Мислев да се стопи, сокот од лукот помага, имаше некој рецепт не ми текнува. А не да се пика парчиња во уво, тоа никако. А за грло помага, е сега шо ти е поважно, да ти оздрави грло или колегите Ама стварно помага
Извинете вака што улетувам, ама тоа со купувањето мислам дека ич не треба да не допира шо викаат бабите. На кој како му е џебот и меракот. Некој сака секој месец да намалува од список по малку пошо нема толку кеш одеднаш, некоја лежи и се плаши, па ќе купува фамилија, некој сака да заштеди и да купо повеќе работи сега, затоа што цениве полудуваат од недела во недела. И сето тоа е во ред. Нема што суеверија и бабини деветини, како прават џендер ривиал уште во 10, 12 недела, јавно со галами, па сеа јас ќе се потресувам дали да ги купам оние 5 шпикозни шо ми се слатки. Ќе ги купам, барем лично и приватно ќе уживам во моментот. И ќе бидеме сите добро, сите до една.
Абе забегани суеверија со црни сценарија. Ненормални. Мислам детето во пелена повиено да го вадам од болница ли? Па да ми купат некои работи што не ми се свиѓаат? Па терсене сум си јас, тоа барем мислам дека сфатиле до сега , дека сум цепидлака голема. Мислам тоа е период каде секоја жена која чека принова и е најубав. Сите мисли и се пренасочени таму. Од купување, до перење,средување, едукации дали по интернет или некои книги небитно… И да слушам доста е, доста е…божее она се дрзна да ми каже ете си купила за мекици или повојница, не треба да носиш ништо на следен повод. Алооо работам, мои пари , како сакам ќе трошам. Нит барам, нит сум негде дужна ( освен кредитот де) …
Искрено, не можам да верувам дека уште се оптеретувате со свекрви, мајки, баби..Кој што купил, имам пари, немам пари, терсене сум..не сум. Олабавете се и терајте си како сметате дека е најдобро за вас. Патем, многу жени тешко дошле до бременост и разбирливо е дека е тешко да се опуштат да почнат со купување за бебе.. и тоа не е суеверие или банини деветини..
Jas na desnata pokje spijam i taa strana pokje me boli i na grb koga mozam spijam a na levata nemozam mn oti moeto bebuska najmnogu tamu kloca i nekjam da go pritiskam. Ke izdrzime za niv uste malku se blizat nedelite
Пак јас со истото, стомакот почна многу често да ми се испакнува, да се прават топки на сите страни. Покажав на мм, почна да ме паничи, дали било нормално, да се јавам на доктор или да не се глупирам. Значи се прави така топка, некое време стои и после ме пушта, не ме боли, само нели осеќам дека се повлекува на едната страна. Ми се правеше многу поретко, сега почна ептен често, дали ептен тесно и станува, стварно не знам што да мислам...
Дали ви се случило да ве боли кај крајот на градната коска и почеток на ребрени лаци? Мене почна пред некој ден да ме наболува, денес бев поактивна, сега седнувам, и ме боли. Значи после замор ме боли повеќе. И друго бебево денес како е разбуричкано долу. Буричка ли буричка, дали е на бешика или каде незнам ама кога ќе мавне ми иде долу на отвор чувство како за мокрење. Ви се случуло, нормално е?
Јас немам киселини, туку болка. Остра ко нож да ме сече, ужасно е. Гладна сум а страв ми е да јадам, жедна сум а не можам ништо да се напијам,и од голтка вода боли. Знам од што ми е, од лимон и ѓумбир што пиев, ептен сум го надразнила.
И јас моето бебе го изгубив во доцна бременост, 33та недела, знаете повеќето. Решив да не дозволувам тоа да ми биде кочница во оваа бременост. Се е до главата верувајте. Далеку од тоа дека немам стравови и дека сум мирна. Ама тоа што нема да купувам нема да го смени текот на работите. Ќе биде така како што некој таму горе одредил и тоа е. На почеток од оваа бременост и јас ја имав таа стега. Толку измешани емоции не знаев дека може да се соберат во една душа. Среќна за новата бременост, во исто време и исплашена, тажна за претходната и за изгубеното бебе, чувство на вина што го 'заменувам' со друго бебе. Ама си застанав пред огледало и си реков престани! Заслужуваш да бидеш среќна и да го живееш моментот. Ова бебе што сега расте во мене заслужува да му се радувам подеднакво како на брат му што го чува од горе. Заслужува да планирам, да купувам и да замислувам како ќе биде кога ќе се роди. Се плашам, верувајте дека многу се плашам. Ама решив да го живеам моментот, решив да бидам среќна и да му се препуштам на благословот одново да расте живот во мене. До сите мајки што делиме иста судбина.. Пробајте да пуштите душа, совршено добро разбирам како ви е. Ама не се стегајте, нема да се повтори истото верувајте. Дојде и нашето време да бидеме среќни!
