Јас ги користам aqua maris 4 allergy бидејки имам труднички ринитис. На природна база се..пробај ги неколку дена..
И јас да се приклучам на отворената тема. Како почнав да се ближам, па и сега кога влегов во трето тромесечие, ми почнаа таква панични напади и анксиозност страшно лошо се осеќам. Пулсот ми оди до 130, притисокот до 120 со 80 и главата ме боли скоро секој ден. Пошто имам низок притисок за мене овој е висок, а онака знам дека е нормален. Дополнителен стрес ми е што се близначиња, преголем страв имам од предвремено раѓање. Пробувам да отргнам мисли, да мислам на друго, ама тешко ми оди. Маж и сите блиски се полудени од мене, ги малтретирам и нив ама премногу. Дајте совет со што да се смирам, а што фина жена си бев до пред една недела
Земи си ментол кристали и на фолија ќе ставиш 2-3 и одоздола запали да почне да гори и со затворени очи вдишувај. Немој само многу блиску.
Вториве микробиолошки брисеви во која недела се прават и дали може втор скрининг во 22недела од бременоста
И мене ми се дешаваше понекогаш истото на едната нога само. Одвај пешачев. Ако ти е утеха ќе ти помине кога ќе се породиш
Првите брисеви во 12 недела, ако е сè во ред и ако нема потреба од контрола тогаш се прави брис само за стрептокока во 35 недела. Втор скрининг може во 22.
До кај си? Која недела си? Немам многу време да ја следам темава. Ама гледам голем дел се породени па ги има во темите за бебе
34+0. Каков страв ме има фатено, само кукам дома... Бебе е карлично, големи се шансите за царски и паниката ме убива, ич не мислев дека толку многу ќе се плашам... уфффф
Јас бев на терапија ама ми ја прекинаа во втор месец од бременост. Тогаш матичната ми рече дека ако не се издржува има антидепресиви кои се дозволени во бременост . Така да ако не е издржливо консултирај се со психијатар . Не се мачи. Детето ке има потреба од здрава мајка и психички и физички.
Мојата во 36+ недела беше карлично, па се сврти. Нема правило, не се секирај имаш уште време, ќе се намести бебче
Јас дојдов да си кажам,ми стигна резултатот од Нифти тестот,бебе е здраво право без аномалии фала му на Бога,а за полот ке почекаме до викенд ке правиме gender reveal
Дали ти помага спрејот? Јас имам алергиски ринитис уште пред бременоста ама сега е изразен 3 пати повеќе. Па да знам дали да го пробам.
Мене ми помага, многу подобро ми е со него..Три пати на ден по два пати во секоја ноздрва. Јас ринитисов го добив во бременост.
Чим се појавил во бременост големи се шансите да го снема после породување. Јас го имам од дете. Ќе го пробам спрејов, се надевам дека барем малку ќе ми олеснува.
Пробав со оперил, супер со него ама ограничен е за ставање..Не смее подолго да се користи. Се надевам ке ти помогне.
Идни мамички, имате акција Премама 1+1 гратис, рокот е добар. Јас земав во Зегин, не знам дали има во сите аптеки.