Јас спијам на десна страна на лева многу ми чука срцето и неможам се гушам разговарав со докторот ми рече спиј слободно на која ти е подобро
Јас спиев цела бременост почесто на лева а понекогаш на десна страна. Мене гинекологот ми рече на која сакам страна да спијам.
Јас намерно, со сила заспивам на лева страна, со перници меѓу нозе со трудничка околу мене. И цело време дали во текот на ноќта, дали сабајле се будам на грб џабе перници, све буткам.Цел живот немирно спијам, сум спиела на стомак од кога памтам за себе за сега на грб да ми е омилено. И преку ден ќе легнам 2-3 минути на грб и мислам дека кичмата ми се препородува и немам грчеви во нозете. И десната страна ми е поубава, најверојатно зошто ја форсирам другата и кога ќе легнам на десна мислам дека за секунда ќе заспијам од убаво што ми е. Ех, какви маки
Спијте како ви е убаво дур можете. Цела ноќ не сум спиела. На ниско се гушам, ама буквално се гушам, ко некој шлајм да имам заглавено во грло, ме гуши, ме стиска срце дури. Ми се има десено на 2 - 3 пати да ми затропа срце така силно, да мислам блуза ми крева, дури и физичка болка осеќам, онакви отсечни 10ина откуцаи и толку, и од тогаш ми е ова со гушењето, со синко голем сум го немала ова. Се надевам ќе помине, оти како станувам поголема и потешко станува. И да, пак сонот ме јавна, на пладне така ми се приспива, ми се плаче, навечер уште во 9 сум кома. 3 дена сега дома планирам да одмарам, односно денес ќе просмукам и зачистам, чисто ми е уште од генералката со мајка ми, за 3 дена да ги одмарам и по родендени и другарки да се акам во останатото време. Сами сме со дете, лепота. Љуби га мајка нешто се смири, многу го оговарам дека е немирен, од вчера е помирен. Да видиме до кога, ако се смири стварно па ќе ми недостига неговото лупање и мрдање, бунтовник мајкин. А да, утрово станав и со грло ко отечено, се надевам од ладниот воздух ќе биде пошто на работа колега мртов ладен кажа дека ќерка му била позитивна а и он поткашлувал ама минатата недела 2 дена само не дошол. Се надевам искрено дека не е ништо. Ќе награбам денес бомбони ментол, па ќе видиме. Убав ден петочки пред продолжен викенд!
@AngelOfArh и јас се гушам. Око неам склопено. Ке збудалам веке. Него дај кажете дали има некаде донесено елки новогодишни и лампиони , Бит пазар?
Bev vo elixir vo strumica 10 zemav drugoto enoxaparin bese i mi rekoa deka se deficitar clexanot.naredna kontrola kje i recam da go smeni izvestajot doktorkata
Знам досадна сум со магнезиумов ама да прашам дали може од 250мг чист да купам без додатоци од витамин б и да пијам од него по 3 или 4 на ден.
Кој бараше новогодишни шпикозни? https://www.facebook.com/coolkidsfashionmacedonia/ Еве овде има нешто.
Рано е, лани најрано пуштија во Пантер Мис, оди таму, јас земав елка која на друго место беше од 6000 нагоре, ја земав за 3000.
Ова е многу опасна заблуда. Ова е вистина за витамин Ц, витамин Б бидејќи телото го исфрла вишокот. Што не е случај за витамин Д на пример, телото го чува вишокот витамин Д и има ризик за појава на калцификати. Исто и со витамин А, телото не го исфрла вишокот и може да доведе до проблеми. Исто вишок магнезиум може да предизвика проблеми иако е ретко. Така да не земајте секакви суплементи без консултација со доктор/нутриционист.
Секако дека доктор ми има кажано, конкретно за обичната фолна која моето тело не ја прима заради мутации, затоа пијам метилирана и оваа што ја има во магнезиумот не прави никаков проблем. Сите витамини што ги примам ми се одобрени и препорачани од доктор.
Те сфаќам конкретно за твојата ситуација, но пишување вакви работи кои не се точни, посебно во тема за труднички муабети каде секој може да прочита и да почне да го применува мислам дека не е во ред.
Пишав за магнезиумот, за кој бев сигурна дека може да се пие и покрај тоа што содржи Б витамини, зошто јас цело време го пијам, одобрено од доктор. А уствари не знам што е со тоа ќе прочитале на форум и ќе почнале да применуваат, посебно трудница мора да се консултира со доктор, да биде претпазлива, а не да слуша вакви лаици како мене.
Пред два дена во локо кроко кога бев , вадеа новогодишно редеа. Баш негде и на фб ми искочи во некоја продавница дека почнале со продажба на елки, ама ич не ми текнува која беше. Јас од хубо ја земав лани, од вицко им беа елките.
Пораснало моето бебуле, 15+6 денес. Сѐ е како што треба. Мрда ли мрда, салта прави, крева раце, нозе. Постелка на преден ѕид значи дека покасно ќе почнам да го чувствувам така?
Да и имам пишано дека така ми имаат кажано, односно стручно лице доктор, сигурно не мислев на колешка или комшика.