Не ми е за парацетамол, немам тт, кашлам и крајниците ми се големи, се затнувам и цело грло ми се суши. Вака болно не се осеќам, ок сум, ама со грлото партали ич не е забавно. Втор пат ме фаќа вака во бременоста, првиот пат за 2 дена ме пушти, да видам сега. Ако одам на доктор ќе ме тера да пијам антибиотик, а не сакам, така да ќе си трпам и ќе си гаргарам лимон и сода, ќе се лечам бапски. Јас! Ама игнорирам, кога не се трпи ќе се напијам парацетамол. Јас општо си страдам од главоболки, нема нема ќе ме акне, мислам дека од видот што ми е расипан ми е а не ги носам редовно наочарите. Не сакам да пијам често парацетамол па пробувам се, сон, кафе, лимонада, кока кола и ако упали нешто упали, ако не тогаш пијам.
Мое тазе искуство, почна со суво грло еден ден, па продолжи со надразнето и премногу болно грло два дена, за да си почне ужасна истоштувачка сува кашлица! Правев крвна слика- црп плафон, правев и пцр и микробиолошки брисеви, излезе дека е бактерија хемофилус инфлуенца, ми даде терапија,за три дена бев подобро. За кашлицата пиев сируп Алтал (бел слез,црн слез и босилок) ама после мене син ми пројави симптоми, па после повторно јас еве сега се трудиме да ја искорениме повторно не била излечена по 7 дена антибиотик... Рефератов го пишав, за да ви сугерирам на време реагирајте кај доктор испитајте што ви е, да не се противев на антибиотик првите пет дена сагата ќе имаше пократок крај,вака цел осми месец боледувам, хорор....
Да а? И кај мене од синко е, на ти го дај ми го си праиме. Он беше болен, заздраве па еве го сега пак. Ко на адаптација во градинка да е, прво одделение мислиш не одел никад у градинка, кашла буфта. Додуша он има мака со аденовирус секоја година по 3м, таман околу нова година ќе го пушти. Ако до понеделник не ме пушти ќе одам кај матична, не бива.
Нам ни е од градинка, ја има бактеријата и кај други деца и буквално еден месец се вртиме во круг де поарно де полошо...
Па да, особено дека сега сме со паднат имунитет ние трудни и се закачуваме. Ајде ќе помине. Епа 6м не се ни осетив трудно, сега за 1м мора да надокнадам се.
Да пишам после долго време, од месец на месец ви пишам Вчера gender reveal имавме, машко е бебе, ќе биде Матео скринингот предтоа мина одлично, Петрова рече се е океј, како што треба, мереше абдоменално цервикс, не знам како го измери 3.2, а мислам 2.5 ми е пост конизација, неважно, само да терам барем до 34т недела, па и до 9ти да влезам во посигирна зона препорака за шеќер тест, 24та недела? Нели нешто подоцна се правеше или грешка сим јас? Или поради индикации го даваат и порано, на вака подебелки ко мене Бебе е доста активно, којзнае што праи низ стомак, салта, ама ако, некогаш намерно јадам благо ако го немало подолго време А апетит леле, не ми се збори, а и стрвна Ноќе де спијам, де не спијам, кога како, се давам на грб па стаам повеќе перници и така... Малава не се двое од мене, не знам што е работата, ни до вц не можам да отидам, претходно спиела неколки пати со мајка ми, сега неќе никако, неќе ни со мм да застане ни да си легне, а јас и мм барем не и збориме за бебето, нит ја форсираме за да дава нешто на бебето ко ќе се роди, ако и збори некој нешто ќе го отепам Домот нов сеиште не среден, кога ли ќе биде не знам, ама веќе смрзнавме овде Побарав агенција за чистење, ми побараа 250 евра мајка вика јас за 50 ќе ти исчистам и кафе да ми праиш тоа е тоа девојчиња, галете мешиња
Алишта само оние широките фустани не ми пречат, ама затоа незбам што ќе правам со прслуци, прво се префрлив на едни од бонати без жици, а сега и на спортси, ама ужас. Како да ме гушат иако ми се реално комотни. А без прслук е бива да шетам, па така сега само блечам од под гради, надолу, нагоре и за кратко е подобро. По препорака и порано може. Семејна историја, повеќе плодова вода, поголемо бебе.... јас така околу 25 го правев Ич не си ги давај парите на агенција. Верувај ужас се. Ја стака решив да викам од агенција, ако ми веруваш 3 пати ги враќав и морав да се карам. Првиот пат туш кабината не беше исчистена. Добро утро, добар ден. Ноќеска богами сме поспале убаво. Малку топло во собата, ама креветот што се плашев удобен прилично. Па и ме погодиле, оставиле едно чудо перници за потпирање Доручкувавмр и јас сега си одморам во соба, а мм и дете отидоа на бањање на базен. Таман да се доодморам после доручекот, па после да шетаме на раат. Убав ден мешиња
Градници веќе 2-3 недели ми сметаат, па гледам да носам само на работа или ептен за излегување. Низ дома, не. За алишта дебели хулахопки и фустанчиња носам, труднички панталони не ми се удобни воопшто. Поголем дел од блузите веќе ми се затегнати на стомак и покрај тоа што не ми е многу голем. Класични пантолони со патент и копче одамна не ми чинат, а и не ми се удобни. Во Васидора и во еден локален бутик најдов пантолони со ластик и поприлично широки во горниот дел така да со нив ќе терам барем неколку недели. Реално за дома не ми е проблем, за на работа мора да имам повеќе облека. За прв пат ноќеска при вртење имав прејак и болен грч во мускулите на нога. За кратко помина ама непријатно чувство комплетно.
Фустани ќе земам да носам, изгледа така ќе истуркам некое време. Имам фармерки од минатата бременост, но рано ми е за труднички, ми паѓаат. Прслук носам само еден тип, никако да запомнам од каде ги земам во Сити Мол Има црни и месо боја, памучни се. Носам 85B, но сигурно со тек на време ќе ми треба 90. Меки, пријатни се, имаат жица, но се добри, можеби 10 години само такви носам и во бременост и после породување ми беа погодени.
На кој модел мислиш ако можеш да ми пуштиш линк? Иако мислам нема да ми го реши проблемот. Од бонати носам исто еден памучен модел, вез жици и ластици и тој на моменти ми оди да го фрлам Ништо, ама бук ално ништо изгледа не можам да трпам. Имам купено од хм маици за доење, кои ми се комотни, па дури и тенкото ластиче од нив не можам да го трпам Исто ми беше и првата бременост. Може дека сум многу тесна во граден кош, па сега со ширењево вака ми реагира
Да ѕирнеш во Women Secret да не си погодиш нешто? Секогаш имале пријатни материјали и модели за носење.
Не ги гледам на апликацијата памучните ама изгледаат идентично како овој што го постира само имаше крем, црни и бели.
Сигурна сум дека детево секој ден менува положба и главчето е горе/доле/странично. 32недела е, околу 2кг, не знам до кога ќе има простор за вакви егзибиции, ама едвај дишам. @1209 јас никогаш сум немала главоболки, но оваа бременост се доста чести. Гледам и притисокот ми е благо покачен, може и тоа влијае. Алишта се е купено, ама ред е собата да ја доспремиме и креветче да купиме