Како сте мајки? Јас сум добра денес немам болки ,ама затоа киселината е се полоша...се гушам чим малку легнам или се навалам на перница. Морам да сум нонстоп исправена скроз. Деновиве почна и од обична вода да ми смета и прави киселина ...ке споулавам , фамосан продолжив да пијам , не помагаат многу изгледа се послаби , ама колку толку ми олеснуваат.... Мачно
Мене само кисела вода ми помага и малку раздвижување после оброк, ама ова не секогаш. Ми имаат кажано дека најдобар лек се две три зрнца жив ориз или семка од маслинка, но не сум пробала за да ти кажам од искуство.
Мамички што правите денес шеткате ли некаде? Мн убаво време денеска ние прошетавме до манастир па дојдовме на ручек кај мајка...што убаво кпга си одмара човек.
Јас во претходните бремености имам пробувано и ми помагаше и оризот ама немиен треба мислам и семка од маслинка само не ова со боцка од кружната маслинка...
Мене ми немаа мерено вагинално, валјда абдоменално гледаа дека е во ред па немаше потреба. Во 30та недела првпат ми измерија вагинално, 30 милиметри.
Мене ми направи три мерења: 39; 38 и третото 33, 50. И рече најлошото мерење го земаме за валидно. Ама рече добро е. Ваљда добро е а?
Мене прв пат ми мереше матичниот во 16та недела 32мм, рече не е лошо добар е затворен е, и од тогаш како во мисла ми влезе само цервиксот. Во 21ва ми го мери пак 35, па 33мм. Во 22 недела во Плодност 42мм ми го измерија и таму Др Владко ми рече, и 33мм е супер, можно е кога ти бил измерен 33 мм да си имала некоја контракција во моментот.
Ако лежам повеќе можно е да ми се зголеми, шо велиш? Гинекологот мој е стручен, со искуство, веројатно ќе спомнеше нешто превентивно. Ама стварно па, како може од 3 мерења, ај првите две 38 и 39 се тука блиску, ама 33 пак бега малку повеќе да земам на своја рака терапија не е ок. А требаше да го прашам колку е. Јас само го прашав добро е? Добро е рече. Ниту должина ни изглед не го прашав.
Шеткаме кој се капи во спа центри кој цел ден ќе спие со низок притисок ако сум ваква цела бременост тешко мене спанка невидена
Имам читано дека со лежење се зголемува должината. Ама ако си имала потреба од лежење ќе ти кажел сигурно докторот. И мене на таа должина не ми ни спомна лежење. Јас цело време сум активна, не одам на работа, ама сами живееме со мм и се на мене чека. Плус на 4ти живееме без лифт. Дури и односи слободно ни рече Владко може да имаме. Мислам дека немаш простор за паничење, и јас паничев првиот пат во 16 недела ко ми беше измерен. Ама ништо не сменив во активностите и се обидував да не го мислам. Од тогаш наваму е добар цело време, се надевам така ќе си остане. За 10тина дена сум на контрола, ќе видиме.
Мешиња здраво јас пак си имам мака некој да ме утеши или совет вчера не можрв да отидам во вц и брв испадната наеднаш ме стегна десна страна кај слабината и нагореи под градите цел стомак мр стегна наеднаш траеше околу 1 мин потоа денес во истп време седев на кауч пак иста болка исто место дали но еве сега осеќам и доле кај јајници болка како сечење со нож но имам многу гасови дали е можно порадо гасови да имам такви болки јага осетив и кај матка како сецкање дали да одам на хитна или нормално е ве молам за совет