Мамички, оваа 9-ва некако ептен тешка ми се виде. Крајов некако тежок ми се гледа. Спиење ноќе никако, на лева страна само казнета се укочив цела. На грб не бидува, притиска бебчето многу. Моево е така појќе височко и уште со ножињата си удира по реброто, по желудникот. Спуштено е со главчето веќе, но притиска многу. Некако многу мака имам, дали наеднаш што почнав да лежам по цел ден, а до пред тоа многу активна бев, се движев, пешачев секој ден Едвај чекам петок да дојде, да видам како е бебето.
А зошто мила мора да лежиш? па баш сега ти е потребно повеќе движење, за полесно отварање, бебенце да се спушти? Ти веќе си пред крај, немај гајле
На последната контрола ми кажа докторката дека грлото од матката ми е омекнато и да не се породам за брзо време. Ми препорача да лежам барем 1-2 недела уште и да одам до крај со терминот. Инаку 37+2 бев во саботата. Барем уште една недела да одмарам. Исто така ми рече и сега да сум се породела бебето ќе бидело се во ред и нема да се сметало за предвремно породување. Сега во петок на контрола и ќе видиме што како.
од сабајле не сум се уклучила ама исчитав цели 2 страни, била активна темава цел ден...на љубави сите сте и пишале да размисли, и да за размислување е,, сепак и јасе ке се приклучам кон вас трудници дека не треба да абортира, е сега она си знае.. ама сепак ако го сака маж и, ке го сака и тоа мало душиче што расте во неа,,,за децата живееме,, тие ни се радоста и во бракот, и во животот,,, но сите луѓе се различни, она ќе знае најубаво што да си направи... е сега да си пишам рапорт за тоа како поминав денес на преглед,,ме виде докторот на ехо и оп како што знаев дека бебче е големо, ама оно ептен расте,, епа незнам што ни се случува со овие големи бебиња и моето бебе е 3 кила и 100 грама сега, а сум 35 недела и 5 дена, уште 2 дена и влегувам во 36 недела, јас искрено се плашам за него, не ми е страв ни од болки, ни од напон, ни од ништо, само ми е страв да не го измачам бебчето, да не го задушам несакајки при порагај, затоа што со првото тешко поминав,, не беше голем 3850 ама не сакаше да се спушта надолу, па една бабица со колена врз стомак, друга бутка од левата страна, докторот од десната бутка, и почнаа тонови да му паѓаат и силно бутнав и излезе, и одма кислород, и синчето жално почна да плаче.. и самиот доктор рече ке го следеме ова бебе ако помине над 4000 кила ке одеме царски, не сакам ми вика да ризикуваме, и јас не сакам да ризикувам, се ке истрпам и болки и се, само да се роди живо и здраво,, не сум многу за царски, ама од тој страв како поминав со првото, поарно ми е да сум царски, отколку да испадне нешто лошо.. не дај боже ,,, само да мислемне позитивно,,, еве и марис се породи 4400 со бебчето, ама ја свакам дека се изнамачила во порагајот,,, се се заборава потоа,, ама само се убаво да е.. само едно не ми е јасно јас не сум ни 8 кила поправена, а бебчето е сега 3000 кила,, како и да е со лесно нека им е на сите,, за 2 недели сум на контрола на цтг кај докторот.. али дотогаш само здравје и со добра мисла на сите и со лесно... се извинувам за долгиот пост некако се распишував...поздрав
Знаете ли каква е ситуацијата за испитување на д-димери на трансфузија во државна. Јас имам закажано на 04.05. Па некој овде пиша она кога била немало реагнеси. Се јавив денес прашав во авицена 900 денари се. Е незнам дали за ова работат преку фондот, односно дали важи упад од матичната или само приватно, скроз заборавив да прашам. Инаку веќе сум 32 недела, утре сум на преглед кај мојата докторка и уште од сега сум во паника.
Девојки ај да си прашам и јас за позицииве на бебчево горе/доле... Кај ги чуствувате вие што не се спуштени доле, над папок или ?
@irena.1 побарај од матичната упат за во 8 септември, баш вчера пишав снаа ми таму ги направи таму тие испитување за Д-димери и хемостаза, ниту имало гужва.ниту чекала многу на ред со тој приоритетен упат, зошто да даваш пари приватно или да дремеш во гужва во државна болница. @danichap кога се спушта скроз долу, тоа при крај кога си нонстоп чувствуваш притисок кај вагината, главата на бебето доаѓа некако под папокот, ама ти објаснив.
