Земај течности повеќе, јас пијам по 2 литри сигурно вода, сега е во ред и мене ме испаничија така, но се регулира и да одмор ти треба повеќе лежење во кревет.
Колку намалена? јас туркав од 21ва недела до 37+6...ама кај мене беше де намалена де не, де редуцирана, де многу намалена, хаос ми беа дијагнозите, никогаш не ми открија ни причина ни ништо...можеби е само грешно мерено, без стрес, оди на повеќе мислења
Дали сте имале проблем со сувост и чешање на очните капаци? Веќе некој период ми се случува, ама денес станав со едно отечено око и одма закажав за поручек на очен.
Хелоу мешиња. Да ве прашам, што ви помогнало против акни на лице? Како иде се повеќе и повеќе ми се јавуваат. Лицето ми е за нигде. Сега почнаа и под брадата накај вратот да излегуваат. Ставам бекутанче, не сакам да шлапам сва и свашта. Друго, сабајле несвесно кога се будев се протегнав ама баш се протегнав убаво. Па ми стана некако нелагодно во половинава. Ви се случило?
Какво бекутанче, тоа е најлошото нешто за лицето... Премрсно е и ги запушува порите. Не знам дали користиш некаква рутина за лицето ама редовно миење со пена наутро, серум со витамин Ц и СПФ. Навечер, двојно чистење обавезно за да ги исчистиш длабински порите, маслен чистач па пена/гел, можеш хијалуронски серум и хидратантна крема (јас заради сувост на лицето во бременоста почнав да ја користам кремата на Ембриолис и многу сум задоволна). Ова е најосновна рутина и е апсолутно безбедна во бременост.
Оф бекутанчево ти е полошо од што и да ставиш. Ако се гнојни акни ставај некоја крема со цинк, ако е црнка само чистење два пати на ден. Бекутанот е најлоша опција што можеш да ја одбереш.
Правилно што закажа на очен, што е сигурно, сигурно си е. Јас немам проблем со сувост на очните капаци туку сувост на цела кожа: лице, тело... Ама кај тебе може да се работи за некоја иритација штом едното око ти било отечено. Секако ќе ти дадат терапија и ќе помине, не се грижи
Јас сум со намалена плодова вода, ништо посебно не ми кажа докторката освен контрола за 2 недели. Од утре сум 31 недела а следниот четврток сум на преглед. Ќе ти пишам како ќе биде тогаш.Ако може и ти да пишеш што ќе ти кажат. Мила, дали се чувствува таа намаленост на плодова вода, дали истекува на долен веш,или само по мерење може да се заклучи тоа?
Ама ич не верувам во тие работи, благе везе немаат со денешно време. Еве јас моментално носам машко и женско. Ај да ги видам сега, значи и ќе се здебелувам и ќе се разубавувам, и ќе повраќам од се и ќе ми се јаде се. А за термин стварно не знам како би пресметале бабите. Па стомакот ако бил шпицест вакво бебе, ако бил убаво заоблен онакво...а мене како коцка ми е моментално
Добро ова градиве до кога ќе растат? 22 недела сум, мислам дека за неколку дена ми пораснаа уште за еден цел број и тежат по кило плус, не можам да дишам, прслук ме убива, 6 нови купив, не можам да погодам. Плус ненормално болат, како скапани, не знам дали од бременоста или од ковидов што ме снајде и кашлицава, ама страшно ме плашат. Се прави преглед на градите во бременост или после?
Искрено не знам...еден ден пред 2 скрининг кренав нешто тешко дома и осетив така како воден исцедок ама не обрнав многу внимание...другиот ден одам на скрининг докторот ми викат извини морам да те препратам на специјалист во терциерно здравство плодовата вода ти е намалена..ни знаев тоа што е ни ништо..па почна да ми објаснува околу бебето треба да има 4 џеба полни со вода според кои докторите се водат за количината на водата..секој џеб треба да е голем по најмалку 2мм и да е полн со вода..кај мене кога ќе се собереа сите 4 доаѓаше 60мм наместо минималните 80...па бев на второ мислење кај адамова, таа по друг принцип мереше, за неа беше редуцирана ама не беше нешто замислена...пак кај специјалистов ајде рече што адамова рекла не страшно ќе одиме само со контроли на 3 недели...па следно беше океј па пак ме пратија скопје...следно бев кај димчев ни за него не беше нешто алармантно,ама ми даде клексани...па следно бев кај матична таа крена паника, ме прати скопје на клиника..таму ме гледаа некои специјализанти највероватно па ми измерија дури и вишок вода..на крај завршив кај котларова во ремедика која рече да, редуцирана е, ама нема што да се направи, само повеќе течности внесување, повеќе пешачење за зголемување на проток на крв во матката и почести контроли...па од 32ра недела почнав на болница да одам и да правам цтг-а, одев на секој 4 дена дури се породив, еден пат ќе беше намалена, следниот убава, па едно време имаше многу малку, па докторката под бебето најде еден џеб полн со вода, па се сомневавме дека цело време џебот бил скриен, па на следната контрола го немаше..на крај се породив заради сосема друга причина Малце хаос можеби ти направив со постов, муабетот ми беше дека секој доктор различно реагираше, ама освен пиење повеќе течности и почести контроли нема ништо да се направи Иначе одма на скринингот ми беше направен тест дали тече плодова вода, не течеше
Оф не знам веќе.. Брзо пред да забременам добив дијагноза Розацеа, што ли не пробав од тогаш и никако не се смирува. Маж ми ме зеза ми вика тинејџерче пошто буквално како тинејџер сум во лицето цела исфрлана, сува кожа, занигде. Сто креми купив, цело време по препорака на дерматолог и ниедна не ми одговара. Докторката вика што да кажам освен помири се, вака ќе биде дур си бремена.. Е сега со очиве што се дешава не знам, ама ќе видиме до после. Општата матична рече може да е предизвикано од бременоста.
Катастрофа ми е, секојдневно нови акни,одвратна сум си. Бекутанче ти е многу лоша опција, отфрли го одма. Јас на инста им пишав на едни за соодветна рутина,па ми препорачаа крем,серум,гел,тоник, и еве 2 недели користам и чекам да се смири. Што пиете за болка во желудник? Земав сода таблети,не помагаат..
Ви се врати во трето тромесечје желбата за сон? Абе сега да легнам ќе заспијам, мислев случајно е, ама не, нон стоп ми се спие. Еве ме зевам со 2 кафиња од сабајле.
Акните во бременоста се хормонални и тешко дека нешто ќе не спаси од нив. Соодветна рутина може да ги ублажи, ама да ги снема тешка работа.
Да, големи се шансите да е од бременоста. Јас мака мачам да ја хидрирам кожата на телото. Се туширам со Еуцерин маслениот гел, мачкам Еуцерин ПХ5 млеко и плус од маслото за стрии на Еуцерин за некако да ја одржувам колку толку хидрирана. Хаос
Мене кожата на телото не ми е сува, со тоа немам мака, ама затоа лицето хорор. Така се зезам дека бременоста во глава ме удри, непца, заби, очи, лице. Од глава надолу немам проблеми, да не се урочам. Ако знаете кај можам да набавам нова кажувајте.