Значи се може да ми пропадне во вода и боледување па дури и и породилно ако стигнам до тоа оти со некој страв сум да не се случи нешто со бебе
Види она што е најбитно у моментов е бебе. На другото не можеш да не мислиш ама игнор малку. Не верувам дека некој би бил толку идиот да ти раскине договор на сред трудноча...
Пишува Анекс кон договор за вработувањеи дека основниот договор се продолжува до таа и таа дата и секој месец така
Така е. Работа и пари секогаш ке се најде , ова другово не. Затоа пази на бебе и на себе и не се замарај со другото. Ако треба патолошка ке си седиш дома
Договор на определено. Не знам за која фирма станува збор, ама познавајќи ги денешните “газди” сѐ е можно. Отвори си патолошка ако ти препорачува доктор, бебето и ти сте најважни сега.
Бебево мое знае да биде доста активно, силни удари уште не сум почувствувала, мислам реално и рано е 23+ сум. Ама си го чувствувам по цел ден речиси. Најубаво ми е кога легнувам на грб и си го следам стомакот. Се гледаат движења, прави салто, ако ги ставам рацете да ја погалам одма ми враќа. За ова обавезно одвојувам време во денот барем по еднаш. Ја чувствувам околу папок сега, но синоќа многу долу мрдаше, се загрижив малку ама изгледа нозете биле. Кај тебе како се чувствуваат движењата?
Од кога почнавте да ги чувствувате бебињата? Со душа го чекам тој ден зошто вака без мачнини и со стомак скоро ист како пред бременоста сеуште не можам да си поверувам дека пак сум бремена.. Кога ќе почнам да го осеќам мислам ќе биде подруго.. Знам дека сум параноична, ама што да правам…
Јас мислам дека почнав нешто да чувствувам, ама уште не сум сигурна Како пеперутки, како струења, така нешто би го опишала. Едвај чекам да почне повеќе да се чувствува како мрдка. Инаку 16та недела сум, мислам кај и да е ќе почне и кај тебе.
Јас во 15+ почнав да осеќам ама само кога ќе легнев и ќе бев скроз мирна. Многу нежно беше, како мало рипче да пливка внатре Секоја недела после тоа сè повеќе го осеќав
@Thinkerbell. @Iris-1234 фала девојки. ❤️ Јас сум 15+ и со душа чекам да почне. На моменти имам како кркорење ама не знам дали е бебето или цревата зошто стално ми се јаде.
Мислам дека е бебето, на почеток ептен ми беше неверојатно ама како ќе врват неделите ќе се увериш дека бебуш те галка
Плацентата на кој ѕид ти е? Уште недела две ќе почне по малку. Ти си 14та така? Пред некоја вечер растур ме направи, си реков нешто не е ок. Следниве дена помалку и ептен нежно. И нормално, сега пак мислам не е ок. Дан помислам нешто позитивно Прееска ставив рака и си преткаше по малку. Плацентата откри на кој ѕид ти е? И стврднувања дали имаш и колку?
Нормално е и кај мене не се чувствува толку јако сеуште. Плацентата ми е на заден зид, затоа и рано почнав да го чувствувам. Стврднувања изгледа сеуште немам. Минатата недела имав некои глупи грчеви, низ цел стомак, затегања некои, мислев дека е стврднување ама ми се нема повторено, нека не се повторува, барем сега за сега. Ми се покажа како непријатно и загрижувачко искуство.
Бидејќи зимам многу мала плата и од неа да ми кратат 30% уште и ќе бидам за греота. Администрација демек али заникаде сме со плати. Ајде не се мисли, се ќе биде добро. На крајот од краиштата ти и бебе сте најважни. Не знам, ќе и пишам деновиве. Главоболка ме тишти зошто се изнервирав нешто од работа. Ми се темни од неспособни. Од сабајле имав уклучено форца и сега искрено преморена како би си отишла дома, ама не е фер секој петок да ескивирам. Ич не знам да бидам административка ко што треба, ич. Ако ви е мисла дали е се во ред со бебе, накркајте се благо и пивнете кока кола, има да излезе низ папок. Е така. Од кај знам не прашувајте.