Имам едно можеби глупаво прашање. Дали ви е ок ко ќе ја објавите бременоста, некој друг да се истрча пред вас прв да купи нешто за бебето?
Да, не гледам ништо лошо во тоа. Сакам да прашам, иако не знам како се движат цените на другите цуцли, но видов случајно од Бибс некако скапи ми беа. Не ја знам маркава, од овде што ве читам и гледам се форсират, што ги прави толку посебни?
Помодарство Според мене не треба да се фрлаат многу пари за цуцли и флашички. Земете со пристапни цени и некои што нон стоп се достапни во продавниците. Моја сугестија Бејби Лав од ДМ, ефтини се а супер. Со првото почнав со Томи Типи, некако не ми се допаднаа, продолжив со МАМ и Бејби Лав
Не гледам зошто да не е ок. Секако тоа е направено од срце. Јас до скоро имав страв да купувам било што, тек после прв скрининг си дозволивме со сопругот да гледаме бебешки работи и да купиме по нешто ситно. Едни пријатели што ни се многу блиски, колешка на сопругот и дечко и ни купија сет шпикозни со капче и шишенце Софи уште после срцева реакција кога им кажавме, негде 9та недела бев мислам. Јас и кажав дека премногу е рано и не им требало, ама девојчето со солзи во очи ми вика те молам немој да се лутиш, премногу се радуваме и ни е мерак како за наше дете. Не се толку скапи Бибс, јас имам купено 2 за 599 денари од Зегин.
Во право си. И јас со првото земав и авент и томи типи и некои други, за на крај да ми прифати само бејби лав а истите беа ако не се лажам 100 денари
Не знам дали има сет на Мустела, на Веледа знам дека има. Сега имаш попуст на Мустелата во Зегин ама само онлајн.
Девојки да прашам дали на некоја од вас и ги вади упатите со старо презиме? Ако е така како сменивте? Бидејќи гинекологот ми кажа да сменам за да немам проблем за породилно. Во социјално бев но од таму е сменето
Да скапи се стварно.. Сега ми излезе на фб една жена сама што изработува,може да се нарача вакво нешто за сликање,само незнам која цена е,а слатко изгледа
Оди во фонд, одма ќе ти сменат. Ја со првото немав сменето, и немаше проблем со ништо, само во болница ги имав и двете презимиња Али после тоа средив. Односно сопругот беше и за 2 мин му завршиле работа.
Можеби имаш појак стандард од останатите ама реално 2 за 600 ден на Бибс во споредба со 2 за 100 ден на Бејбилов - ??? Кој како сака нека си купува, јас споделив свое мислење
И оваа е скапа, прашав за едно плетено како шпихозниче ми кажа 2000ден. Само за сликање богами и скапо е. Мојот дедо мраз го изнаноси од декември до фебруари 850ден го платив. Како бе не се скапи 2 за 600, 300ден цуцла е ту мач. На Бејби лав се 2 за 100ден. Еве оваа на Авент е 200 и таа е скапа искрено, пак се крпи, ама за 300ден цуцла ту мач ми е. Кој може да си дозволи, ако му е ќеф, ок, ама дека е скапо, е. Додуша не љуштат на емотивна база со цениве, за дете божем, прескапо е. Цените на пелените колку се само отидени во плафон, премногу.
Ееее како и се нафрливте на @Bella_Stella. Еве и мене ми е прво дете и мислев дека воопшто не се скапи Бибсот, 2 за 590. Авентот како што гледав две беа околу 500 па бидејќи не беше голема разлика се одлучив за Бибс. Бејби лав искрено не ни гледав затоа што никој од блиските што имаат деца нема користено и воопшто ниту ми паднаа на ум.