Јас имав контракции мама од 30+ ама не беа на ист интервал, со лежење си бев од старт ради др причини, е сега Сакав да ти кажам како ги смиривме пиев магнетранс од 400 мг со продолжено дејство што се тие по две на ден и едно од 200 мг на ручек, но-спа апчињата три пати на ден- тие се за опуштање и во нив има магнезиум и плус ферона апчиња за грлото да не се крати ги даваат сега се добри и во нив има нешто магнезиум. Рачунав ми се собираше по 1,5 г во ден магнезиум ама ова се е со дадена терапија од доктор и имаше ефект од 35+ уопште немав контракции рамни линии до пораѓај ( договорен царски) што викаше докторката вака до термин би го носела, а претходно броевме денови и инекција за зреење примив една. Се надевам некако помогнав
Клексан пред забар не би требало да ставам нели? Да го ставам откако заврпам. И анестезија веројатно не смее? Примам по еден клексан од 40, наутро. Фала
Не сум вадела. Осмицата ја крпиме, а за вадење е. Ми ставаат лек и го менуваат повремено. Страв ми е сега да вадам заб, знам дека може анестезија без адреналин после 4-5 месец, ама со оглед на тоа дека може да се одложи решивме со докторката да одлагаме. До сега секогаш одам на забар пред клексанот, така се погодило зошто го ставам во 12ч. За анестезијата пишав погоре. Аспиринот мене ми го прекинаа зошто ми се појави гестациски гингивит и непцата страшно ми крвареа. Откако прекинав со Аспирин помирни се. Прашај си го забарот најдобро.
Мене дневниот ми е 4.8, 4.9, тримесечен 4.7 ми беше во мај, 4.3 во септември, ама ме пратија и огтт малку покачен. Така да мислам дека ќе те пратат.
Сирење овчо седено во канта во солило може да се јаде? Имаше нешто опасност да пренесе токсоплазмоза?
Samo ako e odlezano, inace ne. Mene mi donese svekormi, ama go cuvase da odlezelo dopolnitelno uste 2 nedeli pa posle jadev.
Секако дека е од помош одговорот Баш ќе го земам и јас овој магнезиум, и така сум на крај. Пијам прегна макс, ист состав со ферона се, но за овие но спа ми нема спомнато докторката. И претходно ги имав сретнато на форумов, читав членки ги пиеле за болки ама не знаев за какви болки. Ќе и спомнам секако деновиве па се надевам нема да ми каже не знам прв пат слушам
Јас мерам само шеќер на гладно и тримесечниот, како и тој 2 часа после јадење. Одам во Емедикал редовно на контроли, ја прашав докторката која ме следи ми рече дека не треба да праваш скриен шеќер, секако ме води како гестациски да имам бидејќи од претходно имам инсулинска резистенција, препораката е да сум на диета цело време, без шеќер и останато. Инаку вака шеќерот ми е добар и тој тримесечниот ми е супер. Јас си ја слушам докторката и секако внимавам на внес на шеќери, така ќе продолжам.
Мамички да ве прашам за искуства, без денеска на ехо преглед, 30 недела сум, бебето е за една недела понапред, протоци одлични, ддимери и времиња одлични, цервикс 4,5 мерен абдоменално,но докторката ми спомна дека малку е намалена плодовата вода, ми рече контрола за 2 недели да се проверат протоци и количество на плодова вода. Јас сум со клексани 2 пати на ден и лежам цело време по препорака.Дали може да споделите што значи намалена плодова вода и дали може да се издржи 2 недели или повеќе? Многу сум загрижена повеќе од тоа што лежам не знам што можам да направам…
Од која недела почнуваат побезбедни недели за пораѓај знам дека од 36,37 веќе безбедна зона е но ме интерисира за порано дали од 32 и плус се примаат тие инекции за зреење ако некоја знае да ми каже од кога полесно можам да дишам.
Правила нема, јас без инекции во 35та се породив со големиот и не беше во инкубатор. Реално и 32ра да се породиш во инкубатор е безбедна зона, нели, ама работата е да издржиш бар до 36та.
Ако имаш бременост која е во ред немаш простор за паника. Доколку докторот смета дека треба да примиш ќе ти каже.
Не смееш на своја рака да прекинуваш клексани, тоа треба да го одлучи транафузиолог дали треба и колку дена а после се вади заб, кој и да ти извадил така прво е непрофесионално а друго толку знае, муабетот ми е може да се направи беља невидена. Аспирин какво крварење знае да даде а не па клексан. Јас сум орален хирург затоа и ти го пишувам ова.