Верувај ќе најдеш што ти се допаѓа и за попристојни цени. Почни да гледаш по фб или инста и после како пандорина кутија само тоа ќе ти се прикажува Еве види ги а пример ониe Dak Baby Shop на фб. Имаат на џорџ шпикозни и бодиња за попристојни цени (3х за 1200 шпикозни, 7× боди исто за 1200). Конкретно не сум нарачувала, ама тие се тие "увезени" бебешки кои се продаваат по нетов. На крајот на краиштата за поскапи ќе си влезеш во дуќан кај нас и ќе си кипиш, со можност на замена или да вратиш и ќе си ги видиш на лице место.
Да, ми излегуваат веќе, моментално алгоритмите само тоа ми даваат. Баш Дак ја заследив пред некој ден, видов имаа на Џорџ работи и тоа многу поевтини и се мислев пробно да нарачам, ама некако ми личеа сомнителни и не знам зошто се премислив па отидов во ист гејт и земав нешто мераклиски од таму. Имам време, можам да ги тестирам дали се ок.
Девојки може ќе звучам глупо ама веќе неколку пати кога се прозевам или кивам, мислам општо при некој таков ‘напор’ како да ми мрднува нешто внатре. Бебето е многу мало за да е од него, 15+ сум. Мислам дека во минатата бременост овој период почнав ко меурчиња да осеќам, како црева кога кркорат, сега немам приметено такво нешто. Ви се случило ли вака?
Се породив вчера и веќе сме супер наспиени Малку се измачивме, ама среќа брзо беше и на крај се излезе добро и двајцата сме супер. Фала ви на сите за секоја поддршка и храброст. Ова е нешто најубаво што може некој да го доживее, не можам да опишам што чувствувам
@Anturium , честитки бебенце! Да е здраво живо големо да расте! Побрзо опоравување на двајцата. Есенско злато
Не се секирај мила, секоја бременост си е различна и тоа зависи пред се од положбата на бебето. Јас сега исто некаде од 15 недела приметив некои движења во мене но беа многу минимални што е и нормално. Гали меше и уживајте
Честитки @Anturium нека е живо и здраво! Кој спомна пред некое време хрчење? Значи не се спие до мене, страшно! Маж го жалев синоќа. На поткренато хрчам, на потспуштено пак хрчам, земав само на перницата за доење да спијам а ако не се трпи ќе спијам во дневна, јбг, не ќе се малтретира со неспиење цела ноќ. Ви помогнало нешто? Ем спијам на страна строго, ем со затворена уста и пак хрчам.
Јас. И во првата бременост и сега. Кога сум будна дишам нормално, а почнам да задремувам, сама себе се плашам понекогаш во полусон Ај добро утро. Јас еве си чмаам во авицена на мерење за скриен шеќер. Чекајќи за трето боцкање и резултати дочекав од крвна слика, +на бактрии во урина. Пак ќе треба да трчам и уринокултура да правам. Другото фала богу се држи. Малку хемоглобинот на долна граница, железото се држи уште на 17 (од 25 пред 2 месеци). Едвај чекам да завршам со боцкање. Им се јавив на колегите да ме чека доручек кога ќе си дојдам. Едвај чекам ова шеќеров од грло да го тргнам. Многу гадно. Значи јас јадам благо, ама ова посебно на гладно, а од синојка си плачам да си каснам нешто. Имајте мирен дождлив ден