Дај боже мила ама претходниот неуспех некако ми е како сопка како кочница ама верба во бог и мајка богородица се ќе биде како што треба....
Мале ангелче ме насмеа ставај си тобрекс капки и ќе ти помине увото... а за лук па после него можеш магданос да иџвакаш и нема да мирисаш на лук па на крај краева нема секој ден да мирисаш на лук тоа ти е оправдано ќе ѓи предупредиш колегите.❤
Лажни контракции ли се или бебе со газ се испапчува аууу језиво малце и незгодно. Ми се зема воздух. Прееска имав ептен незгодна болка ко да ме исече нешто долу. Утре ке испитувам крвна слика и ке идам на лекар за желудник а во меѓувреме ке гледам ако може на ехо сакам да видам дали се свртила надолу @AngelOfArh да,дежурни сме јас и ти стално. Кој што праи ние ококорени. Туку @Jana06 ја нема долго време, баш ја мислам....
царски бев и јас со првата ама баш погоре и потенцирав дека не носев обични гаќи во болница туку специјални што се со таква намена тука дал ги има незз а дома се знам дека имам уште неколку пакувања и не стегаат не прават проблем а јас па така да ди ја стискам улошката нема теорија а после дома уште долго носев само од тие трудничките гаки баш ради раната
Леле како ми е нелагодно долу, како нон стоп да ми се мокри, и како наеднаш да ќе мочнам од време на време. Вчера убаво на средина си беше, погоре. Дај Боже да си во право, мене одма ми е страв да не се симнало многу долу.
И кај мене се јавуваат такви топки, обично под папок и како стврднато место и се пушта после неколку секунди. На почетокот поретко, сега веќе во 31 почесто и дури преку ноќ додека спијам.Некои викаат лажни контракции, некои дека бебето се мести, не знам точно што е, не сум прашала доктор. Колку магнезиум пиеш? Можеби треба да зголемиш доза и да прашаш доктор дали се лажни контракции.
Јас имам таква на целиот појас под градите. Имам тесен граден кош и во претходната и во оваа бременост тоа ми е слаба точка и најголема болка осеќам. Како труло ми е местото. Како да ме претепал некој. Тоа е од што сите органи ни се креваат нагоре. Евентуално да прашаш да не треба да внесуваш калциум, ако веќе не го правиш тоа. Ај добар ден. Потежок ден од денешниов на работа не сум имала. Сред лето не ми беше волку тешко колку денес. Ужас топло, централното прешалтано на греење, прозори не се отвораат целосно, воздух не пирка. Незнам што да облечам веќе. Наутро ладно, на пладне прежешко. Дури и бебе беше вознемирено колку ми беше тешко, па како цело време салта да правеше. Со првото дете почнав да купувам после втор скрининг. Количка и алишта, па се останато иако алишта само од мерак зошто имав еден тон од внуците. Сега големите работи ги имам 3 колички, креветче монтажно креветче, наткасна. Само кадичката мислам ја фрливме и ќе треба да се купи и онакво за преслекување подлога. Ама јас пак еден куп алиштенца од мерак изнакупив, а уште не сум извадила да видам што имаме од баткото. Инаку стравот секогаш ќе постои. Кај некои повеќе, кај некои помалку. Мм неколку години не можев да го убедам за второ после операцијата на мали. Јас и покрај се пак сакав второ многу брзо. Сплет на околности и еве не го чекаме второто 5 години подоцна. И да потајно и кај мене стравот постои и секоја контрола препрашуваме дали е се во ред со срцето, ама се научив да го надминувам стравот и да уживам зошто нема поголем благодет од гушкање бебе.
Мене пред некоја вечер така ми беше, на секои 2-5мин станував и одев во вц а во меѓу време не пиев вода и од каде искачаше таа мокрача јас не знам хаха. После еден саат трчање до вц се заинатив реков ќе седам таму, па не можам више. Ама она е поголем инат од мене и прекина, џабе седев и чекавМаж ми се утепа од смеење и вика уште од сега те команда. Еве овие два дена воопшто не ме чепнала доле, да не се урочам