И мене тоа ми зборат, ама барем по некое парче помало сакам да имаат, да не пливаат во алиштата, барем за од болница. За цм не знам, нема правила,имам само една познаничка што роди близнаци ама ги носеше до термин и беа големки бебиња, ама и она е висока доста. А јатрва ми имаше едно бебе, ама комплетчето што и го купивме за новороденче и беше огромно. Па затоа за моиве се што купувам е различна големина, да имам опции ако си поседат во меше до крај
Јас ја имам од Локо Кроко Гизмо ѕирни ја на страната 18000 со 3 дела ептен сум задоволна еве скоро 4 мес ја користиме лесна е се вози со една рака
Терам 31 недела. Бебе шутира во стомак, желудник мислам до грло ми е, воздух едвај земам. Пред некој ден бев на трет скрининг, таман полна 30та недела, ја отворив 31ва. Пак се свртел со главчето горе. Докторот ми рече дека во матка каде веќе имало други бебуши, неколку предходни бремености, полесно му е на секое наредно бебе внатре да прави салта и постојано да менува положба. Прв пат слушам, кузнее дали е така. Бессониците и честите прошетки до бањата почнаа. Уште да не бев со толку болки при станување/легнување во кревет и супер ќе беше. Вчера изнакупив алишта за бебуш, мислам дека се е стокмено, се има. Се мислам за креветче дали да чекам црни петок во ноември, или да земам да си нарачувам. Од една сретна си викам имам време, не ме кошта ништо да почекам. Ама па и кога бараш конкретен модел, баш тој нема да е намален
Значи како ќе плачам сабајле за сон, леле мале... па и аларм наместив за да ме буди порано. Кој аларм црна Ангело... ќе ме разбуди алармот у мене што не спие никад... Еве го прави некое големо преместување, некое реновирање спрема, се сврте нешто ама опасно ми го смени описот на стомакот. Само што мочав, пак ми се моча Ми иде да идам еден катетер да ми стаат, не можам веќе. Од сабајле до вечер, да земам цртки да ставам, за 3 дена цела тетратка ќе испишам. Па не е хумано. Навечер сум со 3 станувања, пиела не пиела вода, а мора да пијам, витамините навечер ги пијам, без 2 чаши вода не сум и што сакам после. Јас иначе почнав да се предомислувам за боледување, кај биле кај не биле 2 недели, си мислам да си ги преседам на работа, да замолам да ме пуштаат пак во 12, што ќе седам дома, бар да не цепкам месец, се надевам ќе се породам после 1ви па таман ќе ми дојде со празници и се потаман Којзнае уште колку пати ќе се премислам Луда работа! Не ми е тешка работата, не ми е мачно, ме тинтарат, што па да дремам дома. Само се да е во ред, само тоа сакам. Доста беше, почнав да зевам, да испразнам бешика и да му ја легнам, доста е. Убави сништа!
Еве ме мене . Повампирена.05 и 35 е! Станав во 01.30 и око не склопив а за еден саат тргам.на работа. Се изнаплакав. На пола саат пијам сода зашто грлото ми гори од киселини, ме болат раце нозе,карлица. Незнам жими се како ке се издржи до крај...мислам дека психички ке се поместам Имав шанса да отворам боледување уште од утре ама некако рано ми се гледа па ако можам ке одам уште неделава на работа. Ич некам да звучам дека се жалам ама луѓе стварно мачното еве го дојде и многу било тешко....секоја коска од телото ме.боли !!!!! Ама ужасно боли
А зошто се мачиш? Отвори си боледување и одмори се и психички и физички. Ќе ти треба сила допрва, не си ја мачи душата
Незнам зошто...се си викам рано е ,да не претерувам , 33та недела сум од денес....а самиот директор ми рече слободно да си седам дома....али кај и да е ке останам, не можам веќе....
Само мајка многу да не ти се скрати породилното? Секако ако има проблеми се седи дома или ако неможеш да издржиш ама после ќе молиш за повеќе денови со детето, а тогаш кога ги оставаме па се поинтересни стануваат ,уште па ако трга градинка подобро што покасно .
Па и тоа мислам..ама и онака ке земам боледување па одмор што имам....и некако ке дојде две недели пред термин да го отворам
@Telenovela00 si mi pisala pp, ama nema opcija da ti vratam nitu nova poraka da ti pisam. Vidi profilot podesi go.
zemi si od maticen genekolog 2 nedeli,od opst 1 nedela i iskoristi odmor ne se maci Jas sum 6ta nedela pa nemozam da izdrzam na rabota
Не и е касно, не е на патолошка. До 34та може да земе. Прашав Прво од гинеколог, па од општ, одмор и ете ти време за породилно. Само мене не ми одговара, многу ми се крати од плата а платата ми е и повеќе од мала. Прорачунав и ми излезе да земам едвај пола плата така. Така да ќе си земам здравје декември само пред да влезам во 34та 2 недели, па одморот стар и на породилно ако успееме да изгураме до крај. Ако не сменам мислење до тогаш уште едно 3 пати, не знам што ми е, до вчера бев убедена царски, сега па си сакам да пробам и природно. Каша попара мозокот.
До 34 може, да ама бидејќи е веќе 33 недела членката може е подобро да си земе од општ матичен за да не се малтретира со отворање/затворање боледувања кај еден па кај друг доктор, секако после има одмор за користење.
Е има, ама има и уште доста за веслање, а да отвори 1 месец порано боледување ќе и значи и 1 месец порано враќање на работа. Подобро сега 2 недели кај гинеколог, па 1 недела кај општ (мислам општ само толку и може да даде) и после одмор ако има бар 2 недели и ќе изгура до 38, 2 недели, 2, кој ти ги дава да ги седиш дома со бебе од 9м.
Нели? И мене мислењата ми се хаос..ми се мењаат на две минути...незнам дали од трудночава сум вака збунка цела или од што ....еднаш вака еднаш така. Сабајле до 5 до 7 се думам дали да одам на работа. Реков ке одам кој го е... и сега ми е криво сакам дома
Ама не може да земе 2 недели од гинеколог. Пред да влезе во 34 треба да го затвори боледувањето од гинекологот. После може да земе само од општ матичен. Со добра дијагноза општиот може да и даде 15 дена боледување. Од друга страна ако членката има стар одмор треба да внимава да го искористи цел сега затоа што нема да може да го искористи догодина и ќе и пропадне бидејќи ќе е на породилно..
Општиот може до две недели да даде со добра дијагноза. Некни зборев и ми кажа. Пример со дијагноза проблеми со синуси можело и две недели ,ете не сум знаела за тоа..