Ништо нема да се случи ама не напнувај да не си предизвикаш хемороиди. За тврдата столица јади сливи (суви или свежи), пиј вода со отстоена лажица ленено семе внатре, јади смокви...
Леле три дена мојава лепотица ми ровари долу во јајници и бешика , ама буквално ровари мислам дека ми ги чепка органите. Како ли е свртена штом така осекам долу скроз ?
Веројатно со ноџињата е доле. Јас така го осеќам мојов дечко, некогаш кога ќе стапне мислам дека ќе се измочам, а во четвртокот бев на контрола и карлично си е.
Многу се нервирам...ај нека се сврти веќе...мислам дека намерно една недела порано преглед ке закажам само за да видам како е...ако е уште карлично ,да барам чаре ...вежби некои незнам . Сакав денес да вежбам ,си викам ај па да не е наместена надолу да ја свртам пак со вежбите...па ке почекам
Смени го, и тој не ми делуваше мене. Ти викам само овој ми делува на Фарма витал, Магнетранс. Наутро пијам од 375, навечер од 400, кукурек. Не да ме чепка, ко на трамболина да скока се осеќам. А горе со роговите ме мава у дијафрагма, никако не е. Прееска зборам со мајка ми и и викам Ааа денес мирен е... Како па да не, одма клоцна да се јави дека е тука. Вештерче мало ми е. А се потпрам на маса со стомак одма се буни, се му смета нему. И тоа што викаш мислам ми чепка, некогаш се осеќам ко бешиката да ја има меѓу нозе земено и да ја стиска, а кога не знаев дека е карлично си викав на ова сквиши тој му е бешиката моја. Нормално тоа не е е возможно пошто они не се ни во допир со органите, ама ете, да си мислиме нешто. Мајки.
Утро! Јас мешиња мои свечено обеќам дека Бејби намбр 3 ни со генетски инженеринг нема да се деси. Колку и да сум фан на женски бебиња ќе се задоволам со моиве 2 мажиња, не сум спремна за уште една полноќна екскурзија до вц и назад што трае цели 6м. Башка стара сум веќе за овој терет, ова ќе го родам во 36тата, дур направам трето го износам и родам ќе ме фати 40ка+ со мојов интензитет на раѓање. Јок, многу е. Додуша првите 6м не можам да се жалам, стварно имав лесна бременост ама сега мачно ми е многу, овие 3 недели цркнав ми се чини, се ми се деси што не ми се десило за 6м. Настинкава ме уништи дополнително, едвај дишам навечер, станувам сред ноќ да лапам лути бомбони, кога одам во вц де, па од што ми се суши устата и вода пијам и така зачаран круг. Смешки. Синоќа читав кај др.Дракулевски, често било трудници овој период да настинуваат и да не се сеќираме не било страшно. Му имаше логика муабетот. Свашта пишав ништо не напишав, ама ако, да ве размрдам малку, не мора се да се жалиме од болештини, еве вака да си покукаме за банални работи малку. Убав ден мешиња!
Здраво, Колку време после царски најрано може да се забремени? Пред 2.5 месеци се породив се плашам многу се чуствувам како да сум останала пак бремена.
Многу е рано и не препорачуваат да останеш одма бремена поготово не после царски заради твоја безбедност, но има многу случаи кај што останале бремени и се било во ред.Препорачуваат најмалце една година после царски пак да останеш. Направи си тест
Знам личност што се породи со терминско бебе 2 дена после првиот роденден на детето. Значи и она брзо е останата. Туку зашто мислам дека симптоми за циклус ти се?
Зависи од многу фактори. Како заздравува раната, во каква состојба е матката итн. Идеално по 2 години да почнеш со обиди советуваат доктори. @macalavica има искуство со бременост по царски за краток период. 2,5 месеци и за природно е краток период. Советивај се со гинеколог.
Јас останав 8 месеци по царски ама имав добиено циклус и беше редовен.Дали доби циклус веќе, и кига воопшто се добива после царски ако доиш? Сега ми е многу страв да имам односи, прашав за контрацепција ми рекоа и за пилули и за спирала треба да добијам, па да имам 3 редовни циклуси на време па тогаш можам да користам бидејки се хормони. Кондомите ми прават иритација од латексот, а страв ми е пак да не останам бремена од пресемена течност како предходно, еве 2 месеца и јас како се породив,циклус уште немам добиено.
Ние кога користевме кондоми едни ми правеа ептен иритација, на Дурекс, па се префрливме на Спортекс и немав повеќе иритација. Јас не би пиела контрацепција зошто кај нас никој не ја дава како што треба, а за да се почне со неа треба асално да се направат испитувања, хормони, протоци, тромбоцити, ддимери, триста испитувања. Баш др.Горан имаше тема деновиве за контрацепција и и таму имаше случај како на @buba4e89 изнесено, уште помлада девојка од неа.
Уште 3 месеци јас сум крај на второ тромесечје помеша со некој ваљда прочитај го постот нигде не пишува дека сум прво тромесечје како прво а како второ убаво читајте пост пред да дадете одговор што на некој му значи живот
И јас викав стара сум па еве терам број 3 после две мажиња, разлика ќе ми бидат 10.5 и 9 здравје Боже ако е се во ред, а што е намбр 3 ќе видиме за некоја недела
Мајки добар ден и од мене. Мене а и вас ваљда ви е смачено да мее слушате пак исто ама морам да се жалам . Психички ке попуштам со киселиниве. Ноќеска не спиев од 2 до 6. Дежурав. Се напив сода 4 пати . Бев во вц на секој пола саат. И на крај морав да пијам фамосан зашто ке споулавев. Ве молам кажете ми за фамосанот оние кои пиеле...може да се пие подолго време? Можам пример до крај да го пијам? Веќе 3 недели го пијам....Симонида рече не е штетен слободно да го земам ама мене сепак ми е шубе па го земам кога ептен не можам ,и пак ми се Фака барем навечер секој ден зашто жими се без него ке испуштам душа....многу лошо и многу мака видов од овој мој желудник. Пола вечер ја преплакав што од киселини што за бебе од страв да не му направам нешто со Фамосанот........офф тоа е...господ нека ни помагаа