Релаксатор. Јас ќе морам изгледа нова количка да купам, гуми за оваа нема. Ич не ми се даваат пари за нова количка ама тоа е. Јас па викав со спиењево да не ми е железото многу ниско, нешто, хемоглобинот, што и да е. Ќе барам една кс сега да направам да проверам.
Имам испитано комплет крвна слика и урина со уринокултура, се’ е во ред никаков проблем, немам внатрешни инфекции.Ќе видиме следниот четврток и’ верувам на докторката, верувам ќе ме упати ако е нешто хитно. Со лесно мила, верувам дека си во добри раце, само позитивна мисла, се’ ќе биде во ред. Пиши ни како ќе поминеш, ќе те мислам.
Јас ја спремам количката од пред 8г. Душа и е извадена ама делува исправна. Перев сите платнени делови, корпа, делуваше функционална. Транспортерот уште да го најдеме. Ааа, од етсу нарачав и аутфут за фотосесија. Под елката, со дадите, се спремам
За количка ако доаѓате накај наш крај можеш до Струмица да тркнеш има продавница за бебешка опрема и по прифатливи цени. Пример колички има по 8000-8500ден без транспортер.
Аааа и јас нарачав аутфити и спремив анаунсмент за кога ќе се роди Чоек пешки на работа да не оди, се ќе му текне. Цел филм. Кај мене на количката ок и е се од конструкција, седишта, ама тркалињата се излижани дека на пумпање се, а компатибилни нема. Во тие Пики и Лотус?
Мислам дека после 24 часа уште една ќе ти дадат и после уште 24 часа си безбедна. Со лесно мајче, јас и ти сме ептен блиски, дајбоже да дочекаш да влезеш у 36та. Чим ќе ти прават испитувања на безбедно си. Гушкам и стискам палци се да е во ред, и големиот мој батко така ме изненади во 30та ама го стопиравме, дајбоже и твоето да се смири.
Пики. Исти модели има и во лотус но други фирми се, као не биле кинески и затоа се поскапи таму. Се што сум зела од Пики до сега од опрема ми се покажало ок во однос на цени, со првото ги искористив до максимално сега и за второто се здрави за да ги користам.
Со лесно мила Ке примаш 2 пати и после тоа си безбедна 2 недели. Под надзор си не се плаши. Мене ме паничат докторите од 24та дека ќе се пораѓам еве ме 33 терам... Ти го разбирам стравот ама само смирено. Ти праќам гушки и позитивна енергија
Дали на вашите мешиња приметувате повише влакненца. Кожата ми е ептен мека и мазна,ама тие "бебешките" влакненца ко да ми потемнеле и да пораснале уште повеќе по цел стомак? Дали имате вие ? Не планирам да ги депилирам и отстранувам секако. Ама не изгледа баш убаво...дали е од хормони? Се надевам ќе исчезнат после бременоста
Мене така ми беше до средина бременост, сега на крај како што ми е истегната кожата одвај приметувам дека имам влакна, само кафената линија ми се познава.
Мешиња го осекате ли бебето кога штуца, некој ден како да нема таков нагон, а некој ден по два пати..
Да од 30та недела навака го осеќам цело време. Мислам дека ме поместува од кревет на моменти и да некогаш и по повише пати на ден. Ама ако, така вежбале дишење
Луѓе настинав и тоа баш сега на крајот затнат нос, малаксаност, тт немам пијам чаеви правам гаргара супи но не помага, и на сето тоа сум со закажан царски затоа што мора да биде царски дали некоја има искуство во некоја претходна бременост ваква настината а да брои денови за порагај
Јас имаам влакна на стомак и многу ме нервираат. Два пати ги имам до сега депилирано зошто не можам да ги гледам. Имав и пред да забременам ама сега поцрнеа и ептен се приметуваат. Мислам и јас дека е хормонски.
Меѓу нозе, без гаќи Така преферираат во државните болници, да си без гаќи. На приватно даваат мрежасти ама за на државно можеш сама да си купиш, само ќе мора да ги соблекуваш пред визита.