Можеби глупо прашање ама морам да прашам: носам машко дете, ми потврдија 3 доктори, и денеска од клиника извештајот случајно гледам горе десно sex: female. Дали тоа се однесува за мене дека сум женско, пошто од лева страна стојат мои податоци име презиме и последна менструација или тоа се однесува на полот на бебето?! 23 недела сум инаку
Се слушнав со матичната. Баш се уплашив. Кога и кажав дека на последниот преглед во Ремедика бебе беше карлично рече хммм тешко дека сега веке ке се сврти надолу ..... А баш се ПЛАШАМ од царски...
Има време за вртење, 35+ кај познаничка се сврте... а и да мора царски, па не е страшен, ко ќе го видиш бебче сеедно ќе ти е што те боли втор ден станав, на 4ти дома заминав и правев се сама, ок поминав со царски
Dali ehoto e stetno za bebeto ako se pravi primer ova nedela i slednata? Dali ima nesakani posledici?
Ич да не се плашиш. Јас поминав два царски, во Чаир и Систина, на двете места супер поминав, брзо станав, и се движев. Само не се плаши, и ќе видиш како и да биде ќе биде добро.
Мене во 36-та ми се сврте со главата надолу. Не се плаши, ќе бидеш добро, без разлика дали природно или царски
Јас искрено навистина одлично поминав. Си имав проблем со главата од анестезијата, ама тоа си е друго. Јас сабајле во 9 се породив, во 17:00 часот, станав. После си станував сама. Доаѓаа болничарките за помош, прашуваа ако сакаш да ти помогнат да станеш, да се истушираш. Јас искрено сум задоволна и од операција и од сите таму.
Јас сум 34 недела и кај мене е карлично. И на клиника и матичната ми рекоа дека има шанси до крај да се сврти ама како и да е да бидам спремна и за царски. И мене ми е страв и се молам да се сврти и да ме поштеди од мака, макар што дури и да се сврти јас треба да добијам и дозвола од офталмолог за да се породам природно поради диоптерот што го имам. Пробај со вежби да го натераш да се сврти
Тие што ја имавте/имате постелката на преден зид како го осеќавте бебуш? Јас прилично рано го осетив накај 16 недела кога и кажав на матичната во 18 недела дека го осеќам ми рече чекај рано ти е за осеќање без да ми спомне каде е постелката, а она си запишала. Но сега како проаѓа време исто како што се жалев претходно дека прениско осеќам мрдање уште си е останато така. На ехо кога правев скрининг пред 2 недели ми рече Димчев дека со нозете била доле и нив сум ги осеќала и дека постелката ми е напред (тогаш дознав). А никој не ми спомнал дека ниско ја носам па ваљда не е тоа. На ехото се гледаше мрдаше со рацете ама јас тоа не го осеќав. Дали е можно од постелката јас нејзниот горен дел да не го осеќам, туку само нозете?! Ќе се смени тоа или да си "уживам" голицкање на бешика до крај
Мене постелката ми е на заден зид. Ама истово што го кажуваш го чувствувам. На една од предходните контроли матичниот ми рече дека нозете му се скроз долу ниско, ама тогаш не го осеќав до толку. Сега дека е поголемо и тие движења долу ниско (се надевам и јас дека се од нозете), дури и језиви ми се. Исто и кај мене на бешика ги чувствувам често. И тоа сето додека стојам и седам. Кога лежам на грб ја чувствувам кај папокот и дури се гледаат движењата на стомак.