Дали во последните месеци од бременоста сте почувствителни? Сите емоции ми се измешани, чувствувам огромен страв како ќе поминеме на пораѓај, дали ќе биде сè во ред, дали ќе се снајдеме... Дали и вие се осеќате вака или со мене нешто не е во ред?
Ne si sama, ista sum i jas 34+ i pocnuva se da mi se mesa. Se panicam na sekoja sitnica dali se e vi red so bebeto vomene kako ke bide posle poragjaj a isto sum i vozbudena oddvaj cekam da go zapoznaam srceto moe malo
Јас сум таква уште сега во 16та Малку емоциите не можам да си ги средам и сенешто ми се мота во глава. До крај којзнае што ќе ми се случува.
Тогаш на периоди ме фаќаше, сега сум катастрофа. 33+ сум и јасно ми станува дека времето ептен се ближи
Девојки како е поточно мерење на цервикс вагинално или абдоменално бев на болница и таму вагинално ми измерија 2.5 после бев кај матичен тој абдоменално ми измери еднаш 3.5 еднаш 3.8, кога ми мереа вагинално беше навечер а абдоменално сабајле со полна бешика, матичниот ми кажа за најточно да покажел колку е цервиксот требало со полна бешика кое е мерење поточно според вас, според мене тоа од матичниот без разлика што е абдоменално, пракса на матичниот му било мерење абдоменално долу да не се чепка ептен во краен случај бебето ако е долу тогаш да се измери вагинално.
Вагинално е поточно, сепак подобро е и вагинално наутро да ти го мерат затоа што имало влијание и тоа ако цел ден седеш или се движиш на мене са ми го мереле наутро подолго навечер малку пократко
Девојки Пред месец и пол се боцкав клексани заради димерите. После тоа ми беа океј ...сега кога следно да ги испитам? И дали ако се покачени даваат нешто во 33та недела веке?
Тоа дека наутро е подобро да се мери на одморено, бар кај мене се покажа точно. Мерен попладне 38мм, после две недели мерен наутро 46мм. Ама вагинално е попрецизно од абдоменално. Но доколку не е сомнителна должината на абдоменално мерење, мислам нема потреба од форсирање вагинално. Да, ама само ддмерите не се индикација. Ако веќе правиш проверка прави цела слика (ддмери+хемостаза), плус преглед дали има лакуни, какви се протоци и слично.
Јас имам на Еуролинк и плаќам 4000 денари месечно за мене,мажот ми и син ми ,исто така на полисата пишува дека може да земеш осигурување во било кој период од бременоста и покрива породување до 75 000 мислам беше.
А дали породувањето ти го покриваат во моментот па потоа ти сама го враќаш месечно како еден вид на кредит ќе му дојде? Јас така имам разбрано дека е ама не сум сигурна
Ja so deka Iam Edno rodeno vekje Eve me 37+1 Edvaj cekam da go vidam i ova Radosti eden kup ama granica normal a doma ima rab kako primer soba use ne. E gotova a mi vikaat pusti dusa a ja ako toa go napravam mislam deka ke iskoci bebo sekoj moment
Па до сега што имам правено прегледи си ги плаќам и потоа со сметки и извештај ми ѓи враќат парите во рок за 2 недели па би требало и за пораѓајот да е исто така,ќе прашам деновиве па ќе пишам.
Ако знае некој да ми објасни... работам на ново работно место ама веќе седмми месец сум таму ама секој месец ни дават да потпишуваме нов договор кој се обновува за еден месец... е сега јас сеуште немам користено одмор колку дена би ме следувал без неделите нели? И дека сум уште малку 19 недела бремена па примам утрогестан и утрогестан депо дека повремено имам кафеаво ако би требало да останам на паталошка дали би ме следувало или би можеле да ме одјават?
Направи си проверка на цела хемостаза вклучително и д-димери. Но, најубаво прво разговарај си со гинекологот нека те види на ехо да провери постелка и лакуни. Мене последно ми беше кажано дека клексани се прима максимум до 36та, бидејќи пред пораѓај не се препорачуваат поради разредување на крвта.
Реално може ако ти истече договорот да не ти го продолжи, ако е до толку безобразен претпоставениот. Законски е покриен. Е колку е тоа морално и етички, е тоа... Јас сфатив едно нешто вчера, на работа сум уште месец ипол. Ќе полудам дома дур се породам мислам, али за доброто на бебе морам да седам. Планирам да го упишам курсот на Мама.мк, со второ сте зимале курс. Со првото некако немав време да се свестам што ме снајде и одма се породив, па да се спремам сега.
Каков договор потпишуваш? Договор на дело или договор за вработување на определено време? Патолошка можеш да користиш со тоа што ќе си приложуваш документи за боледување секој месец. Ама за жал работодавецот ако сака има право да ти го прекине договорот иако си бремена. Да си на неопределено нема да има право.