Каките сепак ќе треба со купка да ги замиеш, има и лепливи каки и не излегуваат само со вода. Од Веледа штом сакаш да користиш може исто така да си земеш и купка, тубата е голема и долго трае.
Има шампон и гел за туширање и посебно лосион од веледа кое од овие две да ги земам или двете ќе треба.
Шампонот и гелот се за бањање. Лосионот ти е како млеко за тело, за после бањање, за хидратација. Средство за бањање (купка/шампон) најдобро е да е земеш, лосионот нема потреба редовно да се нанесува, ќе одлучиш сама дали има потреба да се хидрира кожата на бебуш доколку е сува.
Овој ти е и за коса и за тело. Сè сум користела од Веледа, од крем за ладно време, купка, крем за лице, масло, млеко за тело, крем со фактор во лето, за пеленска регија, сè што постои од оваа жолтата линија. Задоволна сум од сè, ги користев за што и да имаше потреба да се става. Земи си тоа што мислиш дека ќе ти треба, сè е убаво.
Ooo мила, тоа каките не се мијат лесно со вода, коа ќе се залепат, до врат. 2 во 1 земи си на Веледа и крема за газе за секој случај, ама не мачкај на секое едно. Бато така го терав и има стакло кожичка. Нема ти да го мачкаш шљачкаш на секое едно, во нешто ќе си раствориш од шампончето со топла водичка и ќе го замиеш. Јас растварав во кадичката и го ставав бебе, да се замие малку со вода со шампонче, тие не се запотени или испрљани којзнае колку, ама каките не се мијат со вода секако. Мајка се спреми, си купи фстанче за искачање од болница, ко за мене створен, еден убав, еден модерен, лепота. Бебе има време, ќе го дотераме и него, имам веќе напраено нарачка, уште да ја пуштам од Мапетс. Какви шпихозни вадат тие не се нормални.
Овие планирам, мислам доволни ќе ни се за почеток. Не сакам премногу козметика да трупам, ќе видам што ќе треба понатака. Ова за старт е ок, плус е природна ептен. Околу 800 ден е сетов.
Купив јас на микролајф или не знам да го користам или не го бива, а 2700 го платив. Со обичен, со дигитален и со бесконтактен различни температури покажува. Ако сакаш да се заебаваш како мене, купи, ако не и со обичен ќе поминеш.
Е тоа ми беше и мене дилемата. На работа имавме бесконтактен нели меревме температура со ковидот и врска немаше температурата што ја покажуваше ама си велев да не не е квалитетен. Значи обичен дигитален да земам па ако не дај Боже треба после ќе купувам друг.
Моето искуство е следно Јас земав avent ultra air цуцли и ми ги прифати , земав шише avent anti colic но ја дојам и до сега го употребив да и дадам чај против грчевите ама не го сакаше така да шише не сум користела, е сега за прашокот првично земав персил сензитив гел и омекнувач на чико , секогаш со дупло плавење ,но ѓаволот ме тераше после тоа да земам бекутан и ми се исипа , козметика uriage до сега сме немале проблем , и крема за пеленска регија на frezy derm
Јас здравје планирам шишиња на Авент бидејки и со синчето ги користев нив,цуцли на МАМ ако ги најдам тука ,а ако не или Авент или Бибс,прашок за перење на Виолета бебешки,козметика Мустела за почеток и павловичева на Др-Павлович за газе и тоа за сега ми е замислено. Инаку со синче уште во болница му дадов цуцла и супер си ја прифати.
https://www.babycenter.mk/nuvita-2071-digitalen-termometar-za-uvo-876138.html Овој го земав , добар е , брзо мери и доста сензитивен е, имам и дигитален на чико ама со овој ми е полесно особено ако е вознемирена, со тој нема шанси да измерам