Јас сега бев на цтг,др ме виде и на ехо,плодова вода има 40+3 сум денеска,докторот ништо не ми спомнува пр ако не ме фатат болки до тогаш и тогаш дека ќе треба со провокација..до која недела најмногу можам да седам вака ако не ме фатат болки?
И јас си гледам цело време а не купувам ништо страв ми е иако фала богу до сега се е во ред. И јас како што пиша некој погоре само ќе кажувам што да ми купат кога ќе се породам. Пусти страв не ми дозволува да се опуштам а сакам ја со свои раце да си купам да си исперам да си ги спремам.
Абе купувајте си , уживајте во бременоста. Страв е нормално да има секој, кој повеќе кој помалце. Поубаво од тоа да се спремаш сам за бебла сигурно нема. Дај боже побрзо да останам бремена , одма после срцева реакција ќе почнам. Мислам ние како нација сме така малце со наметнати ставови не само за ова , туку и за откако ќе се роди бебето. Мене свеки ме труе уште сега дека не се купувало ништо додека не се роди бебе. Викам па кој ќе купува за мое дете? Па ете маж, ние, твоите. Абе важиии. Ова и викам да не ти текнало да си ми префрлела кога ќе бидам бремена зашто нема на арно да истераме. Уживајте во секој момент, зашто ваше дете раѓате.
Мајче се ќе биде во ред Јас со спинална бев со првото, океј е, немој за тоа да се плашиш, на трет ден ко нова ќе си, ништо страшно не е царскиот
Иста сум. 17та недела ја терам, си подгледнувам работи, имаме план и за спалната да ја потсредиме, со нов плакар и да се преуреди за бебе здравје, ама се е на муабет само. Од претходно искуство од лани не можам да се опуштам и реков здравје после нова година може нешто да се почне. До тогаш ништо не правам. Со термин сум во март, а и тешко до крај дека ќе истерам ама не сакам порано да зимам ништо ...
Poveke bi rekla deka se sueverija otkolku stavovi, zasto ne se izdrzani. Samo Gospod da ne cuva do kraj site, da si rodime zivi i zdravi bebinja, za babini devetini nie ko nacija sme br. 1
Јас бев во план од после нова година да купувам, ама ништо од планот. Двете баби веќе имаат купено голем број на работи. Нешто ситно јас и сопругот. Свекрвата веќе е план и работите кај неа да ги исперела и испеглала, на 3,5 месеци пред термин. Бидејќи решив дека нема да се нервирам за такви работи колку и да ми смета ги оставам да купуваат/прават што сакаат. Ако треба кога ќе ги добијам алиштата што ги купила свекрвата при крај на бременоста ќе си ги исперам пак. Тоа што не ми се допаѓа, а е веќе купено ќе го искористиме за низ дома и спиење и решен проблем. Секако првите работи неколку недели ќе се носат.
И да не се нервираш, зашто кај сите е исто. Исто и јас одлучив исто да не се нервирам. Нека прават како сакаат, нека кажуваат што сакаат, јас си реков ова е мое дете и здравје Боже кога ќе се роди ќе си правам како што јас сакам па кој колку сака нека се лути.
Со лесно мајка. Штом сте примиле инекции за зреење добро е. Спиналната јас и да немав никаква нуспојава, освен што ми беше многу ладно и ми се тресеа рацете и вилицата од ладно. Нит главоболка ни ништо. Само многу течности да внесуваш после кога ќе ти дозволат за побрзо да ја исфрлиш.
Имаш право за се али кога имаш лошо искуство колку и да сакаш неможеш да се опуштиш. Ти посакувам што поскоро две цртички.
Јас сум 20 недела ама од претходната бременост која ми беше уредна без проблеми а ми пукна воденјак во 28 недела и бебе ми почина за неколку недели сега сакам само да го износам до крај и да ми се роди здраво и живо па кој сака нека ми купува алиштенца... или одпосле ќе си купам... многу ми беше тешко алишта имав бебе немав...
Тоа дали ќе си купуваме или не е наш избор, и нема правила, така да кој како се осеќа така нека прави. Тука не има со различни искуства, за внука ми купував, за бато купував и еве сега и за ова, купувам одвреме навреме понешто. Здравје следниот месец ќе ги земам основните работи за мене и бебе зошто минатиот пат морав да акам по аптеки од одма, на пат накај дома уште, па маж отиде сам тој пусти накупил глупости еден куп што не ни требаат, да се чудиш што да им правиш. Така да списокот еве го при крај е, да земам плата и секој ден по нешто на пауза ќе си искачам ќе си купувам. Алишта не купувам пошто имам, ама морам нешто како дебела шпихозна, скафандерче, такво нешто да купам зошто Бејби ќе се роди среде зима, и толку, друго не зимам. Едно што е греота на толку алишта, друго ќе морам да купувам количка и тоа ми е непланиран трошок па ќе пренасочам таму пари. Ама овие потрошни материјали мора да се купат, дали сега или после исто е.
Мајка јас и ти сме исто, денес 40 + 3. Утре се договоривме да почниме со провокации, па ако не бидува царски.. Бев многу за природно и наместено е и се , ама не сум ни отворена ни е спуштено целосно и тоа е тоа. Ме фаќаат многу паники, па пуштајте среќа..
Јас храна во уво не ти пикам па до таму да е. Имам оперирано уво како мала и свашта се изнагледав тие 2 недели во болница, секакви лекови во уво пикнати од баби останато, па не би ризикувала. Башка сум со низок притисок и ко што спијам цело време само уште лук да гризам ми фали, а и работам со луѓе, нема смисла да им мирисам на лук таму. Имам една колешка е прилично љубител на лук, ако ти се верува не се стои до неа од што мириса, бегаат сите, не можам да си дозволам така. Си сакам лукче, во пиперки, во маало, во се, ама само пред викенд за да не бидам за смеење на работа.