Дури се перутам. И онака ми е пресува од пореметената тироидна... Џабе Биодерма маслена купка, после ќе се маринирам во кокосово масло, ако одлучи носот дека може да го трпи мирисот. @Bella_Stella и ја би рекла нешто дека е од бременоста, онака претпоставка. Може да е нешто и алергиско, еве ја приметив кивам многу почесто од претходно. Го поврзувам со бременоста. Ајде иди па ќе кажеш шо акл дал очниот.
Мамички скриен шекер од која недела се прави од 25? И каде може да се прави во приватните лаборатории?
Од 24 до 28 недела. Може во приватна лабораторија. Внимавај да е со 3 боцкања и лабораторијата да ти овозможи да седиш таму, затоа што не треба да се движиш. Мислам дека Синлаб немаа услови да седиш таму додека трае испитувањето.
Честитки мајка Убаво ти пишаа, бекутанот и не ти е некој паметна идеа. Јас си имав изградена рутина од бременост и внимавав да си ја запазам, со тоа што само преповерив дали некој продукт не смее да се користи во бременост. Ако не ти е проблем буџетот обиди се со продуктите на Novexpert, од аспек на тоа дека кај нив единствено е потенцирано кај секој производ дека е безбеден за трудници, а имаат линија на база на цинк наменета баш за акни. Jaс го користам од нив гел за миење и сега си земав гел крема за лице. Има серум баш за акни и други продукти. Акните може да се хормонски но може и од дехидрираност на кожата да ти се појавуваат. Затоа не е лошо добро да ја хидрираш ама со соодветни продукти за твојот тип на кожа. Ај добар ден. На работа во канцеларија е ужасно топло. Овој период кога е изгасено ладење, а надвор е сончево е ужас, дека на јужна страна сме. Од прееска само соблакам по нешто, наредно на ред хулахопките ќе бидат зошто инаку си излегов од кожа. Ноќеска прв пат после подолго време сум се наспала убаво. Дете мирно, бебе мирно, температура тамам и за чудо не ме болеше се. За бабските муабети и јас ќе ги побијам. Првото ми е машко па се роди во 36+5. Ама ете си немале работа па си измислувале приказни стриве. Убав ден
Знам, не очекувам да ги снема ама болни се,ужасно чешаат, па сакам да ги ублажам. Дерматологот скроз ми ја утна рутината, прејаки гелови и креми, само проблем плус си направив. Секој што ќе ме види прво прашува " што ти е со лицето"
Д ане ви реплицирам на сите посебно девојки,фала ви за искуствата,мене ми е ептен намалена само 4цм вода сум имала така разбрав,ме примија на Гак и ќе ме следат,правев цтг болки немам,примив сега инекција за зреење на белитњ дробови на бебушка.. Само Господ нека ми ја чува и да биде се како што треба друго ништо ненми е важно,претешко ми е што дома си го оставив другото ќере ама тоа е морам да издржам.. И уште нешто мајчиниот инстикт никогаш не лаже,знаев и осеќав дека нешто не е како што треба добро е и што на време се откри се..
Се надевам се ќе биде во ред...кај мене најмалку стигна до 6,8цм некаде 25 недела, ама штом те примиле во сигурни раце си
Имаше ли некакви симптоми? Јас наредна недела сум на преглед, цело време сакам да не мислам на лошо, ама секакви глупости ми идат во глава.
Мила, фала ти за деталното објаснување, не ми се познати овие џебови со плодова вода, ама одам кај Петрова во Ремедика и она ќе ми каже следниот пат каква е состојбата, инаку и јас немам никакво истекување, пијам многу вода и мирувам, па ќе видиме како ќе биде. Фала ти уште еднаш.
Никаков симптом и тоа ме чуди,матичниот мој вика да не си имала инфекција,ниту инфекција ни бутур,брисевите исто чисти,дома да ми протече немам осетено ништо,незнам стварно. Чичко ми е тука па рече утре по детално ќе испитаат.
Дали имаше некои симптоми или на редовна контрола ти открија намалена вода? Добро што си таму на набљудување, дали ти даваат некакви лекови за водата или само следат?
Скроз се зафркнав сама и си играм играчки. Непланирано бев до ДМ ,изнакупив работи за беба ,па од таму реков ај до аптека, изнакупив и од таму ,влечкав две големи кеси до дома 10 минути и сега опааа стомак и половина кинење од болки,се надевам ке се смири со лежење
Ќе се смири. Повеќе ти е од автосугестија верувај. И јас така вчера се оптеретив со гости цел ден и вечерта мислев ќе излезе низ папок, едвај чекав да легнам, дури и стомакот доле си го осеќав па ете добри сме.
Во сигурни раце си, штом те следи Петрова, се ќе биде во ред Дали имаш уринокултура испитано? Кај мене после пораѓај испадна дека сум имала Ешерихија, ама дали тоа беше причината за намалената плодова вода никогаш не се дозна..а брисевите ми беа чисти, леукоцитите мирни, ни симптоми ни ништо
Мене Јас со притисоков сум катастрофа. Со недели бев со благо покачен. Вчера до 35малиот ми падна. Буквално пред онесвестување. @H.VAGA честитки. Вчера нарачав креветче и такво за седење/лежење/нишање (е како се викаше де) преку ден. Од најголемата дада се доискористуваа работите и беше се веќе испокршено, па сега нови
Симптоми никакви,на редовна контрола кај матичниот бев и он виде и директно ми даде упат за на Гак. Моментално само инекција за зреење примив друго ништо.
Da. Eve non stop mi ide da spijam. I preku den zaspivam, a prethodno zombi bev. Ama si vikam, otkako pijam magnezium od nego izgleda sum poopustena i mi se spie