Честитки храбра мама. Господ да ви ја чува и благослови Петра. На убав ден се роди, верувам дека се ќе биде во ред!
Мешиња јас само да ви кажам дека сум во родилна сала,од сабајле од 8ч , со две провокации, слабо оди отварањето , па ќе видиме што ќе биди ќе ве известам ❤️Држете среќа
Бев купив го направив,и аптекарката ми рече ништо освен парацетамол не смееме трудници,освен ако доктор не каже поинаку. И земав витамин Ц и парацетамол само. Пијам премама во нив ги има сите витамини ама ако плус вит Ц не е на одмет. Тестов негативен е,домашен правев ама мојте имаат со нив бев во контакт изгледа е рано да покаже тестот,или па нешто друго сум закачила. И пишав на докторката моја уште не ми одговара. За температурата ако отиде над 38 да се напијам парацетамол под тоа не? Зошто мене 37,6-7,ми е.
Јас имам ковид моментално, веќе седми ден, и не помиувам лесно ко повеќето, за жал. Ако си позитивна, крвна слика и слушни се или види се со матичен. Мене ме фати во петокот, не можев на доктор дека продолжен викенд, три дена висока температура, пиев парацетамол, и убиствени болки во мускули и коски, сама од кревет не можев до вц, се маж ми ме носеше. Појачав магнезиум ама не помогна, еве уште болат. После тоа почна ужасна кашлица, главоболка без престан и кивање и нос. Тоа уште трае, не осеќам никаков вкус, па ни мирис. Крвната слика ми ја измести за три дена, високо црп, анемија, замастен црн дроб, сите параметри се хаос, ама матичниот не ми даде антибиотик дека бремена, кажа демек ќе се средело за десетина дена, тогаш да направам уште една крвна слика и ддимери да испитам. Ми даде само сируп Алпенкрафт за кашлицата, ама пак многу боли стомак кога кашлам, мислам искинав и лигаменти и се. Се надевам дека ќе поминеш со полесни симптоми, ама сепак консултирај си ги докторите бидејќи уште си во рана бременост.Јас сум 22+ и викаат дека е безбедно за бебињата, ќе немаат гајле, ама никогаш не се знае.
Оф леле многу ми е жал што вака поминуваш. Од ова се плашам најмногу. Да не ми се деси и на мене. Им пишав на докториве ама уште никој не ми одговара. Јас температура 37,6-7 имам за сега,све ме боли а најмногу кичмата,и ме тера на кашлање како песок во грлото имам ама суво кашлање некако незнам. Пијам витамини течности јадам со сила пошто немам апетит. Па ке видиме како ке биде. Побрзо нека поминува.
@АнаМаријаД јас за таа тт не пијам парацетамол. Секако зависи и од целокупната состојба на организмот, дали имаш болки, но превентивно или за тт со 37напред не сум пиела. Кај мене 3-4 тестови дома и во центрите за брзо тестирање беа негативни. Ама кога завршив на итна до мозок мислам ми брцнаа и таму дури покажа позитивно.
Ако имаш големи болки, а да немаш температура можеш да се напиеш парацетамол. Пиј течности максимално многу, буквално поливај се. Витамин Ц и Д редовно да пиеш (само слушни се сп доктор за дозата). Појачај покалорична исхрана и многу одмор. Ќе мине со лесно, ќе видиш, немој да се секираш
За таа температура не пиј ништо, ако отиде над 38 почни со пола парацетамол па ќе видиш дали ќе паѓа, или ќе ти треба појака доза. Инаку тестот и мене дента ми беше скроз негативен, ама знаев дека е тоа и ноќта направив уште еден и испадна жар позитивен. За сувата кашлица пробај млака вода, мед и лимон, малку ќе се смири. И не се оставај без течности, хидрирај се сосила, па после и сам организмот ќе ти бара. Ќе помине, ама многу е мачно и досадно.
Жива и здрава нека е лепотицата, ќе се избори мајка, малите се секогаш пожилави и борбени Сите ќе си ја гушкате по ред!
Ке направам и јас за некој ден уште еден и ке видиме дали ке покаже,и ја ова убаво си го брцнав стапчето ама ете изгледа рано е што знам.
Јас прележав баш истиот период како тебе околу 14 недела. 2 дена блага температура и страшни болки. Температурата не одеше високо (до 38 обично), ама болката беше неподнослива и морав да пијам парацетамол. Плус магнезиум, ц, д многу течности. Кај мене за среќа на толку остана. После вториот ден веќе се беше подобро. Носто после тоа знаеше како да ми се подзатне, ама брзо пушташе. За грлото ако можеш чист цеден лимон со мед, мене ова најмногу ми помагало, а и кога имав корона најмногу ми примаше и за освежување. Веќе не е ни битно дали е корона или не, подобро направи кс за да видиш како се движат параметрите да не треба да се интервенира со дополнителна терпија инаку корона или не, тоа е терапијата согласно симптоматологија. Инаку на тест мене одма ми покажа, а и на мм, ама ние брцкавме прво грло, па длабоко нос и тест линијата одма се обои кај двајцата, дури и пред контролната. Честитки. Верувам Петра е голем борец и се ќе биде во ред
Најбитно да не паничиш, консултирај матичен за инструкции и ако почнеш да имаш појака кашлица или други симптоми обавезно да те слушне доктор. Се надевам лесно ќе поминеш.