Дали имате болки чат пат во колкови? Ко да ме вијат, и сега цели нозе надолу. Ако се менува времево евентуално Ај кажете дали имате такви виења, болки. @Lina-Detelina ти? 22ра недела сум. И дали да земам магнезиум кесичка, бидејќи утре ќе правам крвна слика, може да влијае на шеќерот?
Да и баш од 22 недела ми почнаа по малку. Грчеви во нозе ама само кога ќе легнам. Сега сум 24 и уште имам
Еве кај има новогодишни ствари за бебиња,пред некој ден некоја бараше не ми текнува која членка ама еве ставам тука нека стои
Во тој период имав и јас, искрено тогаш не знаев на која страна да се свртам и да спијам. Ужасно беше ама после помина
Mamicki dali ima nekoja od vas osteoporoza i da e bremena kako se spravuvate imate li bolki vo nozete, racete i grbot?
Јас порано ги имав тие болки како виење во колковите, не можев ни да спијам. Сега кога станувам од кревет додека се размрдам само левиот колк ме боли и накај половината. Ама мислам дека сето е нормално.
Здраво, јас сум 6 недела од бременоста но претходно имав 3 спонтани абортуси сите беа во 6-7-8 недела од бременоста. Сакам да прашам дали знаете доколку е спонтан абортус како покажува бета хцг резултатот?
Јас кога имав спонтан бета проверив сабајлето во 8 часот беше ниска 182,освен болки ништо немав,во 11 и 30 искрварив многу значи плодот се спремал да излезе а имаше и срцева реакција Сега примаш ли нешто терапија?
Да примам клексани, аспирин и утрогест имам згрутчување на крвта. Претходната бременост земав клексани од 20мг и пак имав спонтан. Вчера направив бета хцг испадна 15350 и 6 недела сум. Затоа прашувам дали останува така како што е или паѓа доколку има спонтан
Ако има спонтан, ќе паѓа. Не се секирај, супер ти е бетата. Одмарај, под терапија си, ќе биде сè во ред
Јас имав missed abortion во 6 недела бетата ми беше многу висока, бев на чистење и правев испитување секоја втора недела. Бетата ми падна на 0 после два месеци. Затоа најубаво ти е да разговараш со доктор, бетата не е мера на успешна бременост, но и немора да значи зато немој да мислиш на најлошото. Уживај овој пат ќе биде
Супер штом се гледа во матка, уживај и не се замарај многу, покриена си со терапија. Тоа што било порано, поминало, сега само позитивно и се ќе биде супер.
Свекор ми почина лани во декември, на помен за 6м во мај бев трудна и си бев, само не ми дадоа да раздавам. Сега година ќе ставаат и планирам да одам пак, зошто да не, тој човек ми беше како татко и пред се е татко на мојот сопруг и многу нормално дека ќе одам. Ако ми е стрес нема да одам, ама да му речам на маж да не оди, нема шанси. Бабини деветини се тоа, ништо нема во одењето на гробишта. После скоро цела година отидовме со синко викендов кај дедо му на гробишта, со драго срце, направив појадок, јадевме таму и му се смири душичката на детето, зошто се немаше помирено со фактот дека дедо замина. Јас едвај се движев, од 24та до пред некој ден. Така да, нормално е. Машала цениве... Во Мапетс се каде каде поефтини, во маалските дуќанчиња па да не збориме. Во Вајкики за синко имав земено едно 850ден преубаво, ама големко ќе му биде на ова да го натнеме па ќе барам сега друго. Мене ми стигна боди од Мапетс 250ден новогодишно, ама големо е па ќе го мењаме. Бејбисито пораснал, има 1200 скоро, карлично поставен иако мислев дека е надоле веќе, али сега сфаќам зошто мочам ко фонтана, игра на трамболина со ноџињата. Си добив и сличе од него, за бате, уф каков љутко е, каков бумбарец, бесна глиста. Не застана и на ехо. Некој ден е назад ама не е страшно, супер е. Додуша и едвај го измери, не застана мирен. Контрола за 3 недели, со уринокултура нормално, ќе се проверуваме сега секој месец за секој случај. И качено само 2 килца од минатиот пат или вкупно засега 10 кила, добро, не е лошо. Повеќе од со синко, ама па што е страшно, ќе се симне тоа се за час. Се смееме со сестрата вика не те мерам веќе, да не ми бидеш под стрес. Љуби га мајка, немирно едно, тепачле на мајка, овој ќе ни биде жарче. Убав ден мешиња, одам на пауза да истрошам калории од појадок!
И јас ке одам сега да истрошам калории И мојата е сеуште карлично. Т.е беше на последниот ,сега незнам ама мислам уште е. Иначе ми дозволија работа од дома и сега сум си хоумче... Бај д веј , ке ме истепате знам ама имам страшна потреба од цигара....стварно нз што да правам...не можам да не мислам ,пробав ама не иде...и сеа си викам шо ке биде ако пафнувам по една чат пат