Да, од постелката не го осеќаш нејзиниот горен дел. Постелката е како перниче, ги амортизира ударите и не ги осеќаш
Мешенца убави Јас денес се породив Се роди малиот батко меко како памукче Ве гушкам и имајте лесна и убава бременост
Па пред 26та недела нема ни смисла да се дадат затоа што во мк порано од 26та недела родено бебе нема преживеано затоа и од 27и надоре ги даваат
Дали и на некој друг му се чини како стомакот престанал да му расне во деветтиот месец од бременоста? Бебето расне и напредува ама стомакот ми е исти како во осмиот месец... Чудно?
Истото сакав и ја да прашам 15+ сум и како да не ми расте стомакот такво некое мислење имам кога ќе се видам.
Мене ко во 5ти ми се чини, влегов у 8ми а многу мало стомаче. А бебе расте... Ваљда е све ок штом бебињата си растат нема проблем. Ама ич не се замислував така трудна. .. Во поширока мајца не ми се ни познава, не сум ни поправена, 4 кг до сега.
900 ден ама многу често има акции и попусти во Зегин, па може да се најде по поволна цена. Отварај често на страните на Зегин или Еурофарм и сигурно ќе го начекаш на попуст. Поефтина а исто одлична опција е Хипп путерот, околу 400 денари е.
Дојдоа моите резултати од нифти, се е во ред, фала му на Бога. И машко е Знаев знаев, цело време мислев дека ќе биде машко. А син ми баш викаше дека сака сестричка И сега не знам како ќе издржам 2 дена да не кажам...планирам торта да земам и да имаме gender reveal. Здравје може од трето ќе биде женско, само кај нас по природен пат тешко...а трето инвитро не ми се прави. Има таму во резултатите нешто за фракција на крвта, што значи тоа?
Со претходните бремености дури петиот месец почна да ми се познава стомак дека премногу повраќав...а сега и така си имав стомак пред да останам бремена ме прашува да нема нешто и помалку повраќам ова бременост и постојано ми беше исти.. некако ова недела си осеќам малку потрудничко... ја почнав 19 недела од бременоста..
Немој да се плашиш , и мене ми беше страв ептен , ама во 11 сабајле се породив во 20h вечерта станав , дури се изненадив колку не ме болеше , зошто јас очекував креветот дека ќе го гризам од болка
И јас имав стомаче пред да забременам и сега се гледа дека е трудничко потпораснато али незнам зашто си мислам дека ми е мал со оглед на тоа дека се две ... Ај задутре сум на контрола ќе ја прашам докторката дали одговараат на неделата бебињата.