов...тоа е ....
Боди и шпикозни, толку. Или боди и дводелно комплетче. Зависи колку ви е топло дома. Кај мене кога беше многу топло беа по боди и панталончиња или само по боди на долги. За спиење вреќа, за дремките некое памучно ќебенце. Хулахопки облеков еднаш на минусни температури за шетање надвор и на девојчето еднаш со фустанче.
Многу слоеви е тоа И моето е во декември и планирам боди на кратки и шпикозни или комплетче од блузичка на долги и панталони. На нозете само чорапи, за по дома хулахопки не ставам. За спиење ноќе може боди место на кратки да ставам на долги. За денско спиење со тенко памучно ќебе, а ноќе ќебе и јорганче. Бидејќи се грееме на дрва денски тт ни е околу 27 степени. За ноќе за спиење ќе гледам во спална да биде околу 17 степени. Со првото дете спиевме во толпа просторија и тоа ми беше грешка цела зима бевме затнати и двете.
Само боди и шпикозни онакви по долги со ногавички или комплетче бенкица и панталони.. за хулахопки не знам јас машко бебе имам
Кристина, не знам дали си спомнала. Како се породи вториот пат? Првиот природно, така? Дека велиш се свртило надолу, а вториот исто природно?
Не, двете беа царски. Првото беше високо многу и ко се сврти се качи уште погоре, а имав многу долг и затворен цервикс, плус со тахикардија и анксиозност сум. На два дена пред термин ми беше 4.7 мислам цервиксот и на терминот ме породи докторката во Плодност , а и до 170 ми стигнуваше пулсот. А сега не се нафати за природно, ама исто и ова беше превисоко цела бременост, 38+5 ме породи царски. И скоро слична килажа, првото 3800, сега 3600. Кај мене повеќе фактори беа, ако е свртено ко што треба чекаат некогаш да се спушти до после термин или го туркаат на пораѓај. Јас иако царски двете ги туркаа од под гради.
Боди и шпикозни е доволно. За спиење јас земав вреќичка од George kids со дебелина 2,5 тог. Мислев подебелка ќе биде ама не е, веројатно е доволно бидејќи 2.5 тог е дебелина за есен/зима.
Види дали имаат патент да се извади сунѓерот. Ако има извади го и пери ја само навлаката. Доколку немаат патент цела можеш да ја испере во машина за перење на некоја кратка програма што имаш за со 30 степени.
Води се по себе и бебе, ако му е носето ладно и нему му е ладно, ако ти носиш маица и тренерки, и тоа ќе носи боди и тренерки. Хулахопки под шпихозни не ти требаат, уствари ич не ти требаат ама ај. Имав за синко, ама не го користев којзнае колку. За ова па ич не планирам. Надвор соодветно облечено и толку. Мој најискрен совет ти е да облакам бебе во шпихозни, ем спастрено ем не се замараш дали му е се кренало блузиче. Не знам, јас бебе облакам само во шпихозни и баш ми е убаво.
Пред скоро баш пишувавме, освен ретинол кој е забранет, другите се дозволени или има поделени мислења. Конкретно за салицилната најчесто викаат до 2% концентрација дека не е проблем, а толку е концентрација на комерцијалните серуми. Што значи во кремата на Хаушка сигурно е помала концентрација. Секако ако ти е шубе исклучи ја понатаму од употреба. Стик веќе подолго користам бен и ана, не само заради бременост, а козметика сепак претпочитам природна, ама пак ќе кажам, и тоа не е заради бременост, туку едноставно се преориентитав на таков тип на козметика иако и таму проверувам да не има некоја спорна состојка за бременост. Во машина на помал број на вртежи само, немаат гајле. Јас имав и од ваикики и уште една и двете исто ги третирав и во ред си се.
Девојки 26+ сум, овие денови забележав ми се прави на одреден дел од стомакот како топче испакнато, неколку секунди и го однемува, што може да е тоа? Исто сакав да прашам дали и се има случено истото на друга, на george kids на инстаграм и пишав да прашам цена на боди, ама уште рано ми е не сум почнала со купување, па не порачав, гледам сега ме блокирале. Од преска се чудам каква глупост е тоа, не смееш да прашаш ако не порачуваш или што е работава
Тоа топчето е бебето George kids не те блокирале, туку нив им го блокираа профилот. Новиот профил им е georgekids.mk2
Ти благодарам При крај сум на бременоста. А веќе цела бременост ја користам. Знам дека Хаушка е природна козметика. Ни на крај памет не ми падна составот да го погледнам.