Кандида е габичка, често се јавува во бременоста, воопшто не е опасна за бебето, не мора ни да се лечи ако немаш симптоми како печење, чешање и затоа и ти кажале оти нема потреба да се малтретираш пак со брисеви. Канестен е поефективен за излекување на вагинална кандидијаза (само да не се на Бионика), го користев во бременоста и може да се користи во сите три семестри, да не се грижиш и за тоа.
Дали има некоја од членките да била бремена а имала миом на матката? Мене гинекологот од самиот почеток ми викаше миомот е сосем небитен, не сакам ни да ме прашуваш за него никогаш, значи цела бременост миомот беше игнориран ама еднаш го напнав и ми рече не можел да го види и толку и немало да ми прави проблем на породување. Дали е тоа точно? Или да кажам во болницата кога ќе се пораѓам дека имам миом, случајно да не дојде до компликации поради миомот?
На различни места. Некогаш подолу, некогаш на средина. И под папок претежно, па лево десно. Нема врска тоа, не се секирај, мислам дека сега по 25 цм се, па се осеќаат повеќе на повеќе места.
Јас имам. Мене никаков проблем не ми направил досега, ми рекоа и за породување нема да има проблем. Како што ми објаснија имало жени со многу миоми што си истерале школски цела бременост и се породиле без проблем.
Благодарам душо, напорно беше, но на крајот вреди се. Имаме некоја посебна енергија во тие моменти и мнооогу издржливи сме. Детално ќе пишам во породилни приказни да не одиме оф топик Фала ви на сите лавици мои, жената е чудо
Јас. Гинекологот ни најде миом на почеток на бременоста, не порасна повеќе од 3 цм и веќе не се ни гледа каде е. Ниту на скрининг не му обрнаа внимание. Добив терапија утрогестан за да немам додатни болки при негово растење при ширење на матката.
Јас канестен имам користено и се супер ефикасни. Нема потреба да ги повторуваш брисевите бидејќи пд канестенот ќе се исчисти скроз
Изгледа си немаш многу имано работа со кандидава и поарно. Ако немаш симптоми, можеш само со јогурт и кисело млеко да поминеш и повеќе вода чај. Ако сакаш, мачкај малку канестен маст надворешно, ќе се тргне. Леле сега ми текна една случка со бактеријава. Бевме во Италија со маж ми. По пат малку чувствував нелагодност интимно, ама не се загрижив многу. Кога стасавме таму, веќе следниот ден ми се разви бактеријата со посилни симптоми. Леле да ме жарка, ме чеша, есенски период беше, можеби пад на имунитет. Морав и во аптека да одам, купив маст и за жал, единствена дружба интимна ми беше кремот, место маж ми ама на такви "игли" нит мене нит нему не му се помислуваше на дружење. Ете едно мало искуство.
@Saba08 @mace89 @elenaklasik @Ano фала за советите. Симптоми немам никакви, освен често што мокрам, ама ни ме пече, ни ме чеша. Исцедок си имам ама е без мирис. Стварно од 16/17 години до сега како правам брисеви секоја година биле чисти и немам искуство. Единствени вагиналети што сум ги користела се Утрогестанот. Прочитав јас за Кандида во бременост, ама вие дополнително ме смиривте. Фала. ❤️
На моја колешка миомот и растеше заедно со бебето и достигна големина на портокал. Не направи никаков проблем со бременоста, живо и здраво девојче си роди, ама ја породија царски за да го извадат со една операција. Другарка на сестра ми исто имаше и она исто без проблем си го износи бебето и се породи природно. Во Германија живее, вика дека лекарите апсолутно никаков акцент не ставиле на миомот. Под надзор си, не се секирај.
Мамички јас цел ноќ неможам да заспијам Како што легнав вело време имам стврднувања во стомакот 38+6 сум, вчера за ручак јадев боранија и цело време имам гасови и се мислам од тоа да не е Попладнето после ручек бев на ЦТГ мирно беше, ви се случило ли вака? Незнам дали да појдам утре пак на ЦТГ немам болки ама стврднувањава ми се ептеен чести
Мене тоа редовно ми се случува. Кога јадам храна која ствара гасови, после тоа стомакот ми се стрврднува, дури и како менстрални болки осеќам. На почетокот паничев и сега веќе знам од што е. Почекај, би требало да се смири ситуација за скоро
Devojki shto znachi CMV IGG na torch? Znam deka se stari antitela no kakva infekcija bilo yoa, shto sum prelezala?
За во болница каков било најмало паковање, затоа што им ставаат што дојде при рака од памперсите, е сега ако ставате сами, земи си каков што имаш желба да користиш 1ца за една недела ќе ти биде, би ти рекла дома одма со 2јка да почнете земи си едно паковање 2јка за дома, затоа што може нема да одговара на бебето, па ќе треба да мењаш нема врска што ќе е најскап, едностсвно некои не им одговараат мојата од памперс премиим се направи црвена цела, а што дека најскап и најфорсиран најарно погодени ни биле бејбилав и кан бебе брзо ги одрасниваат бројчињата, не земај залихи од иста бројка...
Jas vcera od dm xs paketce edno od baby love zemav samo vajda ke bide dovolno za tamu ama ke stavam po 5 vo Eve sterilni kesicki