А овие како менструални грчеви што се, нели се лажни контракции? Опасни се? Стврднување немам почувствувано уште.
Менструалните мислам ги осеќаш од самото ширење на матката. Лажните контракции се секогаш со стврднување колку што знам јас. Мене докторката ми објасни дека благи болки и лажни контракции се нормални и безопасни. Опасни се јаки, неиздржливи болки и болни контракции на точен временски интервал.
Се избањав, се исфенирав и опнав ракијата на уво. Белки до утре ќе изветрее. Си ставив памукче поголемко да не ми иде ладно и се напив парацетамол. Ме држи доста долго, дека не пијам ништо освен чаеви и витамини, не проаѓа лесно. Матичната вика порано трчаше за антибиотик, сега ти фуфка, не сакаш. Бегај каков антибиотик, мене од капки декса за уво каква кандида ми се има направено, страшна. Не фала. Ќе помине, ако осетам дека не проаѓа ќе одам секако, па што да е ќе се издржи. Синко сеуште е карлично, го осеќам со тие стапалцата како скока. Оде пост недопишан, ајде чим е така да легнувам, очигледно ми се спие. Добра ноќ!
Опасни се ако се проследени со болка и ако се на точен временски интервал, во спротивно ако се само непријатни, безболни и повремени (не на точен временски интервал) тогаш се лажни контракции т.е Бракстон хикс и сосема се безопасни и нормални.[/QUOTE] Не сум имала никакви болки до сега. Прашањето ми беше што е опасно и докторот тоа ми го кажа и ми кажа ако имам поголем воден исцедок се друго е нормално.
Не и реков на членката дека не треба да се следи, ама штом вика дека е малку и нема болки, не мора тука да и викаме лелее, не, не чини, трчај на доктор. Муабетот ми беше и во ситуации со многу опасни отоци, докториве викаат мери притисок, не јади сол и држи ги високо. Во секој случај, сигурно ќе консултира доктор, ама не е ништо толку итно и страшно како што и имаа одговорено.
Никој не и рече да трча уште вечерва, туку и рекоа да испита д димери, а јас само додадов дека треба и хемостаза да испита бидејќи д димерите без хемостаза ништо не значат. Освен тоа, при отоци сега сè почесто докторите советуваат контрола на д димери и хемостаза за да го исклучат тој ризик.
@Misskirova па кај си ти да се појавиш? Доцнам цел еден час. Пазете сеа, едното уво помина, сега боли другото... аман, аман... на колку часа смеам Парацетамол? Е нејќев утре на лук да смрдам ама затоа на ракијка ќе си смрткам. Имам утре една обврска во другата канцеларија па од таму правец матичен. Јадно бебе што претрга со мене овие недела дена. Олабавија кашлицата и крајниците, ама затоа ушите...си викам ваљда тука е крајот. Овие послеполноќни екскурзии бар ги користам добро, во потрага сум по количка. Ич не ми се даваат пари со оглед на тоа што таа дома е здрава, права, функционална, ама со искинати гуми на тркалата. Како да фрлам во канта толку пари. Од Фри он ми нудат попуст, и што дека ќе ми понудат попуст, 10% дали ќе ми дадат а нивните колички моментално изгор скапи. Му викам на маж да изгураме зимава ако можеме некако со оваа, да и доцедиме маста, па да бараме на пролет летна некоја и да видиме како ќе биде. Најверојатно таква комбинација ќе правиме. А у меџувремену, го направив списокот за во болница, да го споредам со некои апгрејтувани верзии и да почнам полека да се спремам. Маж се смее на списокот, ставив некои работи кои со синко на крај памет не ми беа, ама сега ќе се спремам подобро, тогаш немав време, во 7ми не ни мислев дека за 1м ќе родам. Оно не мислам и сега, ама поарно да се спремам отколку да бидам пак изненадена. Спијте вие мешиња, ќе ве чувам јас!
Пишувам тука зошто е поактивна тема. Ништо не бива од мојот заб, завршив на дежурен од ненормална болка. Таму ми кажаа дека се џабе лековите, длабински е расипан и е за вадење. Кажав дека ми е страв од анестезија и антибиоик, вика полошо за бебето е болката што ја трпиш. @Annath ќе те тагнам, знам дека си стоматолог. Во ред ли е да вадам заб со анестезија 16+ сум? Сигурно и антибиотик ќе ми дадат. Сакав да издржам ама не бива, како мало дете плачам од болка цела вечер.
Јас го користам на Еуцерин, го користам скоро цела бременост, за некој ден влегувам во 9ти месец и многу сум задоволна засега.
Мене ме заболе заб во 13та недела. Гинекологот рече може да го правиш и со анестезија после 12та недела, кога го прашав дали смеам да поправам заб. Тоа е локален анестетик рече, нема опасност. Ама заболекарот не ми стави, а и не ме болеше, можеше слободно да работи.
Умник е, не можеше без анестезија. Завршив работа веќе, ми го извадија. За болка ако имам парацетамол, антибиотик не ми даде. Брзо и лесно беше, се надевам кога ќе помине дејството на анестезијата нема да боли многу.