Урина не прави во Авицена никогаш. Јас од моето долгогодишно искуство со уринарни инфекции и испитувања никад више во Авицена. Сите обични урини им се со плусеви а уринокултура чиста. Јас дека ми е блиску одам во Биотек. Досега само скриениот го имам платено 600ден, друго ништо, нит кс нит уринокултура, ништо. Земи си сега за секој случај брусница капсули, јас сега ја пијам од ДМ таа ефтина е а ми делува искрено и еве ме 7ми терам не ми се активирала бактеријата воопшто а минатата бременост изгинав од бактеријава.
Па претпоставувам, плус и скоро 1 саат, додека го донесов примерокот, а плус и додека го сработиле. Ама за раат секако ќе направам уринокултура, а на брусницата од тебе одма ми текна кога видов +во урина.
Како беше она, не прашувај гаталец, прашај паталец. На сите кажувам за капсули брусница оти јас сум со огромна мака со уринарни, од неа се породив во 8ми месец минатиот пат.
Види земањето урина е многу комплексна работа, не е само мочај во чашка. Правилно урина се зима со катетер, иначе се друго е контаминирано. Така да не е дека и Авицена се лоши ама јас имам за урина лошо искуство со Авицена. Уринокултура со катетер земена пратена на 3 места, само во Авицена позитивна, на 2 места негативна.
Mesinja teska nedela me fati prvo temperatura imav 39 se nadevam deka se ke bide dobro poleka se spremam za sredba so bebo ama nekako se osekjam vinovno sto imav tolku visoka temperatura
Добро ее, ми стигнаа резултатите дека уринокултурата е стерилна. И јас исто анализа на урина правев во Авицена, а уринокултура во Биотек.
И операција и царски правев на гак ,супер пројдов , јас од се бев задоволна . А најбитно ми беше самиот царски да помине како што треба и бебето да ми го гледаат ,друго се се издржува некој ден таму.
За колку време заврши во Авицена со мерењата? Јас сум утре па чисто да знам кога отприлика ќе се вратам на работа
Па од 7:30 до 10:15 Боцкаат, па веројатно чекаат резултат од шеќер пред да ти ја дадат гликозата и после неа со саат точно на 1 и на 2 саати боцкање. Туку мене не ми се резултатите сјајни 4,4 10,6 8,7 Се надевам само со храна ќе може да се регулира
Консултирај ендокринолог. Мислам дека ќе ти дадат прво едно неделна диета и да го мериш дома со апаратче 6 пати дневно, пред и после оброк и да водиш дневник. Па по тоа ќе се реши дали си за терапија или не.
Јас можам мојата докторка да ти ја препорачам. Др.Стефанка во Ремедика. Посветена и секогаш достапна.
Благодарам за препораките. Утре сум и на контрола таман да видам што ќе каже и гинекологот, па ќе бркам после и за ова.
Јас одев кај Ксенија Богоева и Адамова (мислам дека се викаше Катерина) на клиника. Бев и кај Стефанка од Ремедика ама не би ја препорачала на никој. Воопшто не ми остави впечаток дека е стручна, а и менито што ми го даде беше смешно. Јас имав проблем со шеќерот кој ми се јавува само во бременост, среќа отидов кај двете погоре кој ме смирија и ми дадоа точни насоки за исхрана .