И мене исто така никој не ми имаше спомнато а веќе сум 40та недела и докторот пред некој ден ми кажа дека до 3,5(+) диоптер било дозволено за природно
Немам правено никаква интервенција. Обично за диоптер повисок од 3 препорачуваат царски заради можност од напонот да се одлепи ретината што може да доведе до целосно слепило. Сепак треба да се направи целосен офталмолошки преглед, да се види и ретината во каква состојба е, па потоа офталмологот да даде мислење.
Прв пат слушам за ова, и јас сум со диоптер -3 и -2.50 и цилиндар и на двете очи. Баш утре сум на контрола ќе ја прашам докторката...
Баш во друга тема пред некое време коментиравме дека гинеколозите многу често забораваат да дадат предупредување за оваа опасност.
Голема мака имав првата бременост. Пред се треба да видиш кој вид на храна ти пречи и предизвикува боли. Пример бело брашно, храна тешка за варење итн. Следно јади почесто во помали количини. Мене ми помагаше ладно млеко, кисела вода, а најмногу маслинка со семка. Се надевам ќе ти помогне нешто од ова.
@Miss_S , @idontwannabeyou Ако ви се чита: http://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/8543212 http://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/9026570 http://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC3085969/ Ако не, накратко вели дека претходна операција на ретината не е индикација за царски рез, камоли диоптер. Познавам жена со диоптер -12 што роди природно, без последици.
Да, во последно време се поделени мислењата на офталмолозите и кај нас, некои се полабави, некои не. Не познавам случаеви кај што се случило најлошото ама познавам жени кај што се зголемил диоптерот после пораѓај. Јас, од предострожност, сепак би се држела до тоа офталмологот да даде свое мислење околу ова.
А зошто очекуваш некој да те разбере. Гледај си ги својата душа и мерак. И јас почнав со фазата кога на скоро секое излегување носам по нешто за бебето дома. Имам коментари од страна демек доста е, многу купуваш. Ама ни од некого барам пари, ни одобрение и мислење. Толку време чекам дете во раце да земам и купувањето прави да се осеќам убаво и сѐ поблиску до тој момент. Па нека имам на крај и вишок алишта ако треба.
Охх кога ке пише некој за желудник се тешам дека не сум сама. Штом не ти помага Нолпаза ,да не те плашам ама едино решение е коа ке се породиш,тогаш ке помине. Верувај сите природни лекови ги пробав и не помагаат. Сега почна и Фамосанот да не ми делува . Еве гледаш , 03.21 е ,јас дежурам .....
Дежурна сум и јас, ама сега од воспалено уво. Ова моево стана историско. Се напив парацетамол, згреав ракија на крпа и ќе се потрудам да дремнам до 6ипол. Не е хумано, а таман почнав поарно да се осеќам, да спласнуваат крајници, оти вака сеа.
Не им замерувај, можеби не мислат ништо лошо, сакаат да те утешат да не се секираш и дека не е страшно ако немаш купено сè, дека ќе се купи. Верувам дека те разбираат дека не е лесно во поодминати месеци од бременост да одиш навака-натака и за утеха можеби ти кажуваат така за да не се секираш. Ова купување е само почеток. Кога ќе се родат, ќе им купуваш на секое работи, нема да постасаш од купување, брзо растат и сè нешто ќе видиш што ќе ти се допаѓа, нема да можеш да одолееш, а и ќе им треба. Желбата за купување за свое дете ќе ти се задоволи и тоа како. Ехееее назад е зимата со купување, со мерак ќе си земаш работи цело време
Kako se spravuvate so spienjeto navecer? Mnogu tesko zaspivam a taman ke zaspijam se razbudivam 36+ sum. I imam bolki vo polovinata mnogu..
Не е исто да го купиш сама првото боди за бебето што со цела душа го чекаш и да ти го купи некоја стринка пример. Знаеш како е. Дека ќе се купи, ехеее... мене ми е мака што некои работи ми ги купија не ги купив па сега јас со време сама си ги набавив, како алиштенца за од болница и слично, ама работите што недостигаа од болница директ во аптека и се купивме, ништо не остана некупено. Така да делумно си во право.
Мислам дека не беше муабетот за прво боди или за излегување од болница, не го сфатив така напишаното. Повеќе ми беше муабетот да не се секира и дека можеби не мислат ништо лошо тие што и зборувале така, можеби само сакале да помогнат, да не се стресира ако се плаши дека нема да стигне сè да купи. Се разбира дека не е исто сам да си купиш или некој друг. Ниту мајка ниту свекрва сакав да ми купува, сè сама купив и почнав порано за да не се малтретирам на крај, за секој случај ако не можам во трето тромесечие. Мислам дека првото боди го купив во прво тромесечие, не ми текнува сега кога беше, во која недела. И полека си правев списоци што ми треба, три имав направено, со најголем мерак си пишував читајќи ги темите во подфорум Бебе. Ситници изнакупени, само крупни работи како количка, креветче ми останаа на крај. Сосема разбирам што значи долго да посакуваш да купуваш за свое дете, со каков мерак се купува за свое. И тоа трае, и трае... И сега сама си земам за детево, исто ми е ќејф како и кога купував прво боди, прва играчка, второ боди, втора играчка... Излегувам и со возбуда одбирам иако има две и пол години, па му презентирам на мм што сум купила, си ги редам со ќејф неговите. Тоа задоволство секогаш е тука и сакав на членката да и' кажам да не се секира ако не успее сè да изнакупи пред да се родат, секогаш ќе купува како првпат да купува.
Не и замерувам секако, тоа најблиските од дома ми го викаат. Ама здравје наредна недела ќе се потрудам барем до неколку продавници да отидам. Јас сама сум си крива, цело време рано е рано, до скоро супер функционирав, не сум поправена и се движев без потешкотии. Ама сега стомакот почнува да ми тежи и кај и да е од болки во половина нема да можам да мрдам. А и ептен си во право, здравје само, нема да се сопрам од купување, познавајќи се
Јас убаво те разбрав и знам дека е така, секако и тие што би купувале, маж и сестра, без мене на камера нема да земат ништо, општо тешко ми се погодува, а не па сега. Само на преглед да не ми забранат движење ќе се потрудам јас