Јас со првото имав многу киселини, ама ептен. Последните три месеци. Јас спиев во полу седечка положба, и ми помагаше сладолед, колку толку. Ми доаѓаше така ладничко и ми олеснуваше. Инаку исто многу ми се лошеше и многу повраќав :/
Луѓенца, објавив во друга тема ама ова како најактивна да пишам и тука Ја гледате ли ептен бледата цртка? Јас ја гледам, маж ми ја гледа, другарка исто така Тестот ми е направен вчера сабајле на 10 дпо, да се радувам лииии? Ќе го повторам за некој ден со Лабоквик
Мојот гинеколог беше на став дека се што многу и прави стрес на мајката се рефлектира врз плодот. И дека не може стриктно да се пресече е не пиј сега некој лек, доколку мора- ќе се пие. Ако премногу се мачиш без фамосан, верувај дека и на бебето не му е баш убаво... Консултирај се со гастролог па и второ мислење од гинеколог и не се измачувај
Еве ќе ти кажам мое искуство, може малку ќе те смири психички. Јас имам друг болен проблем, со напади на бубрег. Тоа кога ќе ме фати е неподносливо и една вечер кога веќе беа посилни од породилни болки, завршив на ургентен во Систина од што си имав замислено дека не смеам ништо да се напијам (на сите лекови пишува не е препорачливо за трудници или да се консултира доктор и ми беше страв). Докторката таму ме испокара што трпам болка, тоа било поштетно за плодот отколку лекарствата, ме избоцкаа со кетонали, дијазепами и рече да си пијам спазмекс секогаш кога имам потреба. Сега на скрининг видоа дека бубрегот се влошува, едното бебе го притиска и друга докторка исто ми кажа, спазмекс и уште што ќе ми каже нефролог, сè да земам, да не направиме беља. Значи битно е тебе да ти е добро, штом докторката ти кажала дека фамосанот не се штетни, значи не се, ако ти помагаат пиј ги, барем ќе поспиваш и ќе си одморена за бебето. Иако и јас сум иста, пијам спазмекс па плачам малку од страв, ама кога мора мора. Плус ми кажаа и дека ова витаминиве шо се клукаме и предозираме реално се поштетни од лек што треба да ти помогне против болка.
Мое мислење е дека содата ти е поштетна во толкави количини за тебе лично, од фамосанот за бебето. А ти како сакаш сфати, ама стварно толкав стрес не ти треба. Пиј си го фамосанот пред спиење и спиј зошто ова ти се последните мигови да се напиеш можеби, а на бебе нит стресот, нит несоницата не му прават добро. Штом докторката ти рекла дека е во ред, тогаш не се оптоварувај.
Исто, имав во првата временост напад на бубрег, на ургентен во државна ништо не ми даваа, освен реглан и витамини во инфузијата. Многу ме болеше и ми се лошеше. Сопругот се јави на докторот во Систина, бидејќи не можев да издржам веќе, немав сила, и тој рече одма да побарам спазмекс да ми дадат. Полошо е што трпам. Ми ставија во инфузијата, за брзо се вратив во нормала.
@AngelOfArh @Tess36 @Grungie фала ви девојчиња многу ми помагате барем психички ме смирувате. Маж ми ме гледа секоја вечер и он не спие со мене од мака од што ме гледа...а знам дека ако сега не спијам за скоро време па ич..
Јасно ми е. Од Гак јас лично имам толку лошо искуство на двапати и операција и инсеминација што се надевам дека нема да морам пак да стапнам таму. Во петокот закачив ковид со многу лоши, ужасни симптоми, да не можам да мрднам од кревет сама, ама еве издржувам да не отидам таму, затоа што како лотарија е, многу ретко да ти се погоди доктор што ќе сака да те погледне стварно.
Се согласувам. Има навистина добри доктори, ама се зависи дали ќе ти се погодат. Ти посакувам побрзо оздравување.
Здраво женски, денеска од кога станав ме боли кичма, пиев 2 пати магнезиум џабе, не помага,болката продужува во колковите и во мускулите на нозете...Дека сум уште со лежење многу е незгодно. Неможам ни да седам ни да лежам више.. Кажете чаре или да идам на лекар? Ваљда не се породилни болките не осеќам ништо друго и константа е болката цел ден.Ама до сега вака не ме болела кичма. Инаку 33та недела.. Аман више одвај чекам да се породам...
