И јас мислев мења ама не, карлично и млати со тоа нозете растура. Вц ми е редовна посета на пола саат.
Гледам имаме ист термин. Па сакав да те прашам како си Кај мене веќе почна процесот на раѓање. Ми падна чепот и отворена сум.
Со лесно нека ти е Кај мене уште нема ништо..вчера на цтг имаше високи контракции до 100 (немав болки) и ми рекоа дека тоа е од што мрда бебе многу Според менструација термин ми е утре ама уште на почетокот ми го поместија за 28.10
Во 2 недели морав неколку пати да одам на лекар, итна, скрининг, редовно…и секој пат беше во различна карлична положба. Баш и докторот ми рече колку повеќе бебиња имало во матката предходно, “поеластична” е и на секое наредно му е полесно да менува положби. Кога цел стомак се врти осеќам дека менува
Девојки здраво 20+ сум денес од сабајле имам болки доле ептен ниско ама како коската да ме боли или препоните. Незнам како да објаснам. Само кога се движам осеќам болки. Нормално е или треба да почнам да паничам
Девојки здраво, Денеска 33+ 4 вчера бев кај матичната на контрола се беше во ред, постелка супер,1 степен ми рече, бебе одговара на неделите. Ама си направив беља изгледа сама, после кречење сме и се исфорсирав со чистење и денеска од сабајле имав крв, свежа крв. Бев на дежурен у систина ме прегледаа и вагинално и абдоменално се беше во ред ми рече докторот,ке прекине крварење. може да е пукнат капилар од напор и ми рече да одмарам повеќе. Преку ден се смири, ама пред некој сат пак имам и свежа крв и како кафеаво. Не сум паметна што да правам. Ве молам за мислење, некој со слично искуство. Исто цтг ми направија, во ред беше и тоа, нема контракции. Баш ме фати страв
Ќе пробам уште нешто од понуденото, ама сигурна сум дека ништо нема да ми го реши проблемот со грдото чувство Ај заладува па со џемпери ќе се кријам и брз прслук ќе шетам
Во waikiki има долни маички како со корпи, ама без фишбан и ластик. Околу 500 ден се. Мене сега за сега само тоа ме спасува
Девојки..дали морам кога ке се роди да му ставам крема за лице ? И дали можам за пеленска регија павловичева само?
Јас би ти рекла ништо не мораш. Односно не купувај дури не видиш каква кожичка ќе има. Но имај на ум дека нашиве ќе бидат зимски бебиња и ако планираш да го шеташ во зима надвор кога ќе биде убав воздухот тогаш ти треба кремче некое против студенило, иначе ќе му се суши кожичката. Синко голем нема проблематична кожа, само од студ му се прави како сува кожа на лице и раце. Не зимај одма, почекај, ќе видиш. Јас павловичева не користев, цинк користев, на Панетен, сега ја нема па друга ќе барам. Мене ми е сулудо во пелена уште и павловичева да го спурам. Не знам дали некој ја разгледал козметиката на Бекутан Сензитив, што мислите? Има некоја со рибино масло крема, ваљда е истата како Јекодермот, денес во аптека ја приметив. Има и уљена купка и лосионче ко да видов. Јас од Бекутан општо не сум задоволна па си мислев да не подобриле нешто во овие сензитив. Како е во споредба со момите батково? Мене ова за разлика од Матео маста ми ја вади од мрдање, во секое време од денот, не бира ноќ или ден. Малку да се свиткам потпрам на маса клоца одма. Мајмун малку е. Држ се ти, не се форсирај.
За лице подобро ништо да не користиш. Ќе се направат бубуљички. За пеленска регија јас почнав со павловичева, но завршив со судокрема. Ќе водиш хигиена повеќе на тој предел, менување на пелени и почесто измивање.
За лице како што ти кажала ангел. Па и за пеленска. Подобро земи било која со цинк - веледа, натура, па дури и на хип, бејбилов, алверде и ќе мачкаш дамо по потреба. На малиот мој практикував да мачкам само ако забележев вцрвенување инаку не. 2 години додека беше во пелени 30 пати дали го имав намачкано. Навистина нема потреба да се трупа со креми, ако нема потреба. Ако не дај боже има било каков проблем, ќе бараш тогаш некоја соодветна.
Тие лажни контракции како се осеќаат? Чуствувам стврднување на стомак и болки како за во вц да ти се оди ама низ цел стомак и грб дури? Не ми е рано 24 недела сум?
Веледа имаш топ колекција од невен. Гел за тело и коса, крема за лице, и за пеленска регија со цинк ако има црвенило. За менување пелена павловичева оргинал. Бубулици излегуваат од други причини, од крема не. Син ми имаше најнежна кожа на свет, од прв ден го мачкам.