Мене оти докторов ми рече дека главчето на бебчето е одма над цервиксот и дека е наместено. Ради тоа и имам болки кај вагината. Ваљда сакал да каже дека е ниско.
Јас вчера правев во Авицена, беше 800 денари, со упат од кај матична. Ама не е некоја разлика, 100 денари, ама па не се мачиш. За други места не знам како е.
Можеш да земеш упат и за во Чаир. Воопшто нема гужва, завршуваш работа за 10 мин, резултатот го даваат ако добро се сеќавам после 12 часот.
Фaлa ти мнoгу зa oдгoвoрoт,фaлa и нa другите мaмички! Мнoгу знaчи вaкa кoгa некoј ке те пoтсмири мaлку,пa сегa ке си oфкaме и ќе терaмеСе нaдевaм дoбрo издржувaш ти
Мешина, како се справувавте со киселините?! Јас досега никогаш не сум имала таков проблем дури и не знаев какво е чувството, па му објаснив на мм и заклучив дека имам киселиниуфф одвратно е... некој лек кажувајте 12 недела сум инаку
Издржувам, морам. Некој ден подобро, некој полошо, но ми се чини се навикнав. А вечерва, е вечерва ќе биде весело... Толку работев и се движев денес, што ми се чини ќе си плачам. Ама ако, така ми треба... Додуша, сакам да сум активна. Си имам замислено дека полесно ќе поминам, а кој знае како ќе биде...
Многу рано некако за киселини... Јади јаболко. Пред да си легнеш ладно млеко една чаша испиј на екс. Избегнувај кафе, цитрусни овошја, многу бел леб и слатки работи. И бидејќи си на почеток може да се рече, јади повеќе пати, никако не останувај гладна. И ако можеш јади по малку. Толку знам! Среќно!!!
Истa сум и јaс,некaкo пoлеснo ми е скo сум aктивнa,дoсегa и немaв некoјa мaкa aмa изгледa пoчнa интереснoтo Не сум знaелa декa грбoт и oд зaмoр мoже дa ме фaти,сегa бaрем немa дo тoлку дa пaничaм
semka od maslinka ke goltnes cela, edna do dve pa i tri goltam jas, i po nekoe vreme mi gi snemuva kiselinite,,, semkata si se rastvara vo zeludnikot ne se sekiraj, ne ja isfrlas cela preku izmet..
И јас сум истата уште од 12 недела, сега сум14+6. Вчера пробав со семка од маслинка. Некако се намалија киселините. Пробај исто да голтнеш неколку зрна бел ориз. Гинекологот ми одобри само по едно апче Рупурут на ден или пак да лижнеш малку сода бикарбона, колку на врвот на прстот. Јас апчињата ги купив, ама кога можам да издржам не ги пијам.
Две прашања имам јас ( можда се малку смотани ) 14+6 сум, носам труднички фармерки и широка облека. По дома сум се хеланки или пижами, ама ластикот ми доаѓа над папукот. Не ме стега нешто посебно ама пак ми е шубе. Има ли некоја врска? Што носевте вие во 4 месец? Некако ладно ми е за фустанчиња сеуште. И второто за две недели ќе правам свадба, ќе влезам во 5 месец тогаш. Нормално сакам да си играм, ама колку е безбедно ако се ,,растерам" на пајдушкото? Тргнувам од тоа дека сум бремена, не сум болна. Дајте совети ајде. Ако сум за ќотек тепајте.
@irena.1 јас си побарав приоритетен упут од матичната за во 8-ми Септември, си отидов таму имаа и реагенси и веднаш бев прва за преглед и боцкање и си завршив за пола саат работа и резултати имав истиот ден после 13h. Секоја чест за докторот и целиот тим таму
Значи и јас сум 7 месец и си носам труднички панталони и фармерки и тоа тесни, а дома исто и јас пижамите си ги ставам на средина на стомак и не ми смета, а и не ми е шубе бидејќи не ми смета и не ми е тесно и не ме стегаат Јас во трети месец си бев на свадба и си играв. А за свадбата уживај си, ако имаш нормална бременост, да си играш слободно, да си се забавуваш, да си бидеш весела и насмеана и расположена и запомни, без нервози и стресови, тој е твој ден и само твој, ти си принцезата тој ден и е само еднаш во животот, па ако треба и пајдушко ќе играш