Да не лежиш многу на десна страна? Јас кога ќе лежам подолго од еден сат ми доаѓаат киселини и после се вртам на лева, се смирува. Нарочито после јадење ако одма легнам на ддсна страна одма киселини. Исто од грозје и сливи имам приметено дека ми се прават киселини. Кисела вода пиев цела бременост можеби тоа помогна не знам.
Направете ме луда ама не издржав и отидов на хитна само да правам уште едно Цтг, не можев да издржам до следниот понеделник, секоја вечер лошо сонував.Сабајлево се разбудив во 5 и отидов. Фала Богу се си беше нормално и ехо ми направија. Докторката ми рече дека мојот гинеколог не можел да биди сигурен дека рамната линија била дека бебето спиело, требело да ми даде нешто да го разбудиме и уште едно Цтг. Ама тој ете само еднаш, не сакам стално да го критикувам, ама прва бременост ми е се плашам. Сега сум мирна. Малце излажав дека имам имам болки, за да ме примат. Не излажав уствари стварно имав ама ги имам две недели, благи болки се, само преувеличав дека се поголеми. 38 недела, немам контракции, не сум отворена и бебето било 3кг, рече докторката мало ама не ептен мало. Плус ми рече ако сум се плашела дека бебето не мрда и не сум знаела дали имам контракции да сум останела во болница до породување. Ама пошто рече се било супер си дојдов дома. Тоа е, чекам контракции, ама не ги провоцирам, ниту се заморувам премногу, овој месец односи никако, не лежам во када и така натака. Леле колку ми е убаво, сега мирна вака до понеделник, иначе ќе ми излезеше паметот.
Мила од лежење ни е, јас уште малку 31 недела ама тешко станува и за мене. Бебето веќе тежи, ако го чувствуваш подолу нормално да имаш болки во долниот дел, кичма, карлица, препони. Моето е повисоко и го чувствувам под ребрата и на цела десна страна, едвај дишам,не ми дава да се вртам на таа страна во текот на ноќта и станува незгодно само на лева страна да спијам. Да издржиме уште некоја недела.
Најверојатно тоа е. Бебе секаде го осеќам, долу мава и цервикс,горе мава у ребра, кога лежам на страна ме мава у слабината мислам ме крева од кревет.Во среда сум на контрола да видам што ќе кажат. Се надевам да ми дозволат да се придвижувам од 34та зошто се шекнав више.
Добра ви вечер мешиња ме интересира вашето мислење и искуство доколку некоја има со индуциран природен пораѓај. Сеуште ми е рано ама ете чисто така ме интересира.
Нема зошто да те правиме луда, сите во еден момент сме имале некој страв. Да беше мм дома прееска и јас ќе го терав да ме носи, чудно ме наболуваше стомак, ама поседов и се смири. Мислам дека ќе мора кај и да е да почне да не носи со кола, се потешко ми е пешадија одење до работа.
Ме уби денес стомаков, желудникот пак ми е во грло, подуван чинеш 8ми терам. Се осеќам како да ќе пукне секој момент. Грозен вкус во устава пак, ништо не ми е слатко, водата не ми е слатка, за ништо немам апетит. Утре од 1 ќе излезам во 12 ќе се вратам, не знам како да им објаснам дека 8 саата не се 8 саата ако си 9 на работа, со саат пауза каде нема каде да одмориш вистински, со лоша храна и 2 саата пат натаму наваму. Ќе пукнам.
Извини на глупо прашање, немаш опција да извадиш патолошка, нешто да смениш? Тебе голем стрес ти е работава. Башка на нога... Мислам во ресторан работеше, за кратко нема да им биде сеедно со стомак до заби да служиш гости, немаш опција да смениш? Јас одам по таа логика, Америчките тин мамс трудни одат и на работа и рмбаат, ама тие се најчесто деца од по 16-17г и немаат гајле, ние со 30-35+ не е исто, али сепак они можат, можеме и ние. Мене ми е прелесно на работа, ама да може да се телепортација таму, патот до таму ме убива и тоа рашетувањето натам наваму по појадок, по паузи, а не сакам па да не мрдам од место цел ден. Да ве прашам па ќе чекам сабајле одговори, што беше безбедно за трудници за искашлување? Го осеќам во грло ми е секретот, па да не спуштам ми е страв. Многу ружно чувство.