Јас имам постелка на преден ѕид, почнав да го чувствувам некаде 16 недела. Иначе како што читам, тие што имаме постелка на преден ѕид, покасно ги чувствуваме бебињата, али сепак е индивидуално. Баш ми е мило што се е супер.
Не се оптеретувајте, докториве ги вртат десетина витамини. Магнезиум ваков онаков..тој е..фолна е таа..слушајте доктори и нема филозофија. На своја рака не сум се напила буквално ништо.
И јас сум ко со грло подуено. Ама само така се осеќам дури голтам. Црп направив, беше 6,6 од граница 6. Гинекологов мој вели не е многу да не ти давам антибиотик. Јас? Па летото на 12 црп не зедов ништо, нит парацетамол нит друго апче. Сега ме замисли шо му текна на докторов, ама ајде нема врска. Не се осеќам класично настината, туку само при голтање. И мене така навечер ко тешко ми е, носот ми се затнува, немам проток на воздух низ ноздри, морам преку уста да дишам. Па ми се суши грло и уста, суви барут пресуви. Нека мрдаат, шубавко. Јас вчера на преглед бев, ко видовме како се прозева, леле многу слатко изгледаше, како мало човече си се испрозева. Штета во тој момент сликче немаме. Ама докторов ми дава цела снимка на цд, треба да проверам дали тој момент го има. Од слаткости - тоа . Ај чао.
За сушење и мене ми се сушат, и тоа многу, грло и нос барут суви. Не ми беше со синко вака. Се пробав.
Еден апдејт од мене,успешно поминат втор скрининг се е во ред со бебенцето и многу сум среќна ,др ни рече ако сакаме дополнително да си направиме детална фетална кардиографија кај Др Драшко и одма закажав иако се беше уредно на скрининг сепак не е на одмет.
Девојки препорачајте ми добар педијатар во околината од карпош 3 до Ѓорче , да бидам спремна за бебе....
Паскалов, кај Форца (Гоце Делчев студентски дом) и во Ѓорче Зотовска и Маџовска, али гужва е огромна да знаеш на сите 3 места. Јас сум со баткото кај Паскалов и бебе ќе биде кај него.
Фалааа. А иначе дали веке сум безбедна ,? 33та недела? Се ми се врти у глава филм ,викам што ако тргне пораѓај....
Безбедна зона е 37+. Тоа е терминско бебе. Пред тоа ако тргне значи има нешто што не му одговара на бебе. И во 38ма да се роди може да има компликации, ама пред 37+ не е пожелно да излезе.
Да, така ми има кажано гинекологот и мене. Јас сум 18та, на заден ѕид ми е постелката и минатата недела почнав да го осеќам
Мене во претходната бременост ми беше на заден и баш околу 18та и јас мислам почнав да го осеќам. Како и да е, нека се живи и здрави само. ❤️
Mене баткото ми е роден 35та, здрав, прав, фала богу еве го 6ипол години има прваче е. 33та и да се роди има големи шанси, но гледај да бидете добри до кај 36та бар, одмарај повеќе и ќе изгураш. Јас имам братучетка родена крај на 6ти-почеток на 7ми, возрасна, мајка сега, здрава права, пред 36г и тоа. Не се сеќирај ама па и одмарај максимум што можеш.
А многу се раѓаат со компликации. Затоа кажав дека безбедна зона е 37+. Пред таа недела играат улога многу фактори. Пак ке кажам, ако едно бебе или човек немал проблем со нешто, не значи дека сите ке поминат топ.
Немој така душо, јас сум со две и има реални шанси, ама пак си се надевам барем 35та дека ќе дочекаме. Не си прави непотребни стресови, ќе си чекаш термин ти, штом си со едно и немаш проблеми
Ве молам да ми помогне ако знае некој. Од синоќа па еве до сега не го имам осетено бебето да се мрда А вчера на Цтг во првите 10 минути линијата што го означува срцето на бебето беше скроз рамна, а во последните 10 минути нормална како и секогаш. Докторот рече спиело па се разбудило. Ама прв пат вака се деси. Не сакам да вознемирам никого ама страшни сонови сонев цела ноќ, со плачење и врискање се будев. Дали да одам на друго Цтг сега веднаш? Тоа со рамната линија ме извади од памет. 37 недела плус неколку дена